маркова река – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jun 2022 19:09:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маркова река – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Настов: ЈП Улици и патишта со итна интервенција веднаш го обезбеди критичното место на мостот кон Драчево, работиме на конретно решение https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nastov-jp-ulici-i-patishta-so-itna-intervencija-vednash-go-obezbedi-kritichnoto-mesto-na-mostot-kon-drachevo-rabotime-na-konretno-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nastov-jp-ulici-i-patishta-so-itna-intervencija-vednash-go-obezbedi-kritichnoto-mesto-na-mostot-kon-drachevo-rabotime-na-konretno-reshenie/#respond Fri, 10 Jun 2022 19:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=689355

Директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов во гостување на вестите во Телевизија 24 денеска истакна дека во координација со службите од Градот Скопје екипите уште во текот на минатата ноќ го обезбедиле критичното место на мостот кон Драчево, на улицата Јустинијан Први каде е настанато негово оштетување и во текот на следниот период ќе работат на изнаоѓање на конретни решенија за санација и негова реконструкција. -ЈП Улици и патишта го обезбеди критичното место, уште вчера во попладневите часови за да не транзитираат возилата во тој дел и граѓаните да внимаваат кога транзитираат на овој потег, во текот на денешниот ден се изврши поставување на челична плотна со соодветна дебелина за да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег, истакна Настов. Тој појасни дека службите од Град Скопје уште во 2018 година утврдиле потреба од итно интервенирање на овој мост кој е стар повеќе од 50 години, како и дека станува збор за дел од регионален пат кој има поделени надлежности за кои и Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта има обрска за постапување. Настов истакна дека во насока на брза интервенција и обезбедување на несакани последици од несоодветно одржување со години наназад, службите од Градот и ЈП Улици и патишта ќе пристапат кон соодветно решавање, санација или целосна реконструкција на ваквите критични места. - Апелираме до надлежните институции со цел да се избегнат дополнителни оштетувања и загрозување на безбедноста се до целосна реализација на санацијата да не се дозволи транзит на тешки товарни возила на тој потег, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nastov-jp-ulici-i-patishta-so-itna-intervencija-vednash-go-obezbedi-kritichnoto-mesto-na-mostot-kon-drachevo-rabotime-na-konretno-reshenie/feed/ 0
ЈП Улици и патишта со дополнителна сигнализација за безбедно движење на возилата кон оштетувањето кое се појави на мостот пред Маркова Река https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-ulici-i-patishta-so-dopolnitelna-signalizacija-za-bezbedno-dvizenje-na-vozilata-kon-oshtetuvanjeto-koe-se-pojavi-na-mostot-pred-markova-reka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-ulici-i-patishta-so-dopolnitelna-signalizacija-za-bezbedno-dvizenje-na-vozilata-kon-oshtetuvanjeto-koe-se-pojavi-na-mostot-pred-markova-reka/#respond Fri, 10 Jun 2022 14:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=689278

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминатата ноќ поставија светлосна сообраќајна опрема и ја обезбедија големата дупка која се појави на мостот кај Маркова река пред скопската населба Драчево. Ошетувањето беше забележано од страна на инспектор за сообраќај во Град Скопје и пријавата беше проследена во најкус можен рок, со цел екипите на Улици и патишта да можат навремено да ја обезбедат истата. Како моментално решение на местото на оштетувањето во асфалтот се интервенираше со поставување на две челични плочи со должина од три метри и широчина од два метри. Дополнително се поставени и сообраќајни знаци за предупредување и намалување на брзината на движење на возилата, а потоа во корелација со надлежните служби од Град Скопје ќе се работи на изнаоѓање на конечно решение за ова оштетување. ЈП Улици и патишта апелираат да се избегне движење на тешки товарни возила, за да не се предизвикаат дополнителни оштетувања и да не се предизвика поголема опасност за безбедноста на возилата и граѓаните кои поминуваат на овој потег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-ulici-i-patishta-so-dopolnitelna-signalizacija-za-bezbedno-dvizenje-na-vozilata-kon-oshtetuvanjeto-koe-se-pojavi-na-mostot-pred-markova-reka/feed/ 0
Еко-свест: При изградба на малите хидроцентрали затрупана Маркова Река, да се одземе концесијата и да се поправи состојбата на реката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/#respond Wed, 11 Aug 2021 07:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=549036

