Марко Чадеж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 12:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марко Чадеж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juli-ke-pochne-da-funktsionira-otvoreniot-pazar-na-trud-megu-srbija-albanija-i-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juli-ke-pochne-da-funktsionira-otvoreniot-pazar-na-trud-megu-srbija-albanija-i-makedonija/#respond Tue, 23 May 2023 12:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=837907

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан истакна дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, што ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и економиите на членките на Иницијативата, јави дописникот на МИА од Белград. Чадеж на ТВ Пинк изјави дека саемот на вино во Белград „Винска визија на Отворениот Балкан“ и саемот на вино „ВинИтали“ во Верона беа одлични можности за промоција на регионот и на нови деловни зделки. -Важно е ние да соработуваме во регионот, но и да разговараме многу активно со ЕУ за што поскоро да добиеме влез на единствениот европски пазар и да ги уживаме четирите слободи. Тоа не е само прашање на нашиот економски опстанок, туку и европско безбедносно прашање, консолидација на ресурсите, идни иновации …, рече Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС. Тој додаде дека постои јасен правен модел и примери како другите европски земји станале членки на единствениот европски пазар и посочи дека од клучно значење е да се започне нова комуникација и динамика на разговори со ЕУ. -Единствен пазар што е можно поскоро, четирите слободи што е можно поскоро, српската економија и граѓаните на Србија во структурите на Европа што е можно поскоро, рече Чадеж. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juli-ke-pochne-da-funktsionira-otvoreniot-pazar-na-trud-megu-srbija-albanija-i-makedonija/feed/ 0
Чадеж: Охрид има потенцијал за заеднички инвестиции во туризмот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadez-ohrid-ima-potencijal-za-zaednichki-investicii-vo-turizmot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadez-ohrid-ima-potencijal-za-zaednichki-investicii-vo-turizmot/#respond Tue, 26 Jul 2022 11:21:40 +0000 https://kurir.mk/?p=710338

Охрид е град со многу потенцијал за развој на туризмот и дава можности за нови заеднички инвестиции во регионот, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, јави допсиникот на МИА од Белград. За време на посетата на Охрид, тој за срспките медиуми изјави дека на територијата околу Охридското Езеро има многу простор за подобрување и проширување на сместувачките капацитети, но и дека туристичката понуда треба да се заокружи со нови капацитети кои би привлекле туристи од целиот свет. На крајот на минатата недела Чадеж се сретна со претставници на стопанските комори на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора по повод соработката во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). -Се договоривме дека би било добро да има уште подобри и поразвиени сместувачки капацитети и други содржини и на тоа секогаш можеме да работиме, а токму тоа го сакаат нашите стопанственици и во тоа гледаат потенцијал, кажа Чадеж. Тој оцени дека, без разлика на светската криза, туристичката сезона во Охрид годинава е добра и дека има гости]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadez-ohrid-ima-potencijal-za-zaednichki-investicii-vo-turizmot/feed/ 0
Српска стопанска комора: Mакедонските и албанските компании бесплатно да го користат Бизнис хабот на Експо Дубаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpska-stopanska-komora-makedonskite-i-albanskite-kompanii-besplatno-da-go-koristat-biznis-habot-na-ekspo-dubai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpska-stopanska-komora-makedonskite-i-albanskite-kompanii-besplatno-da-go-koristat-biznis-habot-na-ekspo-dubai/#respond Mon, 01 Nov 2021 15:08:42 +0000 https://kurir.mk/?p=589309

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж денеска разговараше со претставниците на Албанија и Македонија и ги посети нивните павилјони на Eкспо 2020 Дубаи. Чадеж ги повика бизнисмените и компаниите од Македонија и Албанија да како членки на иницијативата Отворен Балкан, целосно бесплатно да го користат Бизнис хабот на Србија, со сета поддршка и помош во договорите за нови бизниси со партнери не само од ОАЕ, туку и од целиот свет, јави дописникот на МИА од Белград. -На располагање имате 600 квадратни метри работен простор во Слободната зона Дубаи Југ, каде што работат голем број големи светски компании, од Икеа до најголемите светски производители. Ние ќе ви обезбедиме услови да се претставите, да се поврзете, да организирате B2B состаноци, во текот на сите шест месеци на Светската изложба Ехпо 2020 Дубаи. Ги повикувам бизнисмените од Северна Македонија и Албанија да го користат Бизнис хабот како свој. Ова е дел од заедничката иницијатива „Отворен Балкан“ и само на тој начин можеме да бидеме посилни, кажа Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС. Во разговор со Бекри Ајдини, генералниот комесар на Македонија на Експо 2020 Дубаи Чадеж ја истакна важноста од учеството на нашите земји на оваа најголема светска изложба. -На оваа изложба учествуваа повеќе од 350 бизнисмени од Србија, некои веќе склучија договори за нови бизниси и ги поканувам сите компании од Северна Македонија да ги искористат сите можности што ги дава нашиот Бизнис Хаб, ние сме тука да помогнеме да организираме состаноци, ќе ставиме на располагање се што ќе ви биде потребно. Бидејќи ние сме еден регион, една економија, еден пазар, кажа Чадеж. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpska-stopanska-komora-makedonskite-i-albanskite-kompanii-besplatno-da-go-koristat-biznis-habot-na-ekspo-dubai/feed/ 0