марка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 12:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Марка“ со големи пофалби за Модриќ: Со 37 години да владееш на Енфилд е лудо, ако Реал не му понуди нов договор ќе биде голема грешка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-so-golemi-pofalbi-za-modrik-so-37-godini-da-vladeesh-na-enfild-e-ludo-ako-real-ne-mu-ponudi-nov-dogovor-ke-bide-golema-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-so-golemi-pofalbi-za-modrik-so-37-godini-da-vladeesh-na-enfild-e-ludo-ako-real-ne-mu-ponudi-nov-dogovor-ke-bide-golema-greshka/#respond Wed, 22 Feb 2023 12:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=803659

Реал Мадрид со спектакуларна игра синоќа го декласираше Ливерпул на „Енфилд“ со 5:2, иако имаше негатива од 2:0. Шпанска „Марка“ имаше пофалби зборови за фудбалерите на Реал, но особено го пофали Лука Модриќ, кој со 37 години се чини дека е лидер во средниот ред. -Штом Модриќ ја презеде контролата врз играта, Реал стана поопасен во нападот и почна се почесто да доаѓа пред голот на Алисон. Ќе биде големо разочарување доколку Реал не му понуди нов договор. Тој е лидер на теренот и животно осигурување во вакви игри. Да владееш на „Енфилд“ на 37 години е лудило. Неговите лидерски квалитети, асистенцијата до Милитао и акцијата за 5:2 беа пресудни во победата, пишува Marca.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-so-golemi-pofalbi-za-modrik-so-37-godini-da-vladeesh-na-enfild-e-ludo-ako-real-ne-mu-ponudi-nov-dogovor-ke-bide-golema-greshka/feed/ 0
Марка: Бензема можеше да игра на Светското првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-benzema-mozeshe-da-igra-na-svetskoto-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-benzema-mozeshe-da-igra-na-svetskoto-prvenstvo/#respond Tue, 27 Dec 2022 16:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=781299

Карим Бензема можеше да игра за Франција на Светското првенство во 2022 година, тврди шпанскиот спортски весник „Марка“. -На 19 ноември, Карим се здоби со повреда на мускулот на квадрицепсниот мускул на левата надколеница, и покрај тоа што неговата работна нога е десна. Точно е дека заклучокот може да се даде врз основа на преглед и магнетна резонанца. Но, врз основа на она што може да се види на сликите, тој имал руптура на фасцијата што го опкружува мускулот и отекување на мускулот до него. Со други зборови, мускулните влакна не беа оштетени. Времето на закрепнување е приближно 21 ден. Така и се случи – на 10 декември тој веќе тренираше со Реал Мадрид, а на 14 Франција играше во полуфиналето. Ден подоцна Карим одигра пријателски натпревар против Леганес, додека Франција веќе се подготвуваше за финалето, но без него. Заклучок: Бензема навистина би можел да игра на Светското првенство“, напиша спортскиот лекар Педро Луис Рипол во колумна за Марка. Карим Бензема се повреди пред почетокот на Светското првенство во 2022 година, поради што беше повлечен од француската репрезентација и не беше вратен во составот на „триколорите“. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-benzema-mozeshe-da-igra-na-svetskoto-prvenstvo/feed/ 0
Марка: „Џиновскиот убиец“ кој ја сруши Италија е последната пречка на Португалија до Мундијалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-dzinovskiot-ubiec-koj-ja-srushi-italija-e-poslednata-prechka-na-portugalija-do-mundijalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-dzinovskiot-ubiec-koj-ja-srushi-italija-e-poslednata-prechka-na-portugalija-do-mundijalot/#respond Tue, 29 Mar 2022 09:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=654978

