Марош Шефчович – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 18:35:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марош Шефчович – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Марош Шефчович именуван за нов извршен потпретседател на Европската комисија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-imenuvan-za-nov-izvrshen-potpretsedatel-na-evropskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-imenuvan-za-nov-izvrshen-potpretsedatel-na-evropskata-komisija/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=869768

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го именува потпретседателот на ЕК за меѓуинстутционални односи Марош Шефчович за нов извршен потпретседател на Комисијата задолжен за спроведување на Европскиот зелен договор. Шефчович доаѓа на местото на Франс Тимерманс, кој се повлече од Европската комисија за да биде кандидат за холандски премиер на блокот на неговата Лабуристичка партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на парламентарните избори во Холандија закажани за 22 ноември. При именувањето на Шефчович, фон дер Лајен истакна дека тој е еден од најискусните членови на нејзиниот тим, кој „во минатото успешно се справуваше со најпредизвикувачките досиеја“, - Со истиот ентузијазам тој ќе биде задолжен за спроведување на Европскиот зелен договор, истакна Фон дер Лајен. Според неа, негов приоритет сега ќе биде усвојувањето на новото законодавство за климата насочено кон успешно спроведување на Европскиот зелен договор, кој би претставувал „европска стратегија за раст“. Фон дер Лајен, при тоа, му изрази благодарност и на Тимерманс за, како што рече, неговата „страсна и неуморна работа за да го направи Европскиот зелен договор реалност“. Шефчович, кој е член на словачката партија Насока – Социјална демократија (СМЕР-СД), ја презема новата должност во време кога расте бројот на противниците на климатската политика на ЕУ, пред се околу прашањето за намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, кое се очекува да предизвикува дополнителни трошоци за компаниите. Тој е член на Европската комисија од 2009 година кога беше именуван за еврокомесар за образование, култура и млади, а веќе следната година стана потпретседател на ЕК за меѓуинстутционални односи. Во 2014 година ја презеде должноста еврокомесар за енергија, за од 2019 година одново да се врати на местото потпретседател за меѓуинстутционални односи. Во својата досегашна работа во Европската комисија, Шефчович беше задолжен за воспоставување на односите со Велика Британија по Брегзит, а во 2012 година еден месец беше и вршител на должноста еврокомесар за здравство по оставката на Џон Дали. Тој беше задолжен и за заедничката набавка на гас во ЕУ по руската инвазија на Украина, а во 2019 година посредуваше во постигнувањето на договорот меѓу Москва и Киев за непречено снабдување со гас на поторшувачите во Европа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-imenuvan-za-nov-izvrshen-potpretsedatel-na-evropskata-komisija/feed/ 0
Шефчович: Заедничката набавка на гас да почне пред летото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefchovich-zaednichkata-nabavka-na-gas-da-pochne-pred-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefchovich-zaednichkata-nabavka-na-gas-da-pochne-pred-letoto/#respond Mon, 16 Jan 2023 15:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=788030

Европската комисија сака земјите од ЕУ да започнат заеднички набавки на гас пред летото, во обид да се избегне недостиг на снабдување следната зима, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович. „Работиме на густ распоред за да се подготвиме навреме за следната зима и сезоната за полнење складишта“, рече Шефчовиќ, по првиот состанок на претставниците за координација на планираните набавки на земјите од ЕУ. Тој ги повика земјите-членки да се вклучат во пазарот на гас во нивните земји да ја проценат количината на гас што ќе ја купат заедно. Шефчович побара од земјите-членки да потврдат дали се заинтересирани да се приклучат на заедничката шема за купување гас на ЕУ, потег за кој Европската комисија се надева дека ќе и помогне на Европа да ги наполни складиштата. Комисијата сака да ја објави количината на гас што европските земји планираат заедно да ја купат на пролет. Земјите на ЕУ мора да се погрижат нивните локални компании да учествуваат во купувањето гас во запремнина од 15 отсто од гасот потребен за полнење складишта на таа земја до 90 отсто капацитет. Низ ЕУ, барањата од 15 проценти изнесуваат околу 13 милијарди кубни метри гас, според податоците на Евростат.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefchovich-zaednichkata-nabavka-na-gas-da-pochne-pred-letoto/feed/ 0
Марош Шефчович се кандидира за претседател на Еврокомисијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-se-kandidira-za-pretsedatel-na-evrokomisijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-se-kandidira-za-pretsedatel-na-evrokomisijata/#respond Mon, 17 Sep 2018 16:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=102235

Потпретседателот на Европската комисија задолжен за енергетика, Словакот Марош Шефчович денеска најави дека ќе се номинира за кандидат на Европската социјалистичка партија за прв човек на Еврокомисијата. - Минуваме низ неколку општествени промени на кои многу луѓе гледаат како на закана, изјави Шефчович, најавувајќи ја сопствената кандидатура. Тој оцени дека зголемната нееднаквост придонесува за „извесна носталгија кон минатото“ и нагласи дека „лажните ветувања за лесни решенија“ поттикнуваат популистички, антиевропски и ксенонофобични ставови. - Тие ги користат стравот на луѓето, легитимните разочарувања или бесот. Тие го крадат, искривуваат и го злоупотребуваат чувството на патриотизам, истакна 52-годишниот Шефчович, кој е и поранешен амбасадор на Словачка во ЕУ и Израел. Шефчович е првиот член на Европската социјалистичка партија, што ја најави својата кандидатура за местото претседател на Еврокомисијата. Меѓу останатите можни социјалистички кандидати за оваа функција се споменуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс и еврокомесарот за економија Пјер Московиси. Рокот за доставување на кандидатурите истекува на 18 октомври. Покрај Шефчович, досега кандидатура за местото претседател на Еврокомисијата најави уште само германскиот европратеник и лидер на Групата на Европската народна партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер. Во исто време, Европската зелена партија денеска соопшти дека во трката за нејзин кандидат за претседател на Еврокомисијата се четворица политичари, меѓу кои и европратениците Ска Келер и Бас Ајкхут. Зелените својот кандидат за прв човек на Европската комисија ќе го изберат на партискиот Конгрес што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Берлин. Како што јави ДПА, согласно принципот воспоставен пред минатите избори за Европарламентот, европските партии номинираат свои кандидати за претседател на Еврокомисијата. Кандидатот на партијата што ќе освои најмногу пратеници на изборите има најголеми шанси да биде нов прв човек на Европската комисија, иако конечниот избор на носителот на оваа функција го прават самите земји членки на ЕУ. Актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер најави дека нема да се кандидира за уште еден мандат на функцијата на изборите за Европарламентот што ќе се одржат во мај 2019 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marosh-shefchovich-se-kandidira-za-pretsedatel-na-evrokomisijata/feed/ 0