Марсело Ребело де Соуса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 06:54:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марсело Ребело де Соуса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Португалскиот претседател заврши во болница- паднал во бесознание на јавен настап https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalskiot-pretsedatel-zavrshi-vo-bolnitsa-padnal-vo-besoznanie-na-javen-nastap/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalskiot-pretsedatel-zavrshi-vo-bolnitsa-padnal-vo-besoznanie-na-javen-nastap/#respond Thu, 06 Jul 2023 06:54:01 +0000 https://kurir.mk/?p=853414

Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, вчера бил примен во болница откако изгубил свест за време на јавен настан, но тој денеска е веќе отпуштен, јави шпанската агенција ЕФЕ. „Се чувствувам добро“, изјави 74-годишниот шеф на државата, објаснувајќи дека морал двапати да биде подложен на испитувања во болницата. Ребело де Соуса објасни дека паднал во бесознание поради наглото опаѓање на крвниот притисок. Претседателот на Португалија изгубил свест за време на посетата на еден од универзитетите во близина на главниот град на земјата - Лисабон, пренесе ЕФЕ. Ребело де Соуса, кој е претседател на Португалија од 2016 година, превентивно бил пренесен во болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalskiot-pretsedatel-zavrshi-vo-bolnitsa-padnal-vo-besoznanie-na-javen-nastap/feed/ 0
Португалија: Анкетите навестуваат втор претседателски мандат за Де Соуса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-anketite-navestuvaat-vtor-pretsedatelski-mandat-za-de-sousa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-anketite-navestuvaat-vtor-pretsedatelski-mandat-za-de-sousa/#respond Mon, 25 Jan 2021 06:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=459317

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса е на прагот да го освои вториот мандат откако однесе убедлива победа во првиот круг од вчерашните претседателски избори, навестуваат резултатите од излезните анкети. Според анкетите, Де Соуса (72), поранешен професор по право, популарен како политички коментатор, освои 55,5 до 62 проценти од гласовите, според трите излезни анкети по затворањето на избирачките места. Поранешната европратеничка, социјалистичката кандидатка Ана Гомеш е втора со 13 до 16 проценти, се наведува во анкетатата на избирачкиот центар на Португалскиот католички универзитет. Најголемо изненадување е десниот популист, Андре Вентура, кој се најде на третото место со девет до 12 проценти од гласовите, покажа анкетата. На изборите во Португалија имаше четворица кандидати за претседател. За да се победи на изборите, потребно е да се освојат повеќе од 50 проценти од гласовите. Шефот на државата во Португалија нема законодавни овластувања врз парламентот и владата, но има влијателен глас во водењето на земјата, наведувата американските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-anketite-navestuvaat-vtor-pretsedatelski-mandat-za-de-sousa/feed/ 0
Претседателот на Португалија во карантин поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-portugalija-vo-karantin-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-portugalija-vo-karantin-poradi-koronavirusot/#respond Mon, 09 Mar 2020 06:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=313701

Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса ги откажа сите јавни обврски во следните две недели и ќе остане дома поради епидемијата на новиот коронавирус, соопшти неговиот кабинет. Канцеларијата истакна дека Де Соуса (71) нема симптоми на болеста и се одлучил на самоизолација за да даде пример за преземање превентивни мерки и ќе продолжи да работи од дома. Де Соуса неодамна прими група ученици од училиште кое подоцна беше затворено, откако беше откриено дека еден ученик бил заразен со новиот коронавирус. Тој нема симптоми на болеста, а заразениот ученик не бил во групата што ја посети претседателската палата. Во Португалија досега се пријавени 30 случаи на заразени со новиот коронавирус]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-portugalija-vo-karantin-poradi-koronavirusot/feed/ 0