Марк Еспер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 May 2020 05:36:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марк Еспер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еспер: Во НАТО постои растечка подготвеност за заштита на Источна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-vo-nato-postoi-rastechka-podgotvenost-za-zashtita-na-istochna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-vo-nato-postoi-rastechka-podgotvenost-za-zashtita-na-istochna-evropa/#respond Tue, 05 May 2020 05:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=341671

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, изрази уверување дека воената Алијанса НАТО е спремна да ги штити земјите од Источна Европа. Еспер синоќа имаше продлабочено излагање преку онлајн конференциска врска во Институт Брукингс, Вашингтон во кое говореше и за надворешните предизвици на САД во епоха на пандемија. Во НАТО постои растечка спремност да го заштити своето источно крило од потенцијална руска агресија. Министерот сепак не прецизираше дали ќе продолжат едни од најголемите воени вежби на северноатлантската Алијанса, „Defender 2020“. Вежбите се насочени во воениот театар на Источна Европа но беа прекинати откако САД запреа со испраќање војници и техника во март. Еспер истакна дека НАТО е силна Алијанса која го зголемува буџетот за одбрана. Приоритет е развој на програмата „Четири по триесет“, која предвидува преку Атлантикот во Европа да се префрлат 30 баталјони, 30 ескадрили и 30 воени бродови во тек на 30 денови. -Во изминатите неколку години набљудуваме зголемена спремност на НАТО. Сметам дека да се има таква спремност е позитивно, како од гледна точка на постоечкиот потенцијал, така и по способноста за распоредување на тој потенцијал, изјави Еспер. И покрај пандемијата на Ковид-19, САД внимателно ги следат потенцијалните надворешни предизвици, како оние кои доаѓаат од Кина и Русија, затоа Вашингтон презема повеќе чекори кон адаптација на “новите реалии“. Министерот изјави дека влијанието на пандемијата врз воената спремност на САД бил мало и дека се прибегнува кон активно стратегиско планирање за да се избегне „поголемо влијание“ во иднина. Вооружените сили на САД бројат околу 2 милиони војници, и до денес од коронавирус се заболени помалку од 5.000, помалку од 100 се хоспитализирани, а починале двајца, истакна министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-vo-nato-postoi-rastechka-podgotvenost-za-zashtita-na-istochna-evropa/feed/ 0
Еспер: Кинезите не мамеа, ниту сега не им вервам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-kinezite-ne-mamea-nitu-sega-ne-im-vervam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-kinezite-ne-mamea-nitu-sega-ne-im-vervam/#respond Thu, 16 Apr 2020 13:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=333198

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека кинеските лидери мамеле и не биле транспрентни за епидемијата со новиот коронавирус , како и дека сега не се искрени. Тој потенцира дека му е тешко да верува во информациите што доаѓаат од Комунистичката партија на Кина. – Тие не мамеја, не беа транспарентни од првиот ден откако се појави вирусот. Така што не верувам дека сега ни ја кажуваат вистината, посочи Еспер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-kinezite-ne-mamea-nitu-sega-ne-im-vervam/feed/ 0
Еспер: САД не се повлекуваат од Ирак туку дека се престројуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-sad-ne-se-povlekuvaat-od-irak-tuku-deka-se-prestrojuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-sad-ne-se-povlekuvaat-od-irak-tuku-deka-se-prestrojuvaat/#respond Tue, 07 Jan 2020 08:04:05 +0000 https://kurir.mk/?p=286316