И покрај сите апели, барања и предупредувања од граѓанските организации да се почитуваат мерките за заштита на животната средина, Маркова Река деновиве ја затекнавме комплетно затрупана со камења, карпи и земја како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани што се градат во погорниот тек на оваа река, информира НВО Еко-свест. Оттаму истакнуваат дека по алармирање од локалното население, деновиве излегле на терен и дека бараат Министерството за животна средина да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145, а концесионерот да ја поправи состојбата на реката. -Реката и речното корито се целосно уништени. Цели сегменти од реката се затрупани со материјал од градежните активности, при што е оневозможено нормално течење на реката и е уништен целиот екосистем. Според членот 44 од Законот за води „носителот на дозволата не ја врши дејноста согласно со условите утврдени со дозволата, односно врши битна и континуирана повреда на условите за вршење на дејноста од јавен интерес утврдени во дозволата“, и надлежниот орган треба да постапи. Според член 49 од истиот закон треба да се одземе водното право на концесионерот во случај кога е загрозено здравјето на луѓето и природната рамнотежа на водните екосистеми и екосистемите зависни од вода, велат од Еко-свест. Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест нагласува дека штетата која е направена не може да се надомести. -Живиот свет во и околу реката е загрозен, видливи беа мртви речни ракови кои едноставно останале заглавени во странични вирчиња оставени да пресушат. Штетата која е направена не може да се надомести, станува збор за страшно уништување на природата и комплетно игнорирање на секој постоечки закон и правило. Повеќе години водиме борба со институциите да запре ваквата уништувачка изградба на мали хидроелектрани особено во подрачја богати со ретки, загрозени и ендемски видови. И покрај ветувањата од институциите сепак се дозволува вистинска еколошка катастрофа, посочи Чоловиќ Лешоска. Што е уште пострашно, додаде, ова се случува во моменти кога земјата е соочена со продолжена суша и пожари кои ја опустошуваат територија на државата и се води борба да се стигне до капка вода повеќе. -За нас ова е трагедија со долготрајни последици. Ништо што е живо не може да преживее без вода, вклучително и човекот. Бараме од Министерството за животна средина веднаш да започне постапка за раскинување на издадената концесија за хидроелектраните Маркова Река 143, 144 и 145 на концесионерот Индиго Хидро Македонија – Скопје по основ на грубо прекршување на сите законски одредби за заштита на животната средина и за добра градежна пракса. Исто така, бараме да се задолжи концесионерот да ја поправи состојбата на Маркова Река до степен до кој тоа е возможно. На долг рок, бараме од Владата да ги заштити своите граѓани и нивните извори на вода и ова да биде висок приоритет, порачуваат од Еко-свест и нагласуваат дека е потребна итна реакција поради моменталната состојба со продолжениот топлотен бран и ризикот по човековото здравје и животната средина.вј/са/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-pri-izgradba-na-malite-hidrocentrali-zatrupana-markova-reka-da-se-odzeme-koncesijata-i-da-se-popravi-sostojbata-na-rekata/feed/ 0
Скопјанка тешко повредена: Дрво паднало врз неа, завршила во Маркова Река https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-teshko-povredena-drvo-padnalo-vrz-nea-zavrshila-vo-markova-reka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-teshko-povredena-drvo-padnalo-vrz-nea-zavrshila-vo-markova-reka/#respond Fri, 03 Aug 2018 11:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=84182

Скопјанка е тешко повредена во несреќен случај регистриран од полицијата вчера околу 15:35 часот. Имено, додека В.С. (55) од Скопје со нејзиниот син Д.С. (25) седела до Маркова Река позади Марков Манастир почнало да врне и дува силен ветар. Од силниот ветер паднало дрво врз В.С., по што жената паднала во реката. -Од страна на нејзиниот син и други граѓани дрвото било тргнато, а В.С. била извадена до реката. Поради здобиените повреди таа била префрлена во Ургентен Центар при клинички центар „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош, информираат од МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanka-teshko-povredena-drvo-padnalo-vrz-nea-zavrshila-vo-markova-reka/feed/ 0