марк руте – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 08:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марк руте – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руте: Не е прашањето кога, туку дали кандидатите за членство ќе бидат подготвени за прием https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-ne-e-prashaneto-koga-tuku-dali-kandidatite-za-chlenstvo-ke-bidat-podgotveni-za-priem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-ne-e-prashaneto-koga-tuku-dali-kandidatite-za-chlenstvo-ke-bidat-podgotveni-za-priem/#respond Sat, 07 Oct 2023 08:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=886301

Проширување на ЕУ до 2030 година ќе биде можно доколку земјите кандидати за членство бидат подготвени за членство до тој датум, смета холандскиот премиер Марк Руте. - Не се согласувам многу со тој датум. Прашањето не е кога земјите ќе бидат подготвени. Прашањето е дали земјите ќе бидат подготвени, изјави Руте, коментирајќи ја целта за проширување на ЕУ во 2030 година, што ја постави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Според Руте, проширувањето е макотрпен процес, кој бара кандидатите за членство во ЕУ да се усогласат со законодавството на Унијата за да можат да пристапат во блокот. - Не треба да има апсолутно никакви исклучоци кога станува збор за исполнување на условите на ЕУ за зачленување, додаде Руте. Холандскиот премиер смета дека од аспект на проширувањето важно е и прашањето дали ЕУ е целосно подготвена да прифати нови членки. - ЕУ веќе има 27 земји членки и ако се приклучат уште земји, тогаш донесувањето одлуки и секакви други работи ќе стане уште покомплицирано, оцени Руте. Прашањето за реформи на ЕУ пред следното проширување веќе извесен период е меѓу главните теми во Унијата, особено во врска со процедурите за носење одлуки, буџетот на блокот, санкционирањето за прекршувањата на принципите на владеење на правото, како и идејата за „постепена интеграција“ на кандидатите за членство уште пред нивниот прием. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изјавата на Руте доаѓа во време на кампања за предвремените парламентарни избори во Холандија, закажани за во ноември. Според последните анкети на јавното мислење, засега се води тесна битка за победа меѓу левоцентристикиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ), предводен од поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте и новоформираната популистичка демохристијанска партија Нов социјален договор (НСЦ) на Питер Омцихт. Иако и блокот ПБДА-ГЛ и ВВД во нивните изборни програми се на став дека треба да се почитуваат критериумите за членство при приемот на ЕУ, коалицијата на Тимерманс важи за понаклонета кон приемот на нови членки, залагајќи се за „охрабрување, наградување и активна поддршка на вистинските реформи“. Од друга страна, партијата на Руте строго се држи до ставот дека „земјите кандидатки за членството во ЕУ и ќе бидат оценувани според постигнатите резултати“. НСЦ се уште ја нема објавено својата изборна програма, но се очекува меѓу трите водечки политички сили нејзините ставови да бидат најрестриктивни по однос на проширувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-ne-e-prashaneto-koga-tuku-dali-kandidatite-za-chlenstvo-ke-bidat-podgotveni-za-priem/feed/ 0
Холандскиот премиер Руте му ја врачи оставката на кралот откако владејачката коалиција се распадна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-rute-mu-ja-vrachi-ostavkata-na-kralot-otkako-vladejachkata-koalitsija-se-raspadna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-rute-mu-ja-vrachi-ostavkata-na-kralot-otkako-vladejachkata-koalitsija-se-raspadna/#respond Sat, 08 Jul 2023 15:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=854374

