Марко Ѓуриќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 15:26:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марко Ѓуриќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓуриќ: Сакаме НАТО да ја преземе контролата на северот на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gurik-sakame-nato-da-ja-prezeme-kontrolata-na-severot-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gurik-sakame-nato-da-ja-prezeme-kontrolata-na-severot-na-kosovo/#respond Fri, 29 Sep 2023 15:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=883340

Амбасадорот на Србија во Вашингтон, Марко Ѓуриќ, во гостување на американска телевизија Newsmax изјави дека единствениот начин на кој Србија гледа напред е силите на НАТО да ја преземат контролата врз северот на Косово, објавија косовските медиуми. „Единствениот пат што го гледаме, иако можеби ви звучи чудно да го слушнете ова од амбасадорот на Србија, е НАТО да преземе одговорност на северот на Косово наместо специјалните сили на Курти. Ние исто така бараме независна меѓународна истрагa na она што се случи, бидејќи беше нападнат српскиот манастир, беа убиени тројца локални Срби, како и еден косовски полицаец, но кој според постоечките договори не требаше да биде таму“, рече Ѓуриќ. Ѓуриќ додаде дека косовскиот премиер Аlбин Курти, пред сè, со испраќањето на своите специјални сили на северот на Косово извршил насилство врз постоечките договори. Според него, Курти за 20 месеци буквално уништил се што меѓународната заедница постигнала на Косово за две децении. „Тој го избриша раководството на САД и ЕУ од секој договор, ја замени постоечката полициска структура во северно Косово со неговата моноетничка албанска специјална полиција и се насочи кон Србите во северно Косово. Како резултат на тоа, за жал видовме дестабилизација и простор за опасни влијанија“, рече Ѓуриќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gurik-sakame-nato-da-ja-prezeme-kontrolata-na-severot-na-kosovo/feed/ 0
Ѓуриќ: Тачи отвора нови кризни жаришта, идејата за Голема Албанија е минато https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-tachi-otvora-novi-krizni-zarishta-idejata-za-golema-albanija-e-minato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-tachi-otvora-novi-krizni-zarishta-idejata-za-golema-albanija-e-minato/#respond Mon, 01 Jul 2019 18:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=214562

Отворањето нови кризни жаришта не може да му помогне на Тачи, ниту пак на граѓаните на Косово и Метохија, изјави директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, откако косовскиот претседател Хашим Тачи достави до Собранието на разгледување и усвојување нацрт-резолуција за барањата на Албанците од Прешевската Долина, област во јужна Србија населена со мнозинско албанско население, за обединување со Косово. Според Ѓуриќ, Хашим Тачи потврдил дека води неодговорна политика. -Поттикнувањето на идеи за некакво присоединување на општините од Врањската котлина кон самопрогласено Косово е исто што и повик на ескалација на омразата и недовербата меѓу жителите на Прешево, Бујановац и Медвеѓа, рече Ѓуриќ. Според него во Прешево поголемиот дел од жителите се Албанци, во Бујановец повеќе од половина од жителите не се Албанци, додека во Медвеѓа, Албанците се во симболичен број, но сепак сите живеат во мир и во нормални односи со своите соседи Срби. Ѓуриќ порача дека идеите на Тачи за така наречена голема Албанија се дел од мрачниот и засекогаш поразен шовинистички проект. -Како државјанин на Србија, Тачи би требало да знае дека волјата на народот од Србија, без разлика на националноста, а изразена со векови наназад, е покраината во која е и тој роден да биде составен дел од Србија и дека сепаратизмот и идејата за Голема Албанија се минато, истакна Ѓуриќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-tachi-otvora-novi-krizni-zarishta-idejata-za-golema-albanija-e-minato/feed/ 0
Ѓуриќ: Нема услови да продолжи дијалогот Белград – Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-nema-uslovi-da-prodolzi-dijalogot-belgrad-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-nema-uslovi-da-prodolzi-dijalogot-belgrad-prishtina/#respond Fri, 07 Sep 2018 09:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=97580

