Марјан Шарец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jan 2020 10:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марјан Шарец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерот на Словенија најави оставка и побара вонредни избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-slovenija-najavi-ostavka-i-pobara-vonredni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-slovenija-najavi-ostavka-i-pobara-vonredni-izbori/#respond Mon, 27 Jan 2020 10:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=295104

Премиерот на Словенија, Марјан Шарец најави дека денеска ќе поднесе оставка од функцијата. Шарец истакна дека со малцинската коалиција не може да постигне се тоа што планира да го направи и побара вонредни избори. – Со ваква коалиција и со ваква ситуација во Парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност да го направам тоа по изборите, истакна Шарец на прес-конференција. Тој додаде дека неговата малцинска Влада не може да ги усвои важните закони. Претходно, словенечкиот министер за финансии Андреј Бертонцељ поднесе оставка. Според словенечката новинска агенција СТА, најверојатно причина за оставката е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-slovenija-najavi-ostavka-i-pobara-vonredni-izbori/feed/ 0
Шарец: Договорот за миграција е необврзувачки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sharec-dogovorot-za-migracija-e-neobvrzuvachki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sharec-dogovorot-za-migracija-e-neobvrzuvachki/#respond Tue, 06 Nov 2018 07:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=123959

Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави дека нема намера да одговори на поканата да учествува на конференцијата следниот месец во Маракеш, на која треба да биде потврдена така наречената „Маракешка декларација за миграција“, наведувајќи дека тоа е необврзувачки документ. – Глобалниот договор за безбедна, регулирана и правна миграција, наречен „Маракешка декларација“, е необврзувачки документ и така треба да се гледа на него, изјави Шарец. Тој додаде дека околу овој документ „без потреба креваат бука“ и дека нема намера во декември да оди во Маракеш. Шарец истакна дека Владата го препуштила разгледувањето на декларацијата на Министерството за надворешни работи, кое сега го води поранешниот премиер Миро Церар. Ниту хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ нема да оди во Маракеш. На инсистирање на новинарите за промена на ставот околу Маракешкиот договор, таа за одговор ги упати на Министерството за надворешни работи и европски прашања. – Ресорно министерство е Министерството за надворешни работи и европски прашања, тоа е координатор на преговорите и не ја одработи својата задача. Наместо да ја објавуваат мојата кореспонденција, тие имаа обврска да ги информираат граѓаните за што станува збор, што се потпишува или што не се потпишува во Маракеш, изјави Грабар-Китаровиќ, додавајќи дека Министерството е информирано дека таа нема да оди во Маракеш. Повлекување од овој Договор најави Австрија, следејќи го примерот на САД и на Унгарија. Владата во Виена на конзервативната Народна партија на канцеларот Себастијан Курц и екстремно десничарската Партија на слободата на вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе  соопшти дека Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за миграција, поради суштински несогласувања. Виена смета дека Договорот на ОН за миграција е несоодветен за регулирање на мигрантските прашања и стравува од губење на суверенитетот во мигрантската политика и „бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалната миграција. Германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) ја повика Владата на Германија да го следи примерот на Австрија и да се повлече од глобалниот Договор на ОН за безбедна и легална миграција. За повлекување размислуваат и Полска и Чешка. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sharec-dogovorot-za-migracija-e-neobvrzuvachki/feed/ 0
Марјан Шарец предложен за нов словенечки премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marjan-sharec-predlozen-za-nov-slovenechki-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marjan-sharec-predlozen-za-nov-slovenechki-premier/#respond Wed, 08 Aug 2018 13:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=85843

Пет словенечки партии денеска постигнаа договор за формирање коалициска влада на левиот центар и го предложија Марјан Шарец за нов премиер на Словенија. Шарец се најде во позиција да стане словенечки премиер, откако конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, која победи на парламентарните избори на 3 јуни, не успеа да најде коалициски партнери за обезбедување мнозинство во Парламентот. Петте партии што ќе ја формираат идната владата - Листата на Марјан Шарец (ЛМШ), Социјалните демократи (СД), Партијата на модерниот центар (СМЦ) на актуелниот премиер Миро Церар, Партијата на Аленка Братушек (САБ) и Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДЕСУС), заедно имаат 43 места во Државниот збор или три помалку од неопходните 46 за парламентарно мнозинство. Неопходните гласови за избор на малцинската влада на Шарец, петте партии сепак ќе ги обезбедат со поддршка на деветмината пратеници на партијата Левица, која одби да влезе во владината коалиција, но се согласи да го поддржи новиот кабинет, откако беа прифатени нејзините барања за јавно достапен здравствен систем, за зголемување на коефициентот за пресметување на пензии, за утврдување на минимална пензија од 620 евра и за зголемување на висината на минималната плата. Се очекува словенечкиот Парламент да гласа за изборот на Шарец за премиер на 17 август. Доколку биде избран за премиер, Шарец ќе има рок од 15 дена да ја фоемира својата влада. Шарец е поранешен актер и актуелен градоначалник на Камник. Тој беше кандидат за претседател на Словенија на изборите во октомври минатата година, при што успеа да се пласира во вториот круг, каде беше поразен од актуелниот словенечки претседател Борут Пахор. Една од првите задачи на новата словенечка влада ќе биде приватизацијата на најголемата банка во Словенија, Нова љубљанска банка (НЛБ), чиј сопственик е државата. Словенија се обврза да продаде 75 проценти од акциите на НЛБ, во замена за одобрение од Европската комисија за доделување државна помош на банката во 2013 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marjan-sharec-predlozen-za-nov-slovenechki-premier/feed/ 0