марко цепенков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 06:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марко цепенков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На денешен ден пред 102 години починал Марко Цепенков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-102-godini-pochinal-marko-cepenkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-102-godini-pochinal-marko-cepenkov/#respond Thu, 29 Dec 2022 06:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=781921

На 29 декември во 1920 година во Софија умрел Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на народни умотворби кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралните вредности. Автор е на драмското дело “Црне Војвода”, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги повеќепати преобјавувано во Македонија. Цепенков бил ориентиран кон сите жанрови на народното усно творештво, но сепак најмногу ги сакал приказните, цврсто уверен дека „Малите приказни голем ум даваат“! Во вкупниот број публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5.500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.) Роден бил во Прилеп, на 7 ноември 1829 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pred-102-godini-pochinal-marko-cepenkov/feed/ 0
193 години од раѓањето на Марко Цепенков, најзначајниот собирач на народни умотворби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/193-godini-od-ragjanjeto-na-marko-cepenkov-najznachajniot-sobirach-na-narodni-umotvorbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/193-godini-od-ragjanjeto-na-marko-cepenkov-najznachajniot-sobirach-na-narodni-umotvorbi/#respond Mon, 07 Nov 2022 08:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=756705

На 7 ноември во 1829 година во Прилеп е роден Марко Цепенков, еден од најистакнатите собирачи на македонскиот фолклор. Неговата автобиографија претставува богат избор за проучување на целокупниот живот на Прилеп од тоа време кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име. Умрел во Софија, на 29 декември 1920 година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/193-godini-od-ragjanjeto-na-marko-cepenkov-najznachajniot-sobirach-na-narodni-umotvorbi/feed/ 0
Онлајн промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков по повод стогодишнината од неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-promocija-na-osovremenetata-avtobiografija-na-marko-cepenkov-po-povod-stogodishninata-od-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-promocija-na-osovremenetata-avtobiografija-na-marko-cepenkov-po-povod-stogodishninata-od-negovata-smrt/#respond Tue, 29 Dec 2020 06:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=449634

„Автобиографијата“ на Марко Цепенков, која првпат е адаптирана на современ македонски јазик, ќе биде промовирана вечер на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Токму денеска се одбележуваат 100 години од смртта на Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја. – Својата „Автобиографија“ Цепенков ја пишува во 1896 година за да одговори на прашањето како станал собирач на народни умотворби. Но, ова осовременето издание има цел да го приближи текстот до најмладата публика и да им даде шанса да се запознаат со делата на Марко Цепенков уште во училишните клупи. Марко Цепенков речиси целиот свој живот го посветил на собирање народни приказни, песни и други фолклорни форми и неговата важност за македонската книжевност е непроценлива. Неговото богато творештво со објавени и необјавени дела го сочинуваат повеќе од 5500 поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, верувања и клетви, баења, соништа и нивни толкувања, детски игри, речници, описи на занаети итн, наведуваат од Арс Ламина публикации. Во ова издание на „Автобиографијата“ на Цепенков, посочуваат, направени се неколку адаптации од оригиналниот текст: неговиот прилепски говор е осовременет, според правилата на стандардниот литературен јазик, а текстот е поделен на поглавја за да се олесни процесот на читање. Изданието содржи и поговор од проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Модератор на онлајн-настанот ќе биде уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, додека осврт на делото и на опусот на Цепенков ќе даде Славица Србиновска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Изданието е објавено од издавачката куќа „Арс Ламина“, како дел од едицијата „Читанки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-promocija-na-osovremenetata-avtobiografija-na-marko-cepenkov-po-povod-stogodishninata-od-negovata-smrt/feed/ 0
Научен собир за Цепенков: Неговите собрани материјали во целост сведочат за македонскиот идентитет, јазик и култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchen-sobir-za-cepenkov-negovite-sobrani-materijali-vo-celost-svedochat-za-makedonskiot-identitet-jazik-i-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchen-sobir-za-cepenkov-negovite-sobrani-materijali-vo-celost-svedochat-za-makedonskiot-identitet-jazik-i-kultura/#respond Wed, 04 Nov 2020 11:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=424841

Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ денеска организираат научен собир за 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на Марко Цепенков (1829, Прилеп – 1920, Софија), најпознатиот собирач на македонското усно народно творештво. Ермис Лафазановски, директор на Институтот за фолклор кој го носи името на Цепенков, истакна дека најпознатиот собирач на народни умотворби сè уште го нема заслуженото место во нашата културна меморија. Прв за неговото дело, рече, проговрил Блаже Конески во 1954 година кога рекол „…денес и во неговиот град и пошироко ретко кој му го знае името, а камоли да му го цени во право заслугите“. Благодарение на неколу интелектуалци од средината на 20 век, рече Лафазановски, името на Цепенков почна постепено да го зазема заслуженото место во нашата наука и култура. За тоа сведочи и десеттомното издание на неговите народни умотворби објавени во 1972 година. -Неговата оставнина ние, Македонците, денес, со право може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија. Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите песни, приказни, обичаи, преданија, легенди, нашата музика, инструменти, занаети, детски игри и, пред сè, нашите соништа. Денес ние треба да си признаеме дека му останавме должни, затоа што за разлика од другите собирачи на народни умотворби кои ги задолжија нашите генерации, како што се браќата Миладиновци, Шапкарев, Верковиќ, името на Марко Цепенков сè уште го нема своето заслужено место во нашата културна меморија, истакна Лафазановски. Го прогласи 21 век за век на Цепенков затоа што, рече, треба уште многу да направиме да му се одолжиме и тоа најдобро ќе го сториме ако неговите македонски народни умотворби станат дел од нашата филозофија за животот, која ќе им ја предадеме на идните поколенија. -Сто години по смртта на Цепенков, со оглед на сложената меѓународна политичка ситуација во која не по наша вина се наоѓаме, неговите собрани материјали, кои во целост сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура, денес треба да бидат многу поактуелни од нивната актуелност во 20 век. Треба да сме свесни дека овој век треба да биде уште еден почеток, уште една реактуализација на нашето минато заради заокружување на нашата иднина, посочи директорот на Институтот „Марко Цепенков“ кој годинава одбележува 70 години постоење. На отворањето на собирот, претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев истакна дека денес е општо прифатено гледиштето дека Цепенков не е обичен запишувач на народни умотворби, туку е и автор на проза, посочувајќи на неговата најпозната приказна „Силјан Штркот“ која ја нарече „негов поетски тестамент“. -Силјан Штркот содржи повеќе јасни наративи: судбината на народот и единката, односот меѓу „јатото“ и самотните птици, трагањето по сопствената изгубена личност, и преобразбата…., рече Коцарев. Академик Катица Ќулавкова, претседавач на научниот собир, изјави дека Цепенков со раскошното творештво е дел од македонската култура и културна историја и е меѓу личностите кои, како што рече, „што и да напишале во некои документи или под присила дека се по идентитет тоа или тоа“, всушност оставиле, рече таа, непроценлив доказ за македонската народна култура, македонскиот фолклор, јазик, етнос, специфики на македонскиот народ. – Тоа е она што нив ги идентификува, токму таа оставнина, тоа културно наследство што го имаме од Цепенков, а фолклористите го сметаат за најголемо запишувачко дело од народната култура, додаде Ќулавкова по повод собирот во МАНУ на кој денеска во три сесии ќе има 18 излагања за дејноста на Цепенков од академици и универзитетски професори. Во собирачката дејност на Цепенков се запишани повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди…)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchen-sobir-za-cepenkov-negovite-sobrani-materijali-vo-celost-svedochat-za-makedonskiot-identitet-jazik-i-kultura/feed/ 0
Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-bezumno-e-da-se-bara-da-si-go-ponishtime-drzavotvornoto-pravo-i-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-bezumno-e-da-se-bara-da-si-go-ponishtime-drzavotvornoto-pravo-i-identitet/#respond Wed, 04 Nov 2020 10:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=424774

