Марк Боуман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 May 2022 08:53:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марк Боуман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангеловска-Бежоска ‒ Боуман: Политиките на Народната банка се столб на макроекономската стабилност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-bouman-politikite-na-narodnata-banka-se-stolb-na-makroekonomskata-stabilnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-bouman-politikite-na-narodnata-banka-se-stolb-na-makroekonomskata-stabilnost/#respond Tue, 03 May 2022 08:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=670993

Народната банка спроведува политики коишто придонесуваат за одржување на макроекономската стабилност на земјава. Водењето политика на стабилност е од особено значење во време кога речиси сите економии во светот се соочуваат со енергетска криза и ценовни притисоци, коишто сѐ уште траат заради војната во Украина, било истакнато на средбата што гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска ја имаше со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој Марк Боуман. На средбата, покрај Боуман, кој учествуваше на Осмата истражувачка конференција на Народната банка, присуствувале и генералниот директор на финансиските институции на ЕБОР, Франсис Малиж и директорот на ЕБОР надлежен за С. Македонија, Анди Аранитаси. На средбата било посочено дека светот се соочува со нови предизвици коишто се резултат на нарушувањето на синџирите на снабдување и ескалирањето на геополитичките тензии и дека согласно со ова, намалени се очекувањата за раст на глобалната економија, но дека сѐ уште се очекува позитивен економски резултат. Проекциите за инфлацијата во глобални рамки се зголемени и се на највисоко ниво во последната декада, а меѓународните финансиски институции проектираат постепено намалување на инфлацијата на почетокот на следната година. Гувернерката на Народната банка посочила дека домашната економија како мала и исклучително отворена економија, е подложна на овие глобални движења и напоменала дека со следниот циклус проекции што ги прави Народната банка во мај, ќе има корекции за очекувањата на растот и инфлацијата. Монетарната политика, напоменала Ангеловска-Бежоска, и натаму ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност. – На средбата беше истакнато дека заложбите на носителите на политиките треба да бидат насочени едновремено кон решавање на тековните предизвици, но и кон зелената транзиција, како дел од структурните реформи. ЕБОР има обемно портфолио проекти во земјава, меѓу кои значителен дел се од секторот енергетика. Беше посочено дека овие проекти се од особено значење за растот и одржливоста на домашните извори на енергија. информираа денеска од Народната банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-bouman-politikite-na-narodnata-banka-se-stolb-na-makroekonomskata-stabilnost/feed/ 0
Потпретседателот на ЕБОР Боуман во Скопје на средби со Ковачевски, Бесими и банкарската фела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-ebor-bouman-vo-skopje-na-sredbi-so-kovachevski-besimi-i-bankarskata-fela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-ebor-bouman-vo-skopje-na-sredbi-so-kovachevski-besimi-i-bankarskata-fela/#respond Thu, 28 Apr 2022 05:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=668910

Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за политика и партнерство, Марк Боуман денеска и утре ќе престојува во посета на земјава, во рамки на која ќе има средби со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и со претставници на владини институции и на приватниот банкарски сектор и инвеститори. Боуман и генералниот директор на финансиски институции на ЕБОР, Франсис Малиж ќе се обратат на Конференцијата посветена на централните банки, организирана од Народна банка на Северна Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ). ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2.2 милијарди евра во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, која се соочува со еден од најголемите предизвици на земјата – декарбонизација на економијата. За оваа планирана цел, Банката направи бројни инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски ресурси, правејќи ја земјата понезависна и поотпорна.Наредниот проект е 10 мегаватна соларна фотоволтаична плантажа изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј. Проектот е финансиран од ЕБОР, ЕУ и други меѓународни донатори, а ќе следат и други капацитети за производство на соларна енергија во таа област, како и 30 мегаватни соларни фотоволтаици во Битола. ЕБОР и ЕУ помагаат во зајакнување на електричната мрежа и ја поврзуваат со други регионални мрежи. Во Охрид се гради нова потстаница за електрична енергија, која е финансирана од ЕБОР и ЕУ. Преку новиот интерконектор, мрежата на Северна Македонија ќе има зголемени, современи конекции со Албанија, Грција, Бугарија, Црна Гора и Италија. Проектот е финална фаза на иницијативата на ЕУ за воспоставување коридор за пренос на електрична енергија исток – запад, помеѓу овие земји. Со цел да се подобри отпорноста на приватниот и финансискиот сектор, ЕБОР подготви нови упатства за компаниите во однос на нивното известување за владеење на еколошките, социјалните и управувачките аспекти. Помеѓу инвестициските проекти во земјата, кои во моментов се во фаза на разгледување за финансирање, спаѓаат и главната Европска патна мрежа – автопатот во четири ленти од Скопје до Косовската граница, надградба на управувањето со цврст отпад и голем број на кредитни линии за енергетска ефикасност за локалните банки, кои ќе им се позајмуваат на мали и средни претпријатија. Кредитите на ЕБОР ќе бидат дополнети со грантови од ЕУ, швајцарската Влада и други меѓународни донатори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-ebor-bouman-vo-skopje-na-sredbi-so-kovachevski-besimi-i-bankarskata-fela/feed/ 0