Претседателот на Србија Александар Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел.Тоа го изјави Марко Ѓуриќ директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија. Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел требаше по бирателарниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини да се одржи и заеднички трилатерален состанок на Вучиќ, Могеини и косовскиот претседател Хашим Тачи. Тој додаде дека „нема ни најмалку услови да продолжи дијалогот во Брисел“. Ѓуриќ изјави дека во тимот на претседателот поделени се мислењата дали Вучиќ треба да оди во посета на Косово. - Ако оди сигурно ќе го посети езерото Газивода, нагласи Ѓуриќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-nema-uslovi-da-prodolzi-dijalogot-belgrad-prishtina/feed/ 0
Ѓуриќ: Без договор меѓу Белград и Приштина, ќе дојде до судири https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-bez-dogovor-megju-belgrad-i-prishtina-kje-dojde-do-sudiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-bez-dogovor-megju-belgrad-i-prishtina-kje-dojde-do-sudiri/#respond Thu, 19 Jul 2018 14:17:26 +0000 https://kurir.mk/?p=78819

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуричќ изјави денеска дека Србија мора да биде свесна за последиците доколку не се постигне договор со Приштина, а тоа би било враќање на Србија и регионот во судири. Тој вели дека Србија денес е соочена со дилемата дали сака да постигне догвоор или не, но мора  да биде свесна за она што ќе се случи доколку не се случи договор. - Доколку не постигнеме договор, бидете сосема сигурни дека работите нема да може да останат вакви какви шпто се. Во следните неколку години сосема е сигурно дека би ја вратиле нашата држава и регионот во некој вид судир. Нема да може да осигураме дека нашите деца нема да гинат, изјави Ѓуриќ за РТС. Според него, во дијалогот со Приштина има „сериозно и тешко“ условување“. На прашањето за евентуална поделба на Косово или размена на територии за столче во ОН, Ѓуриќ избегна одговор и рече дека што и да добие Србија ќе биде повеќе октолку што има денес.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-bez-dogovor-megju-belgrad-i-prishtina-kje-dojde-do-sudiri/feed/ 0
Директорот на српската Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ оди на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-srpskata-kancelarija-za-kim-marko-gjurikj-odi-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-srpskata-kancelarija-za-kim-marko-gjurikj-odi-na-kosovo/#respond Sat, 07 Apr 2018 11:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=37572

Директорот на српската владина Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ, кој пред 12 дена беше приведен и депортиран од Косово, денеска ќе замине повторно за северно Косово да присуствува на полноќна Велингденска литургија во манастирот Бањска. Таа информација е потврдена и од Министерството за надворешни работи во Приштина, како и од советникот на шефот на дипломатијата Јетлир Зиберај, кој за весникот Газета експрес изјави дека „посетата е одобрена“. - Барањето за посетата е одобрено во духот на мирот и разбирањето по повод православниот празник Велигден, изјави Зиберај, додавајќи дека Ѓуриќ, како и сите останати верници имаат право да се молат во  која било црква во која сакаат. - Правилата ќе се прочитуваат бидејќи тој се соочува со новата реалност на Косово и со оваа реалност се запознати сите српски државни функционери, изајви Зиберај. Заминувањето на Марко Ѓуриќ на Косово се случува само по 12 дена од неговото приведување и инцидентите во Косовска Митровица на 26 март, кои Приштина го аргументираше како негова провокација и непочитувањето на процедурите за посетата, по што тој беше депортиран од Косово. Србија потоа го стопираше Бриселскиот дијалог со Косово, а преставниците на српската листа ја напуштија косовската влада и започнаа со изработка на статутот на Заедницата на српски општини, со што српско-косовските односи уште повеќе се заострија. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-srpskata-kancelarija-za-kim-marko-gjurikj-odi-na-kosovo/feed/ 0
Ѓуриќ откри зошто беше уапсен и измачуван во Косово, причината е иронична реакција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-otkri-zoshto-beshe-uapsen-i-izmachuvan-vo-kosovo-prichinata-e-ironichna-reakcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-otkri-zoshto-beshe-uapsen-i-izmachuvan-vo-kosovo-prichinata-e-ironichna-reakcija/#respond Tue, 03 Apr 2018 07:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=35547