Португалија и Кристијано Роналдо ги дели само еден натпревар до пласман на Светското првенство во Катар. Сепак, ривал на „Драгао“ во Порто во финалето на плејофот ќе им биде репрезентација која својата историја ја гради со подвизи. Шпанска „Марка“ направи кратка анализа на македонската репрезентација и очекувањата за вечерашниот дуел. – Победивме една од најдобрите селекции во светот… но нема да застанеме. Сакаме да го направиме последниот чекор и да стигнеме до Светското првенство потврдувајќи дека сме меѓу 20-те најдобри европски селекции, рече македонскиот селектор Благоја Милевски. Во Палермо, Македонците се спротивставија на опсадата на Италија и постигнаа победнички гол 92. минута преку Трајковски, враќајќи ги „азурите“ во пеколот. – Сè уште сум во шок. Ако можеме да ја победиме Португалија? Да. Ќе дадеме се од себе… и ќе успееме, еуфорично изјави капитенот Стефан Ристовски. Македонскиот тим пред пет години беше на 166. место на рангирањето на ФИФА! Сега тие се број 67. – Имаме 90 минути да го исполниме нашиот сон и сонот на целата земја. Не можеме да ја пропуштиме оваа можност, смета Елиф Елмас кој се враќа во тимот по паузата поради жолти картони. Претходоно, во квалификациската група, Македонците ја совладаа Германија во Дуизбург, со 2:1, токму со голот на Елмас. Дебито на последното Евро – тие ги загубија сите три натпревари – беше пресвртница за Македонија која никогаш порано не уживала на турнир и сака да го повтори во Катар. Македонците против Португалија ќе го искористат оружјето со кое триумфираа против Италија. Два удари и еден гол, прогнозира „Марка“. Дали Кристијано Роналдо по 2006, 2010, 2014 и 2018 година ќе се избори за учество на уште еден Мундијал, или македонските фудбалери ќе направат историски подвиг и за прв пат ќе се најдат на едно Светското првенство, ќе се знае по вечерашнито меч во Порто закажан за 20:45 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-dzinovskiot-ubiec-koj-ja-srushi-italija-e-poslednata-prechka-na-portugalija-do-mundijalot/feed/ 0
„Марка“: Трагедија на италијански се вели „Трајковски“! (Фото) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-tragedija-na-italijanski-se-veli-trajkovski-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-tragedija-na-italijanski-se-veli-trajkovski-foto/#respond Fri, 25 Mar 2022 13:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=653293

Александар Трајковски секако ќе имаше убави спомени од градот Палермо поради сето она што го мина во истоимениот клуб во кој мина четири години, но од вчера ова место од Сицилија ќе биде посебно врежано во срцето на популарниот Алекс. Актуелниот напаѓач на Ал Фајха постигна спектакуларен гол во 92-та минута и ги замрзна италијанските фудбалери и фудбалските фанови на „Ренцо Барбера“, а неговиот погодок одекна како бомба во цела светска спортска јавност, вклучувајќи ја и шпанската. Сите угледни шпански медиуми пишуваат за сензација од страна на македонската фудбалска репрезентација која победи во Палермо, но посебно интересен текст напиша познатата „Марка“ која во прв план го стави јунакот Трајковски. – Трагедија на италијански се вели „Трајковски“: Вторпат ги остава без мундијал, – гласи насловот на веста која ја напиша „Марка“. Респектабилниот весник му посвети цела вест на вториот најдобар стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, со потсетување дека тој исто така беше играчот кој беше кобен за Италија и пред пет години кога погоди за 1:1 во Торино. – Поранешниот играч на Мајорка се претвори во „црна мачка“ за „аѕурите“. Неговиот гол во 92-та минута го совлада Донарума и ја потврди победата за Македонија, а со тоа ја осуди Италија вторпат во низа да го гледа мундијалот на телевизија, – пишува „Марка“ со напомена дека Алекс ги одведе во баражот за СП и во 2018-та година, а таму подоцна беа елиминирани од Шведска. – Тој имаше свој удел и во првата елиминација на Италија од прет пет години. Неговиот гол во Торино на 6-ти октомври во 2017-та година ја остави Италија и математички без шанса за директен пласман на СП, а потоа следеше нокаутот од Шведска кога Италија за првпат остана без мундијал по цели 60 години, – се надополнува во веста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-tragedija-na-italijanski-se-veli-trajkovski-foto/feed/ 0
Шпанска „Марка“ тврди: Мбапе потпишал за Реал Мадрид, еве детали до договорот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanska-marka-tvrdi-mbape-potpishal-za-real-madrid-eve-detali-do-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanska-marka-tvrdi-mbape-potpishal-za-real-madrid-eve-detali-do-dogovorot/#respond Mon, 14 Mar 2022 08:35:10 +0000 https://kurir.mk/?p=646723

Шпанските и француските медиуми потврдија дека Килијан Мбапе ставил потпис на договор со Реал Мадрид и на лето како слободен играч ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“. Трансферот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната, кога на Мбапе ќе му истече договорот со ПСЖ. „Марка“ ги откри сите детали од договорот. Мбапе во Мадрид ќе зарабтоува 25 милиони евра по сезона до 2028 година и ќе биде еден од најплатените фудбалери на светот. Притоа, 23-годишниот Французин ќе добие бонуси при потпис на договорот кој наводно се движи меѓу 60 и 80 милиони евра, бидејќи доаѓа без обештетување на „Сантиаго Бернабеу“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanska-marka-tvrdi-mbape-potpishal-za-real-madrid-eve-detali-do-dogovorot/feed/ 0
„МАРКА“: Пандев е меѓу фудбалерите кои оставија најголем впечаток на ЕП (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-pandev-e-megju-fudbalerite-koi-ostavija-najgolem-vpechatok-na-ep-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-pandev-e-megju-fudbalerite-koi-ostavija-najgolem-vpechatok-na-ep-foto/#respond Sat, 26 Jun 2021 07:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=528147

