Марјан Пеев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Oct 2021 19:34:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марјан Пеев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пеев : Ќе ја уредиме градската депонија и ќе ги исчистиме дивите депонии, Богданци ќе добие нови зелени површини https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/peev-kje-ja-uredime-gradskata-deponija-i-kje-gi-ischistime-divite-deponii-bogdanci-kje-dobie-novi-zeleni-povrshini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/peev-kje-ja-uredime-gradskata-deponija-i-kje-gi-ischistime-divite-deponii-bogdanci-kje-dobie-novi-zeleni-povrshini/#respond Thu, 07 Oct 2021 19:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=575050

Програмата е фокусирана пред сè на поддршка на политиките за: урбанизација, развој на локалната економија, подобрување на локална инфраструктура во повеќе области, намалување на социјалната исклученост, младинска вклученост, заштита на животната средина, искористување на компаративните предности на општината и промовирање на одржливиот локален развој, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Богданци, Марјан Пеев на вечерашниот митинг. Тој посочи дека се опфатени околу 100 проекти во сите битни сектори и тоа: Во областа на ЛЕР предвидуваме инфраструктура во индустриски зони (Барта и Горни Чаир), нов мост на река Луда Мара на потегот Богданци-Индустриска зона Барта - Стојаково, мерки и проекти за Енергетска ефикасност во јавни објекти, битни стратешки документи и мерки за дигитализација на услуги кон граѓаните, истакна Пеев. Тој кажа дека проекти од областа на Урбанизмот се: урбанистички планови за Богданци и урбанистички планови за села, замена на улично осветлување, воведување на режим на сообраќај со двонасочни улици на цела територија на Богданци со отворање на дополнителни паркинг места. Најважни проекти во функција на заштита на животната средина во следниот четиригодишен период, ќе бидат: Уредувањето на градска депонија во Богданци, Уредувањето на дива депонија во Стојаково, Зелено Богданци со засадување на 10.000 нови садници дрва, потенцираше Пеев. Тој додаде дека во делот за комунални работи има предвидено: Замена на азбестните цевки во мрежата за водоснабдување во Богданци која ќе се одвива постепено и во фази, Реконструкција и доизградба на канализациони мрежи во населените места во општина Богданци, Реконструкција на дел од колекторски систем за отпадни води во општина Богданци. Во транспорт и патна инфраструктура планирано е во соработка со повисоко ниво на власт да ја завршиме Реконструкцијата и проширување на регионален пат R - 1109 делница Богданци-Гевгелија, реконструкција на локален пат врска Р1109 со Ѓавато (во две фази), реконструкција на локални улици, улички и сокаци во сите населени места, истакна Пеев. Во образованието ќе понудиме: Унапредување на основни инфраструктурни и техничко-технолошки капацитети на основните и средното училиште од Богданци како и реконструкциски зафати во дел од објектите. Главни цели на социјалната заштита и превенција ќе ни бидат: Изработка на Локален план за социјална заштита, реконструкција на кров на детската градинка во Стојаково, рече Пеев. Тој исто така додаде дека во земјоделието од покрупните капитални проекти ги издвојува: Проектирање и изградба на нов полски мост на река Луда Мара (кај поранешна плинара), Санација на полски патишта, дореализацијата на фаза II од проектот наводнување на јужно вардарска долина. Останати значајни проекти за споменување се: Обнова и изградба на детски и спортски игралишта во Стојаково, Ѓавото и Селемли, изградба на патна инфраструктура во туристичка зона Паљурци, реконструкција на пешачка и велосипетска патека Богданци. Чести јавори II фаза, реконструкциски зафати и опремување во домовите на култура, кажа Пеев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/peev-kje-ja-uredime-gradskata-deponija-i-kje-gi-ischistime-divite-deponii-bogdanci-kje-dobie-novi-zeleni-povrshini/feed/ 0
Интервју со кандидатот за градоначалник на општина Богданци, Марјан Пеев: Граѓаните ќе ми бидат партнер во мојот четиригодишен мандат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-kandidatot-za-gradonachalnik-na-opshtina-bogdanci-marjan-peev-gragjanite-kje-mi-bidat-partner-vo-mojot-chetirigodishen-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-kandidatot-za-gradonachalnik-na-opshtina-bogdanci-marjan-peev-gragjanite-kje-mi-bidat-partner-vo-mojot-chetirigodishen-mandat/#respond Mon, 06 Sep 2021 09:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=559959