САД немаат донесено одлука за повлекување на трупите од Ирак, изјави американскиот секретар за одбрана Марк Еспер. Изјавата беше дадена по брифингот претходно на командантот на генералштабот, генерал Марк Мили, дека писмото што с епојави во јавност за повлекување е лошо преведен нацрт документ чија цел била само да се подвлече поединечно движење на силите. Еспер рече дека САД не се повлекуваат од Ирак и не знаат ништо за писмото во кое се наведува до ирачките власти за заминување на американските трупи од Ирак. Тој, сепак, рече дека ќе има извесно престројување на американските сили, но и дека САД останале посветени на мисијата за пораз на ИД во Ирак и во целиот регион. Американски меддиуми јавија дека американската војска со писмо ги известила ирачките власти дека ќе се повлече од земјата во следните неколку дена и недели и ќе ги прераспореди своите сили. Нејасно е дали сите трупи, со околу 50.000 војници во Ирак, би ја напуштиле земјата. Во писмото објавено од медиумите се вели: – Почитувани, почитувајќи го суверенитетот на Република Ирак и по барање на ирачкиот Парламент и премиерот, коалиционите сили ќе ги прераспоредат силите во следните денови и недели за да се подготват за понатамошно движење. Писмото е потпишано од командантот на американските поморски сили генерал Вилијам Х. СилиI, командант на коалициските сили во Ирак. Автентичноста на писмото, што беше испратено до ирачкото Министерство за одбрана, беше потврдено и од ирачки воени извори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-sad-ne-se-povlekuvaat-od-irak-tuku-deka-se-prestrojuvaat/feed/ 0
Шефот на Пентагон го отпушти секретарот за морнарица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-pentagon-go-otpushti-sekretarot-za-mornarica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-pentagon-go-otpushti-sekretarot-za-mornarica/#respond Mon, 25 Nov 2019 07:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=268589

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер побара оставка од секретарот за морнарицата Ричард Спенсер, повикувајќи се на водење на случајот со припадникот на елитната единица „морнарички фоки“ обвинет за воени злосторства во Ирак. Еспер вчера побара оставка и Спенсер ја поднесе, изјави портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман. Барањето се однесува на случајот со десетарот Едвард Галагер, кој беше обвинет за воени злосторства извршени за време на неговата служба во Ирак во 2017 година, пренесува „Гласот на Америка“. Тој беше ослободен од обвинение за убиство, но беше прогласен за виновен затоа што се фотографирал покрај телото на убиениот тинејџер, борец на Исламска држава, и потоа му беше одземен чинот. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп го помилува и му го врати чинот и платата. Кога Трамп минатата недела дозна дека морнарицата планира повторно да го преиспита случајот Галагер за да одлучи дали може да продолжи да ја носи значката која означува припадност во елитна единица командоси, тој повторно интервенираше. Пентагон наведува дека Еспер побарал оставка од Спенсер кога дознал дека секретарот приватно им предложил на функционерите на Белата куќа дека доколку администрацијата престане да се меша во случајот Галагер, тој ќе се погрижи командосот да остане во елитната единица, иако Спенсер јавно и во Пентагон се залагал за дисциплинска постапка. – За жал, поради тоа, заклучив дека секретарот Спенсер повеќе не ја ужива мојата доверба за да може да остане на функцијата, рече Еспер. Трамп на Твитер напиша дека ќе го номинира американскиот амбасадор во Норвешка, Кент Брајтвајт, за нов секретар на морнарицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-pentagon-go-otpushti-sekretarot-za-mornarica/feed/ 0
Еспер: Синот на Осама бин Ладен е мртов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-sinot-na-osama-bin-laden-e-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-sinot-na-osama-bin-laden-e-mrtov/#respond Fri, 23 Aug 2019 06:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=232574

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска ја потврди смртта на Хамза бин Ладен, еден од синовите на Осама бин Ладен, неговиот наводен наследник на чело на Ал Каеда, за што на крајот на јули јавија американските медиуми. Во текот на разговорот за американскиот кабелски канал Фокс, што беше емитуван во средата вечерта, Еспер ја потврди веста, но не изнесе детали за операцијата во која тој бил убиен. -Не знам детали. Да ми беа познати ќе ги споделев со вас, рече шефот на Пентагон, кој на оваа позиција дојде на крајот на јули. Американските медиуми кон крајот на јули соопштија дека Хамза бин Ладен е убиен и дека САД придонеле во операцијата на негова елиминација, но неговата смрт не беше никогаш јавно потврдена. Хамза бин Ладен го сметаа за најдрагиот син, па и наследникот на Осама бин Ладен, основачот на мрежата која ги изведе нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк и врз Пентагон. Името на овој 30-годишник се наоѓа на американската црна листа на лица обвинети за тероризам, наведуваат тројца американски претставници. Вашингтон во февруари понуди награда од милион долари за секоја информација која може да придонесе за негово апсење. Хамза бин Ладен често пати го наведуваа како принцот наследник на џихадот. Некои документи, меѓу кои се и писмата кои агенцијата Франс прес ги откри во 2015 година, потврдуваат дека Осма бин Ладен него го сметал за својот наследник на чело на светскиот џихад против Западот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-sinot-na-osama-bin-laden-e-mrtov/feed/ 0