Марти Ахтисари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 08:41:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марти Ахтисари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина поранешниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-pratenik-na-on-za-kosovo-marti-ahtisari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-pratenik-na-on-za-kosovo-marti-ahtisari/#respond Mon, 16 Oct 2023 08:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=889237

Поранешниот фински претседател и поранешен специјален пратеник на ОН за Косовo, Марти Ахтисари, почина утрово во Хелсинки на 87-годишна возраст, објавено е на веб-страницата на неговата мировна фондација ЦМИ. Ахтисари, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година, беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година и имаше истакната кариера во Обединетите нации и во финското Министерство за надворешни работи. Во 2000 година, тој ја основа независната фондација ЦМИ (Иницијатива за управување со кризи), денес позната како - Фондација за мир Марти Ахтисари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-pratenik-na-on-za-kosovo-marti-ahtisari/feed/ 0
Марти Ахтисари се повлече од јавниот живот поради Алцхајмерова болест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marti-ahtisari-se-povleche-od-javniot-zivot-poradi-alchajmerova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marti-ahtisari-se-povleche-od-javniot-zivot-poradi-alchajmerova-bolest/#respond Thu, 02 Sep 2021 15:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=558464

Поранешниот фински претседател и добитник на Нобелова награда во 2008 година, Марти Ахтисари се повлече од јавниот живот поради борбата со Алцхајмеровата болест, соопшти неговата канцеларија. -Осумдесет и четири годишниот политичар „се повлекува од сите јавни обврски“, се наведува во соопштението. Тој добивал секојдневна грижа за својот живот во неговиот дом, а во некои случаи заминувал на лекување во медицинска установа. Во соопштението се додава дека неговото семејство инсистирало да се почитува неговото право на приватност. Ахтисари, кој беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година, ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година за неговите напори како посредник во решавањето на конфликтите, особено во Индонезија, Намибија, Северна Ирска и на Балканот. Тој ги набљудуваше преговорите за помирување во 2005 година меѓу индонезиската влада и сепаратистичките бунтовници од Движењето Слободен Ацех, како и патот на Косово кон независност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marti-ahtisari-se-povleche-od-javniot-zivot-poradi-alchajmerova-bolest/feed/ 0
Состојба во светот до 10 часот: Заболен екс претседателот на Финска, Ахтисари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-vo-svetot-do-10-chasot-zabolen-eks-pretsedatelot-na-finska-ahtisari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-vo-svetot-do-10-chasot-zabolen-eks-pretsedatelot-na-finska-ahtisari/#respond Tue, 24 Mar 2020 09:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=321207

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 383.894 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 16.585, а оздравеле 102.548 лица. – Пандемијата во САД се уште не е во пик, но болници во Калифорнија и Њујорк, најпогодени од Ковид-19, се борат со недостиг од потребни материјали. Претседателот Доналд Трамп најави ублажување на рестриктивните мерки по истекот на 15-дневниот период на наметната изолација нагласувајќи дека „Америка наскоро ќе биде повторно отворена за бизниси“. – Од Ковид-19 заболе и поранешниот фински претседател Марти Ахтисари кој има 82 години. Досега во таа држава има 700 заразени и една жртва. – Властите во Алжир воведоа ограничено движење во главниот град. – Украинската полиција почнува со масовни проверки за почитувањето на мерките за карантин. – Во Турција воведени ограничувања за работата на продавниците и за автобусите. – Потврдени два случаи на зараза во Мјанмар, со тоа државата е една од последните во Азија каде се прошири пандемијата. – Сопственикот на „Тесла“ Илон Маск донираше 1.255 респиратори на властите во Лос Анџелес. – Уште 154 случаи на заразени со новиот коронавирус и нови четири смртни случаи во Австрија. Со тоа бројот на заболени во земјата достигна 4.628, а на починати 25 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-vo-svetot-do-10-chasot-zabolen-eks-pretsedatelot-na-finska-ahtisari/feed/ 0