Делата како што е творештвото на Марко Цепенков покажуваат дека македонскиот народ не е никаква комунистичка творба туку сосема нормално се развивал во согласност со сите законитости и модели на развој на балканските народи, европските народи, и во одредени услови и конституирал својата држава. Безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното право и идентитет. Ние никако не треба да се откажеме од нешто што ни е иманентно и инхерентно право и морално и научно и цивилизациско право. Ова го истакна денеска академик Катица Ќулавкова во изјава за медиумите по Научниот собир на тема „Одбележување 190 години од раѓањето на Марко Цепенков и 100 години од неговата смрт“ во организација на МАНУ -Не можеме ние да очекуваме Македонија со нејзината констелација каква што ја имала во крајот и втората половина на 19 век и почетокот на 20 век да добие така лесно посебна државност иако македонистите, конкретно точно таа група која освен што научно дала придонес и културно во развојот на македонската култура и во нејзина афирмација, дала придонес и во т.н. револуционерно движење. Тука спаѓа Чупески, Крсте Мисирков, Пулевски претходно, значи токму тие покажуваат дека македонската држава не можела да добие признание затоа што во таа балканска и европска констелација не добила поддршка од ниту една голема сила, а самите соседи постојано ја подвргнуваат на одредени порекнувања и релативизации по однос на идентитетот, нешто што еве во соодветни услови денес кога им се даде некаква можност го актуализираат. Затоа ние треба да работиме малку на тоа, на внатрешното единство идејно и национално да го зајакнуваме, а потоа да имаме и добри пријатели од Европа и пошироко од светот, вели Ќукавкова во коментар за акјтуелните бугарски условувања во делот на идентитетот и јазикот Таа нагласува дека историскатата вистина на која инсистира Бугарија не е единствена и непоречна и дека има доволно и факти и показатели за развојот на македонскиот јазик и култура. -Се разбира дека историската вистина не е единствена и не е непоречна, меѓутоа Бугарите се држат токму за таа догма дека историската вистина е на страна на бугарската перспектива на толкување на историјата што апсолутно не е точно. Колку повеќе читам јас лично и сите мои колеги, нашите историчари, македонската и културна и национална историја и сите движења што се случувале на оваа територија сфаќаме дека има доволно и факти и показатели дека македонскиот јазик си постои уште од пред илјадници години и дека си се развива сосема нормално, ја развива својата култура онака како што овозможувале условите на хегемонијата на која што бил подложен македонскиот народ, вели академик Ќулавкова Дополнително, појаснува таа, во моментот кога се формираат другите држави Македонија трпела од експанзионистичките претензии на Бугарија, на Грција и на Србија. -И сега тоа ни се зема повторно како некој претекст за да се негира нашето современо право да имаме своја држава. Мислам дека дури не би ја користела политичката фраза на црвена линија. Напросто е безумно и тоа веќе европската интелигенција го гледа и безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното право, да си го поништиме самите и потекло и идентитетот кои се целите на тоа потекло, вели таа. Според неа, со Преспанскиот договор се одрековме од антиката иако, вели, имаме право како дел од таа територија и веројатно делумно и популација да се повикуваме на неа, а со откажување од нашето минато се оди во прилог на тезите на Бугарија. -Ако се откажеме од нашето минато фактички, не само што ќе бидеме без корени, ќе создадеме политички амбиент за Бугарија да каже еве тоа е нашето бугарско малцинство, бугарско малцинство кое во дадени историски и политички околности се издвоило во составот на Кралството Југославија или во бивша Југославија или како самостојна држава. Ние не треба тоа да го кажеме зашто ние суштински и де факто не сме исти народ. Ние сме биле два соседни народи кои биле како и многу други народи заедно во составот на големите империи. Во таа смисла ние ја споделуваме историјата на Византија или историјата на Римската империја ако тие воопшто биле во тоа време тука оти македонските славјани докажано и словенските Македонци дека живееле, домородни се на оваа територија. За Бугарите има и други теории, јас не навлегувам во тоа оти не сум историчар. Меѓутоа ние никако не треба да се откажеме од нешто што ни е иманентно и инхерентно право и морално и научно и хумано, значи цивилизациско право, вели академик Катица Ќулакова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-bezumno-e-da-se-bara-da-si-go-ponishtime-drzavotvornoto-pravo-i-identitet/feed/ 0