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ синоќа во „Кирилица“ откри што се случило во Брисел непосредно пред апсењето во Косовска Митровица, што било тоа што толку ја изнервирало приштинската делегација. Непсоредно по хаосот во Косово, кога беше грабнат Ѓуриќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека еден потег на Ѓуриќ на станокот во Брисел ги изиритирал претставниците на „лажната држава Косово“. Ѓуриќ вечерва откри кој е тој потег. – Им се насмеав, рече Ѓуриќ. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија објасни дека токму таа нсмевка ги збеснала Албанците, кои тогаш отворено му се заканиле. – „Ќе ме запамтиш“, тоа ли ти рекоа, го праша новонарот Ѓуриќ, а тој одговори: – Нешто во тој стил. Ѓуриќ објасни дека неговата насмевка била иронична реакција на нереалните барања на приштинската делегација. -Не можат да очекуваат ништо да не дадат, а Србија да им даде се, го повтори ставот на српските власти. Марко Ѓуриќ беше уапсен на 26-ти март при посета на Косовска Митровица. Апсењето го спроведоа специјалните единици на косовската полиција. Беше тепан и понижуван и протеран во централна Србија, каде што му беше укажана прва помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-otkri-zoshto-beshe-uapsen-i-izmachuvan-vo-kosovo-prichinata-e-ironichna-reakcija/feed/ 0
Војна: Ѓуриќ и Харадинај ги вкрстија копјата на Фејсбук и Твитер (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vojna-gjurikj-i-haradinaj-gi-vkrstija-kopjata-na-fejsbuk-i-tviter-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vojna-gjurikj-i-haradinaj-gi-vkrstija-kopjata-na-fejsbuk-i-tviter-foto/#respond Thu, 29 Mar 2018 13:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=34237

Инцидентот од северот на Косово, кој започна во понеделникот, 26 март, кога е уапсен директорот на Канцеларијата за КиМ, се прели на социјалните мрежи бидејќи Марко Ѓуриќ преку Твитер му одговори на Фејсбук постот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Тој во текот на вчерашниот ден на ФБ напиша дека нема да има поделба на Косово, ниту пак ќе има размена на територии, како и дека Српската листа треба да се врати на маса и дискутира за заеднички теми за добробит на сите граѓани. -Ултиматумот е погрешен пристап, единствена формула е легитимна и уставна основа. Претседателот на Србија, Вучиќ треба да разбере дека нашето трпение не е безгранично  и дека ќе го браниме своето право-напишал Харадинај. Во текот на денот се јави и Марко Ѓуриќ кој оцени дека во Приштина на функција се луѓе кои не сакаат мир, туку подготвуваат војна. -Во право е Рамуш Харадинај дека нема да има поделба и размена на територии на Косово и Метохија, бидејќи целата територија е дел од Србија- напишал Ѓуриќ на Твитер. Претставниците на општините со мнозинско српско население на КиМ најавија дека од 24 април би требало самостојно да формираат ЗСО, во случај во нарендите три недели Приштина не почне да превзема нешто во склад со Бриселскиот договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vojna-gjurikj-i-haradinaj-gi-vkrstija-kopjata-na-fejsbuk-i-tviter-foto/feed/ 0
Таа го уапсила Марко Ѓуриќ и сакала да пука: Ова е миленичката на Харадинај (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/taa-go-uapsila-marko-gjurikj-i-sakala-da-puka-ova-e-milenichkata-na-haradinaj-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/taa-go-uapsila-marko-gjurikj-i-sakala-da-puka-ova-e-milenichkata-na-haradinaj-foto/#respond Thu, 29 Mar 2018 08:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=34103

