Марк Тарабела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Feb 2023 15:32:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марк Тарабела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгискиот европратеник Тарабела во притвор за корупцискиот скандал во ЕП https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-evropratenik-tarabela-vo-pritvor-za-koruptsiskiot-skandal-vo-ep/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-evropratenik-tarabela-vo-pritvor-za-koruptsiskiot-skandal-vo-ep/#respond Sat, 11 Feb 2023 16:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=799319

Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше обвинет за „корупција“, а потоа му беше одреден притвор како дел од истрагата за наводите за мешање на Катар и Мароко во одлуките на Европскиот парламент, соопшти белгиското сојузно Обвинителство. На социјалистичкиот пратеник (59) му е одредена мерка притвор откако беше обвинет за „корупција“, „перење пари“ и „учество во криминална организација“, соопшти Обвинителството. Уште три лица, меѓу кои и грчката европратеничка Ева Каили, веќе се во притвор во врска со скандалот што избувна на 9 декември и предизвика бран апсења во Брисел. На тој ден, белгиските инспектори пронајдоа околу 1,5 милиони евра во кеш во кеси или торби во домот на Ева Каили и Пјер-Антонио Панцери во Брисел. Панцери, поранешен италијански европратеник и клучен осомничен во случајот, во јануари призна дека тој ја организирал измамата. Тој постигна договор за признавање вина со кој се предвидува ограничена затворска казна од една година во замена за конкретни информации за измамата и за инволвираните луѓе. Според белгиските медиуми, Панцери го именувал Тарабеле на истражителите во декември, веднаш по неговото апсење. Тој тврдеше дека на Тарабели му дал помеѓу 120.000 и 140.000 евра во повеќе наврати за да помогне во случаите поврзани со Катар. Тарабела негираше дека учествувал во каква било злоупотреба и побара да биде слушнат за да објасни. Белгискиот суд мораше да почека до крајот на постапката за укинување на имунитетот на Тарабела во Парламентот на 2 февруари пред да може да преземе какви било мерки. Во истата истрага, на друг социјалистички европратеник од Италија, Андреа Коцолино, исто така му беше одземен имунитетот на 2 февруари, а во петокот беше уапсен во Италија врз основа на меѓународна потерница, соопшти портпаролот на Обвинителството. Белгискиот суд сега чека негова екстрадиција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-evropratenik-tarabela-vo-pritvor-za-koruptsiskiot-skandal-vo-ep/feed/ 0
Приведен белгиски европратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-belgiski-evropratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-belgiski-evropratenik/#respond Fri, 10 Feb 2023 12:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=798959

Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше приведен во врска со истрагата „Катаргејт“ за корупција во Европскиот парламент во корист на Мароко и Катар. Тој ќе биде сослушан од обвинител, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на обвинителството. Домот на Тарабела бил претресен во декември минатата година, кога биле приведени поранешната потпретседателка на ЕП, Ева Кајли, нејзиниот партнер Франческо Џорџи, таткото на Кајли, европратеникот Антонио Панцери и Николо Фига-Таламанка, шеф на невладина организација. Тарабела постојано го изразуваше своето очекување да биде испрашуван и останува на ставот дека е невин. Имунитетот на Тарабела и неговата колешка Андреа Коцолино беше укинат од ЕП на почетокот на февруари. Ева Кајли, Франческо Џорџи и Антонио Панцери остануваат во затвор, а Фига-Таламанка неодамна беше пуштен на условна слобода.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/priveden-belgiski-evropratenik/feed/ 0