марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 06:32:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКОПЈЕ ДЕНЕС ВО КОЛАПС – утрово протест, а попладнево кога сите ќе си одат од работа ќе има марш! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-denes-vo-kolaps-utrovo-protest-a-popladnevo-koga-site-ke-si-odat-od-rabota-ke-ima-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-denes-vo-kolaps-utrovo-protest-a-popladnevo-koga-site-ke-si-odat-od-rabota-ke-ima-marsh/#respond Fri, 31 Mar 2023 06:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=818344

Поради најавен протест, со почеток во 10 часот денеска ќе има посебен сообраќаен режим, при што по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосницата на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“. Како што информираат од МВР, со почеток во 16 часот, пак, поради марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува по рутата по која ќе се одвива маршот, и тоа од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“, право по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“ и во продолжение до бул.„11 Октомври“, пред Собранието на РСМ. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат планираните активности со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-denes-vo-kolaps-utrovo-protest-a-popladnevo-koga-site-ke-si-odat-od-rabota-ke-ima-marsh/feed/ 0
Марш за женски права – „Ќе преживеат ли жените овде?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marsh-za-zhenski-prava-ke-prezhiveat-li-zhenite-ovde/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marsh-za-zhenski-prava-ke-prezhiveat-li-zhenite-ovde/#respond Wed, 08 Mar 2023 06:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=809313

Под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, на плоштадот „Филип II“ во Скопје ќе се одржи марш за женски права. Овој марш, како што велат од Платформата за родова еднаквост, е протестен одраз на случувањата во нашата земја и колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед: од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените. -Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири, посочуваат од од Платформата за родова еднаквост. Маршот ќе почне во 18:00 часот од плоштадот „Филип II“, а ќе заврши во паркот „Жена Борец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marsh-za-zhenski-prava-ke-prezhiveat-li-zhenite-ovde/feed/ 0
„Вака веќе не може“ , новинарите им возвратија на политичарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-veke-ne-mozhe-novinarite-im-vozvratija-na-politicharite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-veke-ne-mozhe-novinarite-im-vozvratija-na-politicharite/#respond Fri, 17 Feb 2023 10:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=801691

ЗНМ и ССНМ денеска излегоа на протестен марш преку кој го изразија нивното незадоволство од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, снимателите и медиумските работници, лошата социо-економска состојба. Пред да започне маршот пред присутните се обрати Претдседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Тој во името на новинарите упати порака до политичаите дека „Вака веќе не може”. „Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Државниот Пијар ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција. Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде” изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ. Новинарската професија повеќе никој не ја почитува, не потценуваат и навредуваат, но ние нема повеќе да молчиме, рече Претседателот на ССНМ, Павле Беловски. „Не молчевме и кога проникнуваше новинарството, ни кога не тепаа, затвараа, кога ги губевме работните места. Создадовме џин кој нема да молчи и нема да ја крие вистината”. Тој додаде дека условите во кои работат новинарите мора да се подобрат, бидејќи има се помалку кадар. Поради ниските плати и лошите услови, новинарите се повеќе го напуштаат новинарството. Протестниот марш започна во 10.30 часот. Новинарите ќе се движат од Владата на РСМ, до Собранието на РСМ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-veke-ne-mozhe-novinarite-im-vozvratija-na-politicharite/feed/ 0
МАРШ ЗА ОДБРАНА НА НОВИНАРСКОТО ДОСТОИНСТВО: Утре во 10:30 часот од Влада до Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marsh-za-odbrana-na-novinarskoto-dostoinstvo-utre-vo-10-30-chasot-od-vlada-do-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marsh-za-odbrana-na-novinarskoto-dostoinstvo-utre-vo-10-30-chasot-od-vlada-do-sobranie/#respond Thu, 16 Feb 2023 10:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=801211

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува сите медиумски професионалци на протестен марш во петок (17.02) кој ќе почне од Владата на РСМ до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба. На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието. – Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање – Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите – Крај на агресивниот државен пи-ар – Поддршка за локалните новинари и медиуми – Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници – Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници Петок, 17.02.2023, со почеток во 10:30 часот пред Владата на РСМ Рута на движење: Од Влада до Собрание на РСМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marsh-za-odbrana-na-novinarskoto-dostoinstvo-utre-vo-10-30-chasot-od-vlada-do-sobranie/feed/ 0
СТУДЕНТИТЕ СЕ ОБЕДИНИЈА: „Студентски отпор“ и УСС утре заедно на марш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-se-obedinija-studentski-otpor-i-uss-utre-zaedno-na-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-se-obedinija-studentski-otpor-i-uss-utre-zaedno-na-marsh/#respond Wed, 16 Nov 2022 09:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=761523

Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ утре на марш обединето ќе ги бараат своите права. УСС на УКИМ објави дека борбата на студентите е заедничка и само сплотени и заедно ќе успеат да ги заштитат нивните права и ќе ги исполнат нивните барања: издвојување средства од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација. –Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања. Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието, меѓу кои средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот. Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард, се наведува во објавата на УСС на УКИМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-se-obedinija-studentski-otpor-i-uss-utre-zaedno-na-marsh/feed/ 0
ПРОТЕСТ ВО 19 ЧАСОТ: Од Влада преку МНР до Собрание, ова е денешната траса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-19-chasot-od-vlada-preku-mnr-do-sobranie-ova-e-deneshnata-trasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-19-chasot-od-vlada-preku-mnr-do-sobranie-ova-e-deneshnata-trasa/#respond Tue, 05 Jul 2022 10:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=700225

Денеска со почеток во 19 часот пред Владата граѓаните повторно ќе излезат на протест „Ултиматум – НЕ благодарам“ . Како што се најавува, протестот ќе започне пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собранието . Граѓаните и денеска масовно ќе се спротивстават на понижувачкиот предлог за Македонија со кој се прифаќаат сите бугарските услови. Веќе неколку дена голем број граѓани протестираат искажувајќи дека се против францускиот предлог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-vo-19-chasot-od-vlada-preku-mnr-do-sobranie-ova-e-deneshnata-trasa/feed/ 0
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ организира протестен марш утре во Штип: ПОСИЛНИ ОД ПРЕДРАСУДИТЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uz-na-vmro-dpmne-organizira-protesten-marsh-utre-vo-shtip-posilni-od-predrasudite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uz-na-vmro-dpmne-organizira-protesten-marsh-utre-vo-shtip-posilni-od-predrasudite/#respond Fri, 04 Mar 2022 13:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=640949

Во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, утре во 12:00 часот во Штип ќе се оддржи протестен марш. -Ги повикувам жените да го кренеме гласот против оваа ненародна власт. Заедно да испратиме порака дека сме посилни од предрасудите‼️, пишува на Фејсбук претседателката на Унијата на жени, Жаклина Пешевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uz-na-vmro-dpmne-organizira-protesten-marsh-utre-vo-shtip-posilni-od-predrasudite/feed/ 0
Марш против мерките за вакцинација во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marsh-protiv-merkite-za-vakcinacija-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marsh-protiv-merkite-za-vakcinacija-vo-vashington/#respond Sun, 23 Jan 2022 14:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=622213

 Во главниот град на САД денеска се очекува да дојдат илјадници луѓе на протестен марш наречен „Порази ги мерките“, а во врска со наредбата за доказ за вакцинација при влез во јавните места.  Протестот беше најавен во време кога округот Колумбија минатата недела ги изгласа овие мерки според кои се бара доказ за вакцинација при влез во ресторани и други локални бизниси.   Жителите на Вашингтон се загрижени од тоа дека маршот може да предизивика судир меѓу демонстранти дојдени од други градови и локалните жители.  Во случај на судир, протестот може да ги врати немилите сцени во Вашингтон од пред нешто повеќе од година, кога лани на 6 јануари поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно упаднаа во американскиот Капитол.  Роберт Ф. Кенеди, активист против Ковид-19 вакцинација и еден од организоторите на маршот, изјави дека очекува мирен протест.  -Американците сакаат демократијата да им биде вратена, и овој протест е нивно барање за тоа, изјави тој.  Кенеди е блокиран на Инстаграм и се смета за еден од „дванаесетмината на дезинформацијата“, како што се наречени од медиумите, а поради лажните тврдења за вакцините и ширење на теории на заговор за Ентони Фаучи, главниот советник во Белата куќа за борба со пандемијата.   На Фејсбук групата што го промовира протестот учесниците велат дека ќе ги бојкотираат хотелите и рестораните во Вашингтон и дека ќе се сместат во хотели во Вирџинија каде што не се бара доказ за вакцинација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marsh-protiv-merkite-za-vakcinacija-vo-vashington/feed/ 0
Сексуалните работници традиционално најавија марш на црвените чадори низ Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seksualnite-rabotnici-tradicionalno-najavija-marsh-na-crvenite-chadori-niz-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seksualnite-rabotnici-tradicionalno-najavija-marsh-na-crvenite-chadori-niz-skopje/#respond Thu, 16 Dec 2021 11:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=609265

Сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за утре најавија Марш на црвените чадори. 17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. - Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија, велат организаторите на настанот. Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seksualnite-rabotnici-tradicionalno-najavija-marsh-na-crvenite-chadori-niz-skopje/feed/ 0
ВО 13:30 ЧАСОТ: Марш во Тетово посветен на жртвите од пожарот во модуларната болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-13-30-chasot-marsh-vo-tetovo-posveten-na-zrtvite-od-pozarot-vo-modularnata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-13-30-chasot-marsh-vo-tetovo-posveten-na-zrtvite-od-pozarot-vo-modularnata-bolnica/#respond Sat, 11 Sep 2021 08:44:38 +0000 https://kurir.mk/?p=562282

Марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот во Тетово за денеска најави навивачката група „Балисти“. Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи, ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и ќе заврши пред болницата во Тетово. Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска. Во пожарот во кој изгоре модуларната ковид болница загинаа 14 лица, а 12 се спасија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-13-30-chasot-marsh-vo-tetovo-posveten-na-zrtvite-od-pozarot-vo-modularnata-bolnica/feed/ 0