марјан стаменковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 07:12:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марјан стаменковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на обвинителот Рајчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-obvinitelot-rajchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-obvinitelot-rajchev/#respond Fri, 19 May 2023 07:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=836161

Апелацискиот суд Скопје денеска го одби барањето на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, за иземање на обвинителот Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“. На изминатата расправа во Апелација обвинетиот Стаменковски, побара иземање на обвинителот Рајчев, бидејќи, според него, тој соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди. По поднесеното барање одлучуваше Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи, вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи, исто така, беше споменат во барањето. На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“ Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци. Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал. При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-obvinitelot-rajchev/feed/ 0
Одбраната на Марјан Стаменковски најави жалба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-marjan-stamenkovski-najavi-zhalba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-marjan-stamenkovski-najavi-zhalba/#respond Tue, 04 Apr 2023 09:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=819961

Сметаме дека е изречена една висока казна за дела коишто во текот на целокупната постапка како одбрана наведувавме дека нема елементи на истите и не се исполнети законските битија. Ова за нас не е конечна пресуда, дефинитивно ќе го искористиме законското право на жалба, најави одбраната на Марјан Стаменковски по објавувањето на пресудата против него денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Како по однос на жалба на пресудата, одбраната, исто така, најави и жалба на решението со кое е продолжен притворот на Стаменковски. - Со оглед дека навистина е влошена здравствената состојба и има добиено шеќер. Веќе влегува во некоја група на инсулинска терапија, каде што дефинитивно третманот не може да биде соодветен во условите каде што моментално се наоѓа, изјави бранителката на Стаменковски, адвокатката Марија Петрезанова. Петризанова, исто така, посочи дека во однос на тоа дека постојат елементи за чисти навреди и клевети, од страна на оштетените не биле поднесени соодветни граѓански постапки за граѓанска одговорност. - Конкретно за овие оштетени, кои се јавуваат во оваа постапка не претходеа претходно постапки за граѓанска одговорност, а за останатите не сме запознаени, изјави Петрезанова. Стаменковски, доби единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за вккупно пет дела кои му се ставаат на товар. Судот денеска објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста. За секое од делата „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и за „злоупотреба на лични податоци“, Судот му одреди по една година затвор односно вкупно четири години затвор, но согласно закон му одреди една единствена казна затвор од три години и еден месец, во која се засметува и времето поминато во притвор. Стаменковски во рок од три месеци треба да плати и парична казна во висина од 250 дневни глоби, при што секоја глоба во вредност од 20 евра или вкупен износ од 5 000 евра. Судот, исто така, му изрече и казна забрана за вршење дејност во период од 10 години за регистрација и водење на домен. Оштетените во случајот, кои преднајавија штета, Судот ги упатува во граѓански спор. Стаменковски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје од средината на февруари годинава. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Јавноста во случајот беше исклучена од главната расправа заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-marjan-stamenkovski-najavi-zhalba/feed/ 0
Марјан Стаменковски од „Доказ“ осуден на три години и еден месец затворска казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marjan-stamenkovski-od-dokaz-osuden-na-tri-godini-i-eden-mesets-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marjan-stamenkovski-od-dokaz-osuden-na-tri-godini-i-eden-mesets-zatvorska-kazna/#respond Tue, 04 Apr 2023 07:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=819865

Три години и еден месец затвор доби сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски. Кривичниот суд денеска ја одреди оваа казна откако Стаменковски го прогласи за виновен за пет кривични дела. Покрај затворската казна, тој треба да плати и 5.000 евра, а судот му изрече и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела односно забрана да врши регистрација на домеин на портал за време од 10 години сметано од време на правосилност на пресудата. Воедно престанува да важи и регистрацијата и на сите досега регистрирани домени. Стаменковски е прогласен виновен за две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал и едно дело: уцена, пиратерија на аудивизуелно дело и злоупотреба на лични податоци. Пресудата не е правосилна и Стаменковски и обвинителството имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marjan-stamenkovski-od-dokaz-osuden-na-tri-godini-i-eden-mesets-zatvorska-kazna/feed/ 0
Героски: Веќе неколку часа полицијата врши претрес во домот на Марјан Стаменковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-veke-nekolku-chasa-politsijata-vrshi-pretres-vo-domot-na-marjan-stamenkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-veke-nekolku-chasa-politsijata-vrshi-pretres-vo-domot-na-marjan-stamenkovski/#respond Thu, 09 Feb 2023 20:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=798639

Се наоѓам пред домот на Марјан Стаменковски. Неколку часа овде се врши претрес. По наредбa на ОЈО Скопје. Ноќва тој ќе ја помине во полициската станица во Карпош, а утре ќе биде изведен пред судија во претходна постапка, објави на социјалната мрежа на Фејсбук новинарот и уредник на Плусинфо Бранко Героски. Запленувани биле пари, телефони, компјутери... -Како што дознаваме, од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки, пишува Героски. Како што пишува Героски наводно станувало збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР. -Непотврдени сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР, пишува тој во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-veke-nekolku-chasa-politsijata-vrshi-pretres-vo-domot-na-marjan-stamenkovski/feed/ 0
Генсекот на Обединети за Македонија се закани на сопственик на портал: Ти ветувам дека брзо ќе се видиш со луѓето на херојот Љубе! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gensekot-na-obedineti-za-makedonija-se-zakani-na-sopstvenik-na-portal-ti-vetuvam-deka-brzo-kje-se-vidish-so-lugjeto-na-herojot-ljube/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gensekot-na-obedineti-za-makedonija-se-zakani-na-sopstvenik-na-portal-ti-vetuvam-deka-brzo-kje-se-vidish-so-lugjeto-na-herojot-ljube/#respond Wed, 28 Oct 2020 16:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=421781

„Прибери се... Ние да те потсетиме да си бидеш домаќин, се гледаме“, му пишува Раде Милошоски на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказм.

„Ти ветувам дека брзо ќе се видиш со луѓето на херојот Љубе, за да позборуваме како пријателчиња за твојата злоба, за за тоа колку си ти сестра или јуначиште… ај зе гледаме и пишувај со факти многу се расфрлаш мислиш си интересен манијакуваш…“ Со овие зборови Раде Милошоски, генерален секретар на Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошковски, отворено му се заканува на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказм, познат по често неумерените критики и написи за познати јавни личности, објавува ПлусИнфо. Повод за оваа закана е написот на порталот под наслов „И онаа криминална будала сестра Љубе добила задача од Заев да удира на ВМРО“. Генсекот на Обединети за Македонија прво го опоменува Стаменковски: „Марјан, прибери се ја поминуваш црвената линија…“ На крајот од коментарот, Милошоски пишува: „Толку од луѓето на Љубе, ти пишувај си… твое е ние да те потсетиме да си бидеш домаќин, се гледаме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gensekot-na-obedineti-za-makedonija-se-zakani-na-sopstvenik-na-portal-ti-vetuvam-deka-brzo-kje-se-vidish-so-lugjeto-na-herojot-ljube/feed/ 0