марсел хиршер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Dec 2018 14:49:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марсел хиршер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хиршнер победи во слаломот во Заалбах-Хинтерглем https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hirshner-pobedi-vo-slalomot-vo-zaalbah-hinterglem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hirshner-pobedi-vo-slalomot-vo-zaalbah-hinterglem/#respond Thu, 20 Dec 2018 14:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=142847

Светскиот шампион Марсел Хиршер (Австрија) победи во слалом трката, дел од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини, на домашен терен во Заалбах-Хинтерглем. Тој заврши на врвот со вкупно време од 1:54.98 минута, а на тој начин запиша петти успех сезонава и вкупно 63-ти во кариерата, со што ја надмина својата сонародничка Анемари Мозер-Прол на третото место на вечната листа по победи и стана најуспешен австриски алпиец во Светскиот куп на сите времиња. Пред него се само Ингемар Стенмарк (Шведска, 86 победи) и Линдзи Вон (САД, 82). Хиршер беше најбрз во првата трка со 56.52 секунди, а во вториот спуст по лошата траса успеа да задржи доволно од предноста, за да триумфира. Втори со 38 стотинки заостанување заврши Лоик Меје (Швајцарија), кој го повтори пласманот од велеслаломот во Заалбах-Хинтерглем од вчера. Трети на 47 стотинки од Хиршер заврши Хенрик Кристоферсен, кој го забележа 11-тиот последователен подиум во слалом во Светскиот куп. Во генералниот пласман за Кристалниот глобус, Хиршер води со 620 поени, следен од Кристоферсен со 352 поени и Марк Франц (Австрија) со 341 поен. За малиот кристален глобус во слалом повторно лидер е Хиршер со 200 поени, пред Кристоферсен со 140 поени и Мејер со 98 поени. Конечен пласман во слалом за Светскиот куп во Заалбах-Хинтерглем:
  1. Марсел Хиршер (Австрија) – 1:54,98 минути (56,52 секунди по првиот спуст и 58,46 секунди по вториот) 2. Лоик Мејер (Швајцарија) – 1:55.36 (58.65 и 56.71) 3. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) – 1:55.45 (57.11 и 58.34) 4. Мануел Фелер (Австрија) – 1:55.64 (59.27 и 56.37) 5. Михаел Мет (Австрија) – 1:55.76 (57.04 и 58.72) 5. Даниел Јуле (Швајцарија) – 1:55.76 (57.78 и 57.98).
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hirshner-pobedi-vo-slalomot-vo-zaalbah-hinterglem/feed/ 0
Хиршер победи во паралелниот велеслалом во Алта Бадиа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hirsher-pobedi-vo-paralelniot-veleslalom-vo-alta-badia/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hirsher-pobedi-vo-paralelniot-veleslalom-vo-alta-badia/#respond Mon, 17 Dec 2018 20:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=141503

Носителот на Светскиот куп, Марсел Хиршер (Австрија) забележа четвртата победа сезонава. Австриецот го освои паралелниот велеслалом во италијанскиот зимски центар Алта Бадиа, победувајќи го со 14 стотинки во големото финале Тибо Гавро (Франција). Хиршер допушти мала грешка во средината на трасата, но подоцна не му остави шанси на својот противник. Хиршер ја зголеми предноста во генералниот пласман, откако ја постигна 62 победа во кариерата. Французинот Алекси Пинторо беше поразен од Гавро во полуфиналето, но заврши трет го откако освои малото финале против Матс Олсон (Шведска)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hirsher-pobedi-vo-paralelniot-veleslalom-vo-alta-badia/feed/ 0