Холандскиот премиер Марк Руте денеска го посети кралот и му ја врачи оставката на неговата четирипартиска коалиција, што ќе значи дека поделената Холандија ќе оди кон општи избори оваа година, јавија светските агенции. Кралот Вилем-Александар се врати од семеен одмор во Грција за да се сретне со Руте. Проблемот со ограничувањето на миграцијата, кој со години ги загрижува земјите во Европа, беше последниот камен на сопнување што синоќа ја собори Владата на Руте. „Ние сме партијата што може да обезбеди мнозинство за значително да го ограничи протокот на баратели на азил“, рече Герт Вилдерс, лидер на антиимигрантската Партија на слободата, која ја поддржа првата малцинска коалиција на Руте пред 13 години. Левичарските опозициски партии, исто така, сакаат избори за решавањето на проблемите со кои, според нив, Руте не успеал да се справи соодветно, како што се климатските промени, недостигот на станови и иднината на земјоделскиот сектор во земјата. Водачот на Социјалистичката партија, Лилиан Марејнисен изјави за холандската телевизија Eн-О-Ес дека падот на Владата на Руте е „добра вест за Холандија. „Мислам дека сите почувствуваа дека овој кабинет е завршен. Тие создадоа повеќе проблеми отколку што решија“, истакна таа. И покрај несогласувањата меѓу четирите партии во Владата на Руте, таа ќе остане на власт како привремен кабинет додека не се формира нова коалиција, но нема да донесе нови важни закони. Руте со месеци преговараше за пакет мерки за намалување на приливот на нови мигранти кои пристигнуваат во земјата со речиси 18 милиони жители. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-rute-mu-ja-vrachi-ostavkata-na-kralot-otkako-vladejachkata-koalitsija-se-raspadna/feed/ 0
Падна холандската влада поради спор околу мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-holandskata-vlada-poradi-spor-okolu-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-holandskata-vlada-poradi-spor-okolu-migrantite/#respond Sat, 08 Jul 2023 06:56:32 +0000 https://kurir.mk/?p=854244

Холандскиот премиер Марк Руте ќе поднесе оставка откако со коалициските партнер не успеа да постигне договор за мерките за сузбивање на миграциите. Новинската агенција АНП, повикувајќи се на неидентификувани извори, објави дека четвртата коалициска влада на Руте се распаднала бидејќи по тридневни напнати преговори не успеала да се договори како да го ограничи бројот на лица кои бараат азил во Холандија. Кабинетот на Руте не бил достапен за коментар. Залагањето на конзервативната партија ВВД на Руте да го ограничи приливот на мигранти во Холандија ја подели неговата четирипартиска коалиција, откако двете помали партии одбиле да ги поддржат неговите предлози. Марк Руте ја состави влада пред околу една и пол година, а веќе подолг период меѓу коалициските партнер постои спор околу емигрантите. Се очекува нови парламентарни избори да се одржат на есен. Бројот на барања за азил во Холандија скокнал за третина минатата година, на над 46.000, а владата предвидува дека оваа година би можел да се зголеми на над 70.000, што е над претходниот максимум од 2015 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/padna-holandskata-vlada-poradi-spor-okolu-migrantite/feed/ 0
Руте идната недела во Вашингтон на средба со Бајден за војната во Украина и економските врски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-idnata-nedela-vo-vashington-na-sredba-so-bajden-za-vojnata-vo-ukraina-i-ekonomskite-vrski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-idnata-nedela-vo-vashington-na-sredba-so-bajden-za-vojnata-vo-ukraina-i-ekonomskite-vrski/#respond Thu, 12 Jan 2023 19:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=786630

Холандскиот премиер Марк Руте и министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра следната недела ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави денеска холандската национална телевизија НОС. Лидерите во вторник ќе разговараат за војната во Украина и за економските врски, јавија светските агенции. Тоа, како што се наведува, ќе биде прва посета на Руте на САД, откако се сретна со Доналд Трамп во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-idnata-nedela-vo-vashington-na-sredba-so-bajden-za-vojnata-vo-ukraina-i-ekonomskite-vrski/feed/ 0
Холандскиот премиер официјално се извини за улогата на Холандија во тргувањето со робови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-oficijalno-se-izvini-za-ulogata-na-holandija-vo-trguvanjeto-so-robovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-oficijalno-se-izvini-za-ulogata-na-holandija-vo-trguvanjeto-so-robovi/#respond Mon, 19 Dec 2022 15:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=777717