КУРИР: Зошто кандидат за градоначалник, што ве поттикна да станете прв човек на Богданци? Со општина Богданци раководеа градоначалници со различни видови и профили на образование и квалификација, некои доаѓаа од приватиот сектор, некои од јавниот, некои беа поврзани со невладиниот сектор имавме вршител на должност од граѓанскиот сектор и сите на свој начин го дадоа својот допринос за развојот на нашата општина. Сметам дека се создадени услови со општина Богданци да упавува лице на кое добро му е познато функционирањето на локалната самоуправа и нејзините органи од самата основа. Имам искуство во област администрирање на даноци и такси и локален економски развој ја познавам основата на потребите и проблемите со кои се соочуваат: граѓанскиот, невладиниот, приватниот сектор. Добро ги познавам и приликите во секторски поврзаните институции од јавниот сектор во нашата општина. Како претседател на синдикална организација при општина Богданци, а пред се како вработен сум запознаен и со човечките ресурси со кои располага институцијата и институциите основани од општина Богданци, нивната економско социјална положба, условите за работа и сум сигурен дека ќе ги мотивирам да го дадат својот максимален допринос. Добро го познавам и финансиско сметковотсво, финансиски менаџмент, анализа на финансиски извештаи во овие области имам посетувано приватни обуки. Сметам дека младоста, енергијата, компетенциите и систематското размислување се моја најголема предност. КУРИР: Каква е состојбата во општината, со кои проблеми се соочуваат граѓаните? Општината располага со низа компаративни предности: огромни количини на подземни води со висок квалитет, плодна производна почва, голем број сончеви денови и константен ветар кои можат да се користат за обновливи извори на енергија, но сепак целите на економскиот раст не се остварени. Неповолните демографски движења се сериозна закана за локалниот развој во иднина. Кај природните богатва како ресурс за осварување на развојни цели најчесто личниот интерес на поединци и групи наспроти локалниот и државниот интерес преовладува при давање на одредени права и поволности за користење. Општествениот капитал како ресурс е девастиран и потрошен низ приватизација. Недомаќинското, партизирано раководење и нераздвојување на партијата од државата во поголемиот дел на јавните институци на локално ниво е исто така проблем (од партиски вработувања до конструирање на буџети со цел остварување на предизборни капањи, користење на јавни ресурси во приватни и партиски цели...). Затоа сега имаме ситуација во која нема инвестиции и креирање на нови работни места, невработеноста расте, бројот на осигуреници опаѓа а работоспособното население мигрира кон град и во странство. КУРИР: Оттука кои се клучни проекти кои треба да се спроведат во Богданци? Фокусот ќе ми биде ставен на стратешки обмислен економски развој, главните теми ќе ми бидат урбанизацијата (каде урбанистичките планови за Богданци и урбанистиски планови за села мора да се реализираат), обезбедување на услови за постоечките и влез на нови инвестиции (преку зголемување на квалитетот на услугата од општинската администрација, доизградба на инфраструктура во индустриски зони и туристичка зона), потоа привлекување на инвеститори со производни и преработувачки капацитети, подобрување на локална инфраструктура во сите области (од локални улици и патишта, секторска замена на азбестните цевки во мрежата за водоснабдување, реконструкција и доизградба на канализациони мрежи, енергетска ефикасност во јавни објекти, инвестициски зафати во сите културни домови, детски и мултинаменски игралишта...) и на крај искористување на компаративните предности (со акцент на обновливите извори на енергија). При спроведување на клучните проекти ќе овозможам користење на механизмите за вклучување на јавноста во креирање на политики и носење на одлуки на локално ниво. Во соработка со повисоко ниво на власт ќе ја завршиме и долго најавуваната инвестиција -реконструкција и проширување на регионален пат Богданци-Гевгелија. Планирам да бидат обновени и донесени низа стратешки документи битни за програмирање на развојот на општината. Нема да бидат заборавени ниту младите, пензионерите и ранливите категории за нив се ќе направиме да имаат подобри услови и поквалитетен живот. КУРИР: Од кои начела ќе се водите во работата? Редно време е да се тргне од основните вредности, начела и принципи: праведност, правичност, солидарност, хуманизам и социјална правда наспроти криминал и корупција за било каков напредок. Ќе се залагам за вистински вредности и реални политики наспроти популизам манипулација и медиумска пропаганда. Ќе се борам за општина на рамноправни луге ослободени од секаков вид на омраза, опкружување подготвено за натпревар согласно правила и критериуми кои важат за сите подеднакво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-so-kandidatot-za-gradonachalnik-na-opshtina-bogdanci-marjan-peev-gragjanite-kje-mi-bidat-partner-vo-mojot-chetirigodishen-mandat/feed/ 0