Мартин Ангеловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jan 2021 11:44:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мартин Ангеловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Угостителите бараат Владата да објави колкава е искористеноста на финансиската помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-baraat-vladata-da-objavi-kolkava-e-iskoristenosta-na-finansiskata-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-baraat-vladata-da-objavi-kolkava-e-iskoristenosta-na-finansiskata-pomosh/#respond Wed, 27 Jan 2021 11:44:07 +0000 https://kurir.mk/?p=460543

Владата јавно да ги објави податоците за искористеноста на средствата од финансиската помош во угостителството, како по број на субјекти, така и во апсолутни суми, бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори. Според Комората, само така може да се добие реална слика за димензијата на поддршката која се дава и за очекувањата во наредниот период. Комората бара и итно донесување прецизни протоколи за работа. Воедно предупредува дека е прашање на недели кога ќе почне да згаснуваат угостителските објекти поради заостанати долгови со што ќе се зголемува и бројот на оние што ќе останат без егзистенција. – Од околу 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор, само 132 добија комбинирана помош, односно поддршка за плата и неповратен грант за покривање на останатите трошоци. Овој податок покажува дека дел од претпријатијата добија помош само за исплата на плати на вработените, а за другите трошоци, во услови на намалена деловна активност, самостојно обезбедуваа средства 11 месеци, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на комората, Мартин Ангеловски. Според него, ако навреме и докрај не се решат актуелните проблеми во секторот, последиците ќе бидат дологорчни. – Охрабруваме за поголема ажурност и свесност за проблемите во кои се наоѓа овој секторот. Иако угостителството во моментов е една од најнепосакуваните дејности, може да се спаси доколку сите бидат на висина на задачата, оцени Ангеловски. Одговорајќи на новинарско прашање, тој рече дека се е возможно ако се сака. Јануари уште не е поминат, а платите за овој месец се даваат до 15 февруари. – Ако се донесе петтиот пакет мерки има време сетоа тоа да се спроведе. Инаку, се додека има рестрикции, очекуваме поддршка барем во делот на платите, односно поддршка за вработените. Свесни сме во која држава живееме и колкави се нашите можности. Она пто би помогнало е примерот на многу поразвиени земји кои покриваат до 80 отсто од реализираните приходи во 2019 година. Нашите барања беа многу поскромни и се во правец на намалување на загубите, а не за покривање на трошоците или заработка. Ако добиеме поддршка за плата, тоа е директна помош за вработените. Фирмите на тој начин не добиваат директна помош, истакна Ангеловски. Комората ќе причека до петок, да помине владиниот состанок и да се види какви одлуки ќе донесе наредната недела Комисијата за заразни болести, а потоа, во консулатација со членството, ќе одлучи како натаму ќе делува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelite-baraat-vladata-da-objavi-kolkava-e-iskoristenosta-na-finansiskata-pomosh/feed/ 0
Ангеловски: Да не се казнуваат сите угостителски објекти заради поединечни прекршители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-da-ne-se-kaznuvaat-site-ugostitelski-objekti-zaradi-poedinechni-prekrshiteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-da-ne-se-kaznuvaat-site-ugostitelski-objekti-zaradi-poedinechni-prekrshiteli/#respond Mon, 05 Oct 2020 12:19:49 +0000 https://kurir.mk/?p=412566

