Марјан Србиновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Nov 2022 06:29:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марјан Србиновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Без Димитријевиќ и Јакимовски – шанса за помладите https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bez-dimitrijevikj-i-jakimovski-shansa-za-pomladite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bez-dimitrijevikj-i-jakimovski-shansa-za-pomladite/#respond Tue, 01 Nov 2022 06:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=753498

Македонската кошаркарска репрезентација во ноемврискиот прозорец во претквалификациите за ЕП 2025 година против Норвешка и Данска нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски, двајца кошаркари кои одиграа добри мечеви против Данска и Словачка. Димитријевиќ не може да дојде од Русија која е исклучена од ФИБА, додека пак Јакимовски кој е во Америка, има обврски во НЦАА-лигата. „Нено е најдобар кошаркар, нема да може да дојде поради тоа што игра во Русија. Тој има голема желба да дојде, но не може. Русија е во војна со ФИБА, не го пуштаат да дојде. Јакимовски е во Америка, исто овој пат и покрај големата желба не може да дојде во Македонија. Ова ќе биде шанса за помалдите кошаркари“, изјави спортскиот директор, Марјан Србиновски. Не гледам дека ќе бидеме како што бевме порано, потребна е многу работа, како во клубовите, така и ние во федерацијата. Мора да работиме со тренерите и играчите“, рече Србиновски во „Голден Карпет“.   Македонија на 10 ноември во Гевгелија ја пречекува Норвешка, три дена подоцна е мечот со Данска, исто во овој град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bez-dimitrijevikj-i-jakimovski-shansa-za-pomladite/feed/ 0
Поранешен селектор на Македонија повреден во сообраќајка на пат кон Гостивар https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraneshen-selektor-na-makedonija-povreden-vo-soobrakjajka-na-pat-kon-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraneshen-selektor-na-makedonija-povreden-vo-soobrakjajka-na-pat-kon-gostivar/#respond Tue, 18 Jun 2019 12:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=210395

Поранешниот селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски се наоѓа во болница во Тетово откако заработи тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово. Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера. „На 16.06.2019 година во 04.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, велат од МВР. Во текот на вчерашниот ден сообраќајна незгода имал уште еден тренер – Александар Јончевски. Јончевски бил удрен од товарно моторно возило додека возел мотоцикл заедно со својата сопруга. Сопругата е на операција, но вон животна опасност. Извор: Sportmedia]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poraneshen-selektor-na-makedonija-povreden-vo-soobrakjajka-na-pat-kon-gostivar/feed/ 0
Тренерот на Гостивар суспендиран и казнет парично https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-gostivar-suspendiran-i-kaznet-parichno/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-gostivar-suspendiran-i-kaznet-parichno/#respond Tue, 03 Apr 2018 17:03:12 +0000 https://kurir.mk/?p=35914

Тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски, е суспендиран на два натпревари и доби парични казни во вкупна вредност од 88 илјади денари поради инцидентите на натпреварот против Блокотехна во првото коло од Суперлигата. Од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) наведуваат дека на натпреварот во Гостивар поради втора техничка грешка и крајно некоректно однесување на мечот, Србиновски бил отстранет од теренот, а публиката почнала да фрла предмети по што следел прекин. Тренерот на Гостивар по крајот на натпреварот дошол на записничката маса и продолжил да се заканува, по што реагирала полицијата за да не дојде до посериозен инцидент. Кошаркарскиот клуб Гостивар е казнет со 35 илјади денари за фрлање на тврди и меки предмети и 20 илјади денари за неспортско навивање кон службени лица. Блокотехна на гостувањето оствари победа од 70:80 против Гостивар на стартот од Суперлигата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/trenerot-na-gostivar-suspendiran-i-kaznet-parichno/feed/ 0