Марко Асенсио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 09:50:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марко Асенсио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зема десет милиони евра за потпис, сега не му се игра за ПСЖ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zema-deset-milioni-evra-za-potpis-sega-ne-mu-se-igra-za-pszh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zema-deset-milioni-evra-za-potpis-sega-ne-mu-se-igra-za-pszh/#respond Thu, 24 Aug 2023 09:50:52 +0000 https://kurir.mk/?p=870400

ПСЖ потроши огромни суми на пари во изминатата деценија, но за жал остави и впечаток на клуб во кој колективот никогаш не беше пред поединецот, а фудбалските ѕвезди доаѓаат само за добро да заработат и да си заминат од „Паркот на принцовите“. Нејмар беше играчот во преден план со непрофесионализмот, Бразилецот си замина, но последните информации велат дека францускиот првак има нов „паразит“ во своите редови. Станува збор за Маркос Асенсио, кој летово пристигна како слободен играч од Реал Мадрид. Тој беше голема желба на директорот Окампос, кој го договори неговиот трансфер иако во тој момент ПСЖ немаше тренер, а на Асенсио се гледаше како на наследник на Нејмар на фудбалски план, не по непрофесионализмот на тренинзите. Тренерот Енрике и клупската управа се во шок од однесувањето на шпанскиот интернационалец, особено откако клубот го доведе Дембеле од Барселона. Апсолутно незалагање за време на тренинзите што придонесе Енрике да не смета сериозно на него за време на натпреварите, но и ПСЖ да почне да бара решение за проблемот, можеби и во експресна позајмица на Шпанецот. Она што е најважно за Асенсио, тој зема десет милиони евра само за потписот со францускиот гигант, а има загарантирано и плата од 10 милиони евра по сезона, двојно повеќе од она што го земаше во Реал Мадрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zema-deset-milioni-evra-za-potpis-sega-ne-mu-se-igra-za-pszh/feed/ 0
Поранешниот „крал“ стана „светец“, Марко Асенсио пристигна на „Паркот на принцовите“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraneshniot-kral-stana-svetets-marko-asensio-pristigna-na-parkot-na-printsovite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraneshniot-kral-stana-svetets-marko-asensio-pristigna-na-parkot-na-printsovite/#respond Thu, 06 Jul 2023 13:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=853639

Пари Сен Жермен го објави и вториот трансфер во текот на денешниот ден, по потписот на Милан Шкриниар. Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио му се приклучува на францускиот шампион со договор до 2026 година. Како и дефанзивецот, така и крилниот напаѓач пристигнува како слободен играч откако одби да го продолжи договорот со Реал Мадрид. 27-годишниот Шпанец за првпат во кариерата ќе игра надвор од границите на својата татковина. Асенсио запиша вкупно 286 натпревари со 61 гол и 32 асистенции за Реал Мадрид, со кој трипати триумфираше во Лигата на шампионите. Има играно и за Мајорка и за Еспањол. Покрај тоа, офанзивниот фудбалер има 37 натпревари со шпанскиот национален тим, на кои постигна два гола и забележа 13 асистенции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poraneshniot-kral-stana-svetets-marko-asensio-pristigna-na-parkot-na-printsovite/feed/ 0
ПСЖ ги објави првите две летни засилувања https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pszh-gi-objavi-prvite-dve-letni-zasiluvana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pszh-gi-objavi-prvite-dve-letni-zasiluvana/#respond Tue, 06 Jun 2023 04:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=842521

Францускиот фудбалски  шампион Пари Сен Жермен ги потврди првите две летни засилувања. Со денови се шпекулираше за преминот на Мануел Угарте и Марко Асенсио, а денес стигнува и официјална потврда за реализација на двата трансфери. Угарте е дефанзивен играч за врска, а по потреба може да заигра и на стоперската позиција. 24-годишниот Уругваец доаѓа од Спортинг Лисабон за сума од шеесет милиони евра. Второто засилување за ПСЖ е искусниот Марко Асенсио, кој пред само три дена се збогуваше со Реал Мадрид и веднаш потпиша договор со францускиот гигант. Шпанецот доаѓа во ПСЖ како слободен агент и без никаква отштета. „Светците“ најавија голем „ремонт“ во тимот, заминуваат тренерот Кристоф Галтие и неговиот стручен штаб, како и две од трите најголеми ѕвезди, Лионел Меси и Бразилецот Нејмар. .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pszh-gi-objavi-prvite-dve-letni-zasiluvana/feed/ 0
Марко Асенсио го напушта Реал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-asensio-go-napushta-real/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-asensio-go-napushta-real/#respond Sat, 03 Jun 2023 15:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=841757

Шпанскиот напаѓач Марко Асенсио најави денеска дека ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона и, според шпанските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во францускиот првак ПСЖ. „Дојде време да донесам тешка одлука. Одлучив да тргнам по нов пат во својата кариера за да постигнам нови цели“, порача Асенсио преку социјалните мрежи. Асенсио не откри која ќе биде неговата нова дестинација, а, според шпанските медиуми, тоа ќе биде Париз. Дваесетиседумгодишниот Асенсио го напушта Реал со импресивен рекорд од 17 трофеи, вклучувајќи три шпански и три титули во Лигата на шампиони. Во дресот на Реал одигра 285 натпревари и постигна 61 гол, пред утрешното завршно коло во Ла Лига во кое Кралскиот клуб го пречекува Атлетик Билбао.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-asensio-go-napushta-real/feed/ 0
Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-bi-mozhel-da-ja-prodolzhi-karierata-vo-pszh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-bi-mozhel-da-ja-prodolzhi-karierata-vo-pszh/#respond Sat, 27 May 2023 09:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=839332

