маркови кули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Oct 2019 07:18:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маркови кули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се очекува за две години „Марковите Кули“ да бидат на постојаната листа на УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-ochekuva-za-dve-godini-markovite-kuli-da-bidat-na-postojanata-lista-na-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-ochekuva-za-dve-godini-markovite-kuli-da-bidat-na-postojanata-lista-na-unesko/#respond Fri, 04 Oct 2019 07:18:58 +0000 https://kurir.mk/?p=247755

Прилеп е домаќин на дводневниот меѓународен научен собир „Доцносредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура“, на кој своите научни истражувања ги изнесуваат 27 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и од нашата земја. Според Бранко Ристески, директор на прилепскиот Институт за старословенска култура, организатор на конференцијата, која почна вчера, во соработка со локалната самоуправа, целта е да се дообјасни средновековниот Прилеп. -Целта е да добиеме релевантни податоци во еден културен контекст што се нарекува централно-балкански простор во кој се одвиваат процесите на развој на средновековниот Прилеп, изјави Ристески. Крајните цели го допираат прашањето за комплексот „Маркови Кули“ кој претендира да биде на постојаната листа на УНЕСКО. Ристески објаснува дека според текот на фазите, се очекува за година – две да се постигне посакуваното. – Првата фаза е формално-правна. Во моментов се изработува стратегиска оценка за загрозеноста на подрачјето на „Марковите Кули“ и планот за управување. Краен рок за доставување, паралелно со Охридскиот регион, е до крајот на овој месец, а формално-правно до крајот на годинава ќе биде завршена првата фаза. Паралелно, тече процесот на реноминација, како единство на културни и природни содржини. Со тоа ги правиме првите чекори кон официјализација на процесот. Очекуваме за една до две години комплексот „Маркови Кули“ да биде позициониран на постојаната листа на УНЕСКО, објаснува Ристески. Прилеп сака да се позиционира во научниот конгресен туризам со теми од културното наследство. -Секако ги имаме Охрид, Крушево, но за ваквите научни теми, за историјата на културното наследство, Прилеп има добра перспектива. Индиректно, сакаме да развиеме и „туристичка експлоатација“ на овој простор, рече Ристески. Учесниците денеска ја продолжуваат научната конференција со повеќе теми од доцно средновековниот период. Меѓу другите, ќе се најдат и темите за средновековни сведоштва за животот во Хераклеа, за средновековна Битола, како и за судбината на откриените антички градови во Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-ochekuva-za-dve-godini-markovite-kuli-da-bidat-na-postojanata-lista-na-unesko/feed/ 0
Комплексот Маркови кули претендира за Постојаната листа на УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kompleksot-markovi-kuli-pretendira-za-postojanata-lista-na-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kompleksot-markovi-kuli-pretendira-za-postojanata-lista-na-unesko/#respond Thu, 20 Sep 2018 13:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=103676

Марковите кули над Прилеп претендираат од Привремената да бидат ставени на Постојаната листа на светско наследство УНЕСКО, со што оваа природна реткост би била втора во Македонија на таа листа на организацијата на ОН, по охридскиот регион. Комплексот заслужува зашто е светски раритет, констатираат 30-ина учесници на првата меѓународна научна конференција што денеска и утре се одржува во Прилеп во организација на Институот за старословенска култура. Според д-р Елеонора Петрова, директор на Управата за заштита на културннното наследство, безрезервно комплексот „Маркови кули“ како биогеографска целина заслужува да биде на постојаната листа на УНЕСКО и Управата ќе помогне во тоа. - Биогеографската целина „Маркови кули“ се наоѓа на тентативната листа на културното наследство на УНЕСКО. Меѓутоа, поголем број локалитети во околните земји веќе успеале да ги спојат природното и културното наследство во една целина и да го презентираат како една синергија во природното и културното наследство. На пример, како што се планината Рила со Рилскиот манастир, планината Горја со Студеница кои се целини и влегуваат во природното и културното наследство на листите на УНЕСКО, рече Петрова. Според неа, за  „Маркови кули“ треба да се спои синергијата во природното и културното наследство и тоа, рече таа, е првиот чекор во таа насока. - Изнесувајќи го културното богатство во овој регион, кој траел од праисторијата па се до денес, заедно со биогеографската целина, ќе се направи првиот чекор кој ќе може да помогне во добивањето документ со кој ќе може да се излезе пред УНЕСКО и да се побараат овие, за нас, важни содржини. Важно е да се нагласи дека ЕУ во последните години многу посветува внимание на природното и културното наследство како синергија, како една целина. Советот на Европа има донесено декларација во 2014 година, ОН во 2015, а ЕУ во 2017 година токму во оваа насока - да се обезбеди синергија помеѓу природното и културното наследство и да се третираат како целина во природна и во културна смисла, истакна Петрова. Проф. Драган Колчаковски, геоморфолог од Природноматематичкиот факултет од Скопје нагласува дека „Маркови кули“ е впечатлив светски раритет и затоа во јуни 2004 беше ставен на привремената листа на УНЕСКО како светско природно наследство. - Оттогаш не сме направиле ништо Марковите кули да биде и на официјалната листа на светско природно наследство. Раритетни се, пред се, релјефните форми, геолошкиот состав, иако има и културни знаменитости низ цивилизациите со манастири, тврдина, кули. Специфично е што на мал простор се голем број релјефни форми, т.н. денудацијски релјеф, кои во светот се малку. Меѓу локалитетите со таков релјеф е Кападокија во Турција која годишно ја посетуваат четири  милиони туристи. Марковите кули засега, веројатно, годишно ги посетуваат од 2 000 до 3 000 луѓе. Кога би биле на официјалната листа како светско природно наследство, би имале гости од странство како што има Охридското Езеро, нагласи Колчаковски. Директорот на Институтот за старословенска култура-Прилеп, организатор на оваа прва меѓународна конференција за Маркови кули, рече дека излагањата ќе бидат публикувани во меѓународното  научно списание што, рече, ќе биде основа за подготовка на досие за номинација на Марковите кули на Постојаната листа на УНЕСКО. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека веќе преземаат чекори за туристичка популаризација на комплексот со проект на УНДП вреден 100 000 долари за пристапни патеки, осветлување и поставување урбана опрема.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kompleksot-markovi-kuli-pretendira-za-postojanata-lista-na-unesko/feed/ 0