марко дај побрзај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Aug 2021 13:36:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марко дај побрзај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се ожени водителот Марко – „Дај, побрзај“ Новески: Првиот брачен бакнеж со маски, за првата брачна ноќ… маска не треба! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-ozeni-voditelot-marko-daj-pobrzaj-noveski-prviot-brachen-baknez-so-maski-za-prvata-brachna-nokj-maska-ne-treba-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-ozeni-voditelot-marko-daj-pobrzaj-noveski-prviot-brachen-baknez-so-maski-za-prvata-brachna-nokj-maska-ne-treba-foto/#respond Fri, 27 Aug 2021 13:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=555671

Неговото вистинско име е презиме Марко Новески, но сите го знаат како „Марко – дај побрзај“, зашто остана така запаметен по емисијата „Дај, побрзај“, која го лансираше и прослави на ТВ екраните како еден од најпопуларните водители. Луциден, откачен,забавен, непредвидлив, секогаш расположен, насмеан и весел… И вечен ерген… Ама само до вчера, кога вечно насмеаното момче „падна“… И тоа во прегратките на брачниот живот! Имено, Марко вчера го стави својот параф, својот потпис во книгата на венчаните. И младоженецот и невестата во сега модерната бело – жолта комбинација, тој и неговата животна избраничка, станаа брачни другари. Марко и невестата ( без невестински фустан и бел вел) Цена Плавевска, си ветија љубов до крајот на животот, онака свечено но, кежуал облечени, пред сведоците во кругот на семејството и најблиските пријатели. „Се оженииииив. Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка М. за стручната логистика околу овој чин“ – напиша тој на Инстаграм споделувајќи фотографии од церемонијата на стапување во брачните води. Уште кога се свршија во февруари годинава, водителот рече дека сакаат „свадба голема“, арно ама корнапандемијата потраја, а љубовта и брачните обврски не можат да чекаат, па свадбата ќе ја пролонгираат за некои подобри времиња. Можеби во пакет со крштевка? Вака, во овие услови и моментот на првиот брачен бакнеж им беше со маски, кои до душа за миг ги симнаа, за да го обават и овековечат чинот! За првата брачна ноќ, маска не треба! Вистина.ком.мк им посакува да се среќни и вечни и… Невестата „пеперутките во стомак“ време е да ги замени со нешто друго. Затоа, Марко, дај побрзај… Знаеш што е сега на ред!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-ozeni-voditelot-marko-daj-pobrzaj-noveski-prviot-brachen-baknez-so-maski-za-prvata-brachna-nokj-maska-ne-treba-foto/feed/ 0