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ, објави „ESPN“. Страните веќе преговараат, освен тоа, агентот на 27-годишниот Шпанец, Жорге Мендеш е во добри односи со спортскиот директор на парижаните Луис Кампос, што би можело да придонесе за зделка. За фудбалерот се заинтересирани и Астон Вила, Јувентус и Милан, но најпосакувана опција му е ПСЖ. Во сезоната 2022/23, Асенсио постигна 12 гола и осум асистенции на 50 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Фудбалерот реши да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен играч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-bi-mozhel-da-ja-prodolzhi-karierata-vo-pszh/feed/ 0
Марко Асенсио разочаран заминува од Реал Мадрид https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-asensio-razocharan-zaminuva-od-real-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-asensio-razocharan-zaminuva-od-real-madrid/#respond Sat, 27 May 2023 04:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=839265

Марко Асенсио е пред заминување од Реал Мадрид откако пропадна и последната рунда преговори за шпанскиот крилен офанзивец да го продолжи својот престој на „Сантијаго Бернабеу“. Актуелниот договор на Асенсио истекува на крајот од сезонава, а претседателот Флорентино Перез изрази надеж дека Шпанецот ќе остане во клубот, но тоа по се изгледа нема да се случи. Според последните информации, офанзивниот фудбалер останал разочаран што Реал по новите договори со Модриќ, Бензема и со Крос го оставил во заден план, воедно испраќајќи му понуда далеку пониска понуда од онаа што Асенсио ја очекувал. За Асенсио се интересираа клубови од Италија, понуда испрати и ПСЖ, но според последните информации тој е најблиску до преселба во Премиер-лигата, и тоа во таборот на Астон Вила]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/marko-asensio-razocharan-zaminuva-od-real-madrid/feed/ 0
Асенсио: Го сакам Реал и се надевам дека ќе останам овде https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-go-sakam-real-i-se-nadevam-deka-ke-ostanam-ovde/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-go-sakam-real-i-se-nadevam-deka-ke-ostanam-ovde/#respond Sun, 23 Apr 2023 19:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=826722

Напаѓачот на Реал Мадрид, Марко Асенсио изрази надеж дека ќе го продолжи договорот со „кралскиот клуб“. - Го сакам Реал Мадрид и се надевам дека ќе останам тука. Поминав низ многу тешки времиња, мадриѓаните ме поддржуваат, разбираат како се чувствувам и колку го сакам овој клуб, изјави Асенсио. Дваесет и седумгодишниот Шпанец го постигна првиот гол во синоќешната победа (2:0) над Селта. Важечкиот договор на Асенсио со Реал истекува ова лето. Тој оваа сезона забележа 40 настапи, постигна 10 гола и шест асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-go-sakam-real-i-se-nadevam-deka-ke-ostanam-ovde/feed/ 0
Анчелоти: Не ми е гајле дали ќе остане или ќе замине https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ancheloti-ne-mi-e-gajle-dali-ke-ostane-ili-ke-zamine/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ancheloti-ne-mi-e-gajle-dali-ke-ostane-ili-ke-zamine/#respond Fri, 17 Feb 2023 05:51:09 +0000 https://kurir.mk/?p=801539

Фудбалерот на Реал Мадрид Марко Асенсио засега не доби понуда за продолжување од управата на клубот што значи дека веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови. Тренерот Карло Анчелоти беше запрашан за иднината на Асенсио и даде интересен одговор. „Не знам дали ќе остане или ќе замине. Искрено, не ми е гајле. Имаме големи предизвици пред нас до крајот на сезоната и најважно е да го дава максимумот на теренот. Нека продолжи да игра вака, а клубот ќе донесе конечна одлука“, изјави Анчелоти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ancheloti-ne-mi-e-gajle-dali-ke-ostane-ili-ke-zamine/feed/ 0
Асенсио го постигна голот на сезоната за Реал Мадрид (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-go-postigna-golot-na-sezonata-za-real-madrid-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-go-postigna-golot-na-sezonata-za-real-madrid-video/#respond Fri, 03 Feb 2023 09:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=795602

Реал Мадрид синоќа триумфираше со 2-0 против Валенсија и така се врати на пет бодови негатива зад лидерот Барселона. Шпанскиот гигант го скрши отпорот на противниците, а головите ги постигнаа Маркос Асенсио и Винисиус Жуниор. Посебно неверојатен беше погодокот на Асенсио, кој за многумина е гол на сезоната во дресот на „кралевите“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/asensio-go-postigna-golot-na-sezonata-za-real-madrid-video/feed/ 0
Барса и Мендеш разговараат за можен трансфер на Асенсио https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barsa-i-mendesh-razgovaraat-za-mozhen-transfer-na-asensio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barsa-i-mendesh-razgovaraat-za-mozhen-transfer-na-asensio/#respond Mon, 23 Jan 2023 13:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=790738

Барселона е заинтересирана за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Според „Diario Sport“, каталонскиот клуб е во контакт со 27-годишниот фудбалер. Неговиот договор со Реал Мадрид е до јуни 2023 година. Агентот на Асенсио, Жорге Мендеш го понуди на многу клубови од Премиер лигата, но и на Барселона. Управа на каталонскиот клуб има блиски односи со Мендеш, а Асенсио е еден од играчите за кои зборуваат агентот и шефовите на Барса. Реал веќе му понуди нов договор на Асенсио, но играчот не беше задоволен од очекуваната плата. Страните не се договорија, бидејќи финансиските барања на играчот се поголеми од понудената сума. Асенсио се уште нема донесено конечна одлука за иднината. Постои можност тој да остане во Реал Мадрид. Крилниот напаѓач постигна три гола и пет асистенции на 22 натпревари за Мадрид оваа сезона во сите натпреварувања.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barsa-i-mendesh-razgovaraat-za-mozhen-transfer-na-asensio/feed/ 0