Холандскиот премиер, Марк Руте, денеска се извини во име на неговата влада за историската улога на Холандија во ропството и трговијата со робови, независно повиците за одложување на долгоочекуваната изјава. „Денеска се извинувам во име на холандската Влада за постапките на холандската држава во минатото“, рече Руте во говор за ропството во Националниот архив во Хаг. Говорот беше поздравен со молчење од поканетата публика. Руте сепак се извини денеска, иако некои активистички групи го повикаа да почека до 1 јули следната година, годишнината од укинувањето на ропството во земјата. Некои дури минатата недела излегоа на суд во неуспешен обид да го одложат неговиот говор. „Знаеме дека нема добро време за сè, нема соодветни зборови за сè, нема вистинско место за сè“, рече Руте. Тој рече дека Владата ќе формира инцијативен фонд за да помогне во справувањето со наследството на ропството во Холандија и нејзините поранешни колонии. Холандија некогаш беше трета по големина колонијална сила во светот и поробуваше околу 500 илјади луѓе во текот на 200 години. Тие главно биле киднапирани од Западна Африка, продадени и принудени да работат на плантажите во Суринам и на Антилите. Холандското кралство беше една од последните земји во Европа што официјално го укина ропството на 1 јули 1863 година. Активистите веруваат дека дури наредната година е всушност 150-годишнината од укинувањето на ропството, бидејќи многу заробеници биле принудени да продолжат да работат на плантажите и една деценија по укинувањето на ропството.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-oficijalno-se-izvini-za-ulogata-na-holandija-vo-trguvanjeto-so-robovi/feed/ 0
Руте: Холандија дополнително ќе ги зајакне украинските капацитети за противвоздушна одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-holandija-dopolnitelno-kje-gi-zajakne-ukrainskite-kapaciteti-za-protivvozdushna-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-holandija-dopolnitelno-kje-gi-zajakne-ukrainskite-kapaciteti-za-protivvozdushna-odbrana/#respond Wed, 12 Oct 2022 16:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=744389

Холандија одлучи да испрати дополнителен капацитет за противвоздушна одбрана во Украина, објави денеска холандскиот премиер Марк Руте, кој е во посета на Романија. – Мораме да ја поддржиме Украина со сите можни средства – финансиски, воени, хуманитарни, а неодамнешните напади врз цивилни цели во Украина претставуваат сериозна ескалација и покажуваат колкава поддршка е потребна за оваа земја. Затоа Холандија денеска одлучи да испрати дополнителен капацитет за противвоздушна одбрана на Украина, изјави Руте. Тој додаде дека во сегашниот контекст „нашата заедничка одбрана е посилна од кога било“. – Нема да попуштиме пред агресијата, нема да попуштиме пред тираните. Романија веќе знае, поради својата географска положба, колку Русија може да биде агресивна, изјави холандскиот премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-holandija-dopolnitelno-kje-gi-zajakne-ukrainskite-kapaciteti-za-protivvozdushna-odbrana/feed/ 0
Холандскиот премиер ја одликуваше Меркел со признание кое ретко се доделува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-ja-odlikuvashe-merkel-so-priznanie-koe-retko-se-dodeluva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-ja-odlikuvashe-merkel-so-priznanie-koe-retko-se-dodeluva/#respond Thu, 14 Jul 2022 06:56:59 +0000 https://kurir.mk/?p=704849

Холандскиот премиер Марк Руте ѝ додели на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел едно од највисоките холандски кралски почести за време на нејзината проштална посета на Амстердам. Руте и Меркел ја посетија куќата на Ана Франк и познатиот музеј Ријкс, каде што е изложена „Ноќната стража“ на Рембрант. Потоа отидоа на прошетка низ каналите на Амстердам, објави агенцијата АНП. Додека се возеа со брод, Руте ја изненади Меркел именувајќи ја за Витез на големиот крст од редот на холандскиот лав, чест што ретко се доделува. Средбата ја завршија со приватна вечера. Меркел ја напушти функцијата во декември, но нејзината проштална посета мораше да се одложи поради пандемијата на коронавирус. Руте тесно соработуваше со поранешната канцеларка откако тој стана премиер на Холандија во 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandskiot-premier-ja-odlikuvashe-merkel-so-priznanie-koe-retko-se-dodeluva/feed/ 0
Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Албанија сама во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rute-ako-skopje-ne-go-prifati-francuskiot-predlog-albanija-sama-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rute-ako-skopje-ne-go-prifati-francuskiot-predlog-albanija-sama-vo-eu/#respond Tue, 05 Jul 2022 19:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=700626

Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека Западен Балкан, вклучително и Албанија, напорно работи на влез во Европската унија, пренесува АТА и БТА. На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама за време на неговата вчерашна посета на Холандија, Руте рече дека Албанија ја има целосната поддршка од Холандија во процесот на европска интеграција. „На самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, ЕУ ја потврди својата посветеност. Што се однесува до забелешката на Еди Рама потоа, мислам дека тој беше во право – не беше успешна средба. Треба да направиме повеќе. Знаеме дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Албанија, работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и Албанија ја има целосната поддршка од Холандија. Проблемот овде е Северна Македонија и благодарение на француските напори има нов момент во процесот на пристапување кој ја погодува и Албанија. така што двете земји, барем политички, се поврзани. Го поддржуваме францускиот предлог за отстранување на пречките што ги блокираат Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи“, рече Руте. Руте рече дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог. Холандскиот премиер истакна дека одредувањето датум за првата меѓувладина средба ќе биде награда за албанската влада на Еди Рама и за реформите што ги спроведува. „Тоа ќе биде и правична награда за целата работа што ја направи владата на Еди Рама и реформите што ги презеде, а што ги видов со свои очи при мојата посета во ноември кога бев во Тирана“, посочи тој. Руте изрази оптимизам дека Северна Македонија ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ. Меѓутоа, ако тоа не се случи, односно ако Северна Македонија го одбие предлогот, нагласи Руте, Албанија ќе има уште поголема поддршка од европските земји на нејзиниот независен пат кон ЕУ. „Доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија ќе има поголема поддршка од другите земји сама да продолжи на патот, но се надевам дека тоа нема да биде потребно“, нагласи Руте. Од своја страна, Еди Рама високо ја ценеше посветеноста на Холандија и му се заблагодари на премиерот Марк Руте за промовирањето на процесот на пристапување во ЕУ на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rute-ako-skopje-ne-go-prifati-francuskiot-predlog-albanija-sama-vo-eu/feed/ 0
Ердоган разговараше со холандскиот премиер за НАТО-патот на Шведска и Финска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-razgovarashe-so-holandskiot-premier-za-nato-patot-na-shvedska-i-finska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-razgovarashe-so-holandskiot-premier-za-nato-patot-na-shvedska-i-finska/#respond Fri, 20 May 2022 16:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=679637

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека имал опсежен разговор со холандскиот премиер Марк Руте за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, јави Анадолија. По петочната молитва во Истанбул, Ердоган најави дека утре ќе разговара со претставници од Велика Британија и Финска, како и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Двете нордиски земји во средата формално поднесоа барање за влез во НАТО, одлука поттикната од руската војна против Украина. Турција се спротивстави на кандидатурите на Финска и Шведска за членство, критикувајќи ги двете земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички групи како Курдската работничка партија и т.н.ФЕТО. – Повеќето земји-членки на ЕУ во моментов дозволуваат ПКК/ЈПГ да одржуваат говори во нивните парламенти, додека некои ги снабдуваат со оружје и муниција. Не можеме да кажеме „да“ за влезот на овие терористички организации во НАТО, која е безбедносна организација, истакна Ердоган. Тој рече дека терористичките организации организираат различни маршеви во Германија, Шведска, Финска, Холандија и Франција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-razgovarashe-so-holandskiot-premier-za-nato-patot-na-shvedska-i-finska/feed/ 0
Руте и Бетел: Нема да има нови санкции против Русија на самитот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-i-betel-nema-da-ima-novi-sankcii-protiv-rusija-na-samitot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-i-betel-nema-da-ima-novi-sankcii-protiv-rusija-na-samitot-na-eu/#respond Thu, 24 Mar 2022 16:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=652785

Лидерите на Европската унија нема да се согласат за воведување нови санкции против Русија за време на дводневниот самит во Брисел, изјави холандскиот премиер Марк Руте. -Не очекувам конкретни нови санкции денеска. Не можеме да размислуваме за санкции со толку голема група, ни требаат предлози. Веќе воведовме многу санкции, сега влегуваме на покомплексен терен, истакна Руте по пристигнувањето на состанокот на 27-те лидери на европскиот блок. Луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел изјави дека треба да се воведат нови санкции на ЕУ против Русија поради нападот врз Украина како реакција на новиот развој на кризата, што, според него, во моментов не е случај. -Ако сакаме да имаме нови санкции, мора да ги имаме како реакција на нешто. Засега ситуацијата не се подобрува, тоа е сигурно, нагласи Бетел по пристигнувањето на самитот. Според него, доколку сега се воведат дополнителни санкции во ситуацијата што претставува статус кво, „тогаш што би бил следниот чекор“. -Мислам дека мора да имаме градација, додаде Бетел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rute-i-betel-nema-da-ima-novi-sankcii-protiv-rusija-na-samitot-na-eu/feed/ 0