Славниот мадридски спортски весник, „Марка“ го смести Горан Пандев меѓу 16 фудбалери кои оставија најголем впечаток досега. Шпанскиот весник "Марка“ за Пандев напиша: „Неговиот тим, дебитант, беше прв елиминиран на турнирот, но поранешниот играч на Интер, Лацио и Наполи остави свој траг на голем начин. Неговиот гол во поразот против Австрија (3-1) го направи вториот најстар стрелец (37 години и 321 дена) во историјата на турнирот. Само Австриецот Ивица Вастиќ е пред него, кој во 2008 постигна гол со 38 години и 257 дена. Пандев исто така изнуди пенал кој претходеше на голот на Алиоски на мечот со Украина. Во поразот против Холандија неговите соиграчи во чест на него направија коридор за да му кажат збогум од националниот тим, се пензионира со 122 настапи и 38 голови“. Покрај Пандев на листата се најдоа: Рахим Стерлинг (Англија), Били Гилмур (Шкотска), Џоел Похјанпало (Финска), Патрик Шик (Чешка), Дензел Думфрис (Холандија), Мануел Локатели (Италија), Микел Дамсгор (Данска), Ромелу Лукаку (Белгија), Емил Форсберг (Шведска), Давид Алаба (Австрија), Робин Госенс (Германија), Атила Салаи (Унгарија), Џорџино Вајналдум (Холандија), Лука Модриќ (Хрватска) и Кристијано Роналдо (Португалија).  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-pandev-e-megju-fudbalerite-koi-ostavija-najgolem-vpechatok-na-ep-foto/feed/ 0
„Марка“ ги избра најлошите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-gi-izbra-najloshite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-gi-izbra-najloshite/#respond Tue, 25 Sep 2018 10:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=105712

Шпанскиот весник „Марка“ направи свој избор со најголемите фудбалски разочарувања за 2018 година. Изборот на „Марка“ доаѓа по вчерашната церемонија на која ФИФА ги прогласи најдобрите. Најлош фудбалер за минатата сезона е Весли Снајдер од Ница. Во изборот на „Марка“ се најдоа и Виктор Линделоф и Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед кои добија најмногу гласови за своите позиции. Од голманите изборот падна на Лорис Кариус од Ливерпул. Меѓу 11-те најлоши влегоа и Бенедикт Ховедес, Леонардо Бонучи, Месут Озил, Тиемуе Бакајоко, Гансо, Лусиано Вието и Келеши Ихеаначо. За најлош тренер досега најмногу гласови доби Хорхе Сампаоли – поранешниот селектор на Аргентина. Леонардо Бонучи кој минатата сезона премина во Милан го зазема првото место во изборот на најлош трансфер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marka-gi-izbra-najloshite/feed/ 0
И „Марка“ потврдува: Реал Мадрид и Јувентус го финализираат трансферот на Роналдо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-marka-potvrduva-real-madrid-i-juventus-go-finaliziraat-transferot-na-ronaldo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-marka-potvrduva-real-madrid-i-juventus-go-finaliziraat-transferot-na-ronaldo/#respond Tue, 10 Jul 2018 14:43:15 +0000 https://kurir.mk/?p=75253

Кристијано Роналдо е на пат кон Јувентус, откако трансферот е договорен меѓу Реал Мадрид и италијанскиот шампион, објавува Марка денеска нешто после 16 часот. Во текстот на мадридскиот весник кој важи за близок до Реал Мадрид и кој секогаш прв ги информациите поврзани со овој клуб, се вели дека заминувањето од Сантијаго Бернабеу на Кристијано Роналдо е прашање на часови и дека тој би можел и денеска да биде официјално претставен како нов фудбалер на Јувентус. Флорентино Перез ја почитувал желбата на Роналдо да замине и му дозволил да почне нова авантура во Серија А. Управата на Реал Мадрид се согласила на трансфер вреден 100 милиони евра. Инаку, претседателот на Јувентус сабајлево отпатува во Грција, каде Португалецот моментално е на одмор, со цел да го обезбеди потписот на фудбалерот. Ањели претходно побарал дозвола од мадридскиот клуб да оствари средба со фудбалерот, за што и добил дозвола. Реал Мадрид ги прифатил и понудата на Јувентус и одлуката на Роналдо, пишува во текстот на Марка. Приказната на Роналдо во Реал Мадрид сега е при својот крај, завршува во текстот Марка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/i-marka-potvrduva-real-madrid-i-juventus-go-finaliziraat-transferot-na-ronaldo/feed/ 0