Марко Ѓуриќ едвај извлече жива глава од Косово. Снимките од бруталниот упад на припадниците на РОСА единицата во Митровачкиот двор го обиколија регионот. Меѓу оние кои го држеа оружјето и нишанеа на народот, како што пренесуваат косовските медиуми, била и Маригона Беадини, блиска пријателка на Рамуш Харадинај и некогашна боксерска шампионка. Маригона го претставуваше Косово на меѓународниот натпревар во бокс и карате, после што решила да се придружи на РОСА, се наведува во текст на „бота.сот“. Фотографите на социјалните мрежи од почетокот на кариерата на кои Беадини е прегрната со Харадинај покажува дека некогашниот командант на ОВК од самиот старт ја поддржувал својата миленичка и дека е подготвен да и повери и најделикатни задачи. Според приштинските медиуми, Маригона е единствена членка на злогласната единица РОСА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/taa-go-uapsila-marko-gjurikj-i-sakala-da-puka-ova-e-milenichkata-na-haradinaj-foto/feed/ 0
Ѓуриќ: Во Приштина не сакаат мир, тие подготвуваат војна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-vo-prishtina-ne-sakaat-mir-tie-podgotvuvaat-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-vo-prishtina-ne-sakaat-mir-tie-podgotvuvaat-vojna/#respond Wed, 28 Mar 2018 21:05:30 +0000 https://kurir.mk/?p=34019

Од изјавата на Рамуш Харадинај на сите им стана јасно дека во Приштина на функции се лица кои не сакаат мир, туку подготвуваат војна, вели директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. „Харадинај е во право што вели дека не може да има поделба и размена на територии на Косово и Метохија, бидејќи целата територија на КиМ е дел од Република Србија“, напиша Ѓуриќ на Твитер, одговарајќи на последните ставови на косовскиот премиер. Харадинај претходно порача преку Фејсбук дека нема да има поделба на Косово, ниту пак ќе има размена на територии. „Српскиот претседател Александар Вучиќ треба да разбере дека нашето трпение не е бесконечно и дека ќе го браниме нашето право“, напиша Харадинај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-vo-prishtina-ne-sakaat-mir-tie-podgotvuvaat-vojna/feed/ 0
Ѓуриќ: Ме влечеа како куче за да ме понижат, се закануваа со калашников и викаа „Алах акбар“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-me-vlechea-kako-kuche-za-da-me-ponizat-se-zakanuvaa-so-kalashnikov-i-vikaa-alah-akbar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-me-vlechea-kako-kuche-za-da-me-ponizat-se-zakanuvaa-so-kalashnikov-i-vikaa-alah-akbar/#respond Tue, 27 Mar 2018 13:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=33606

„Тоа за мене не се полицајци, туку е разулавена терористичка банда“, рече шефот на српската канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. Тој прв пат се обрати до јавноста по апсењето, изјави дека е горд на српскиот народ кој се бранеше за време на настанот. Ѓуриќ изјави дека вчера албанските сепаратисти, како што ги нарече, се обиделе на брутален начин, со насилство и терор да го заземат северот на Косово. Тој додаде дека припадниците на полицијата го влечеле како куче, го тегнеле за вратоврската по улица. Сето тоа го правеле, како што вели, обидувајќи се да го понижат. -Се обидоа да ме понижат. Освен удари, набивање на главата на колениците и правење на селфија, се обидоа да ме заплашат, набивајќи ми калашников во стомакот. Еден од нив извлече и нож. На патот кон Приштина викаа „Алах акбар, ракажа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија. Според неговите зборови кога го извадиле од транспортерот и го воделе низ улиците во Приштина, целта била да го стават во некој подрум. -Да не беше еден повик од Белград, насилството во Митровица и теророт над Србите ќе продолжеше. Фала богу, заврши, рече Ѓуриќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gjurikj-me-vlechea-kako-kuche-za-da-me-ponizat-se-zakanuvaa-so-kalashnikov-i-vikaa-alah-akbar/feed/ 0