Угостителските објекти мора да ги почитуваат протоколите за заштита од ширење на вирусот ковид-19, граѓаните да внимаваат дали локалите каде одат ги почитуваат мерките за заштита, а инспекциските служби и полицијата треба соодветно и ефикасно да ги казнуваат прекршителите, вели Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. „Најголем број на угостителските објекти мерките за заштита од ковид-19 ги интегрираат во своето секојдневно работење и ги почитуваат. Не треба заради прекршување и непочитување на протоколите од страна на неколку објекти, да се воведуваат рестрикции кои ќе важат за сите. Сегде во светот има луѓе кои ги прекршуваат правилата, затоа и постојат надлежни институции, кои треба да ги санкционираат. Со воведувањето на новите рестрикции се добива впечаток дека се преземаат дополнителни мерки, само затоа што надлежните не може да ги спроведат протоколите на терен. Нема никакво оправдување, да се казнува целата угостителска дејност, заради поединци“, вели Ангеловски. Тој додава и дека проблемот е комплексен бидејќи се донесоа многу различни протоколи, кои на некој начин на одредени локали им дозволија на организираат настани. Како пример го посочува протоколот за организирање на музичките настани каде не е јасно дефинирано кој може да ги организира. Ангеловски посочува и дека треба да се работи на подигнување на јавната свест на луѓето за важноста на почитувањето на протоколите. На тој начин ќе се дава предност во изборот на угостителски објект кои ги почитуваат мерките за заштита, со што и другите ќе бидат стимулирани да работата на пропишаниот начин. -Надлежните институции кога ги носат новите мерки да се свесни дека треба да се движиме во правец на изнаоѓање на начин на безбедно функционирање на сите дејности во актуелните услови преку носење на соодветни протоколи и паралелно со тоа развивање на механизми за санкционирање на прекршителите. Во спротивно ќе се најдеме во ситуација да се носат рестрикции кои секако некој нема да ги почитува и да се враќаме назад до степен на целосен карантин. Таквата политика на дејствување економски е неиздржана - вели Ангеловски. Тој апелира измените на протоколите да се прават во консултација со засегнатите страни, како и да се зајакнат капацитетите и надлежностите на инспекциските служби за да може поефикасно на се справат со прекршителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-da-ne-se-kaznuvaat-site-ugostitelski-objekti-zaradi-poedinechni-prekrshiteli/feed/ 0
Дали ковид-19 ќе нѐ направи подобри или ќе дозволиме да блескаме во најлошото светло? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-kovid-19-kje-n-napravi-podobri-ili-kje-dozvolime-da-bleskame-vo-najloshoto-svetlo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-kovid-19-kje-n-napravi-podobri-ili-kje-dozvolime-da-bleskame-vo-najloshoto-svetlo/#respond Sun, 07 Jun 2020 14:24:54 +0000 https://kurir.mk/?p=354827

Преживуваме уште еден продолжен викенд на кој претходно би се радувале, но сега е причина за нови поделби, изразување на критика и осуди па дури и ширење омраза. Како да заборавивме што значи почит и емпатија кон другиот. Пред да критикуваме некого добро би било прво да се обидеме нештата да ги видиме преку неговите очи. Или со други зборови емоционалната интелигенција која треба да ја поседува секој од нас за жал кај најголем број од луѓето е на нула. Го слушав пред некоја вечер д-р Методи Чепреганов кој правеше психолошка анализа на Македонецот и не можев да не се насмеам горко дека се беше точно кажано. Ние сме сите со хипертрофирани ега, си гледаме само за себе, без било каква можност да го сослушаме другиот, да ги уважиме или земеме во предвид неговите ставови и аргументи, да се потрудиме да се смениме со цел да направиме некого среќен. Ние угостителите ова многу силно го почувствувавме овие неколку месеци откако почна пандемијата. Додека да почне оваа криза ние бевме тие кои секогаш се синоним за дружење, добро расположение, за помагање на луѓето. Бевме тука кога требаше да се засили чувството на среќа при семејни веселби или да се намали чувството на тага при семејни загуби нудејќи рака за поддршка, осмислувајќи го секој детаљ и при тоа ослободувајќи ги гостите од било какви обврски. Е ние, истите тие кои бевме пријатели и на знаени и на незнаени луѓе, кога моравме да ги затвориме локалите кои се синоним за дружба, опуштеност, не само што не наидовме на поддршка, туку се соочивме со осуда. Е тие луѓе што вам ви угодуваа сега се оставени без приходи, со неизвесност за утрешниот ден, но и за подалечната иднина. Нивните семејства исто така исплашени немаат каде да побараат помош, затоа што Владата носи мерки според своите потреби, без да ги праша угостителите што е тоа што им е потребно, што е тоа што може да ги задоволи двете страни, може ли да се најдеме на средина на патот кој не дели. Не, сопствениците на угостителските објекти ги распнаа зошто бараат помош не обидувајќи се да сфатат дека и тоа се лица кои не се кредитоспособни, немаат заштеди и дека своето парче леб го вадат заедно со своите вработени. И кога нема за нив, нема ни за другите. Но, дали да се помириме со ситуацијава и да кажеме дека нема решение или ќе продолжиме да се бориме за да најдеме решение? И дали сега не е време да седнеме, да се сослушаме, да пробаме да го промениме црно-белиот пристап и да го збогатиме погледот со целиот спектар на бои? Да ги надминеме разликите и да не дефинираме веднаш дека некој е од оваа или онаа политичка партија, дека е од оваа или онаа националност, дека е од Скопје или друг град во државата?! Сите ние мораме да имаме една цел, да ја направиме Македонија држава во која убаво се живее, држава во која нашите деца ќе ја планираат иднината, држава во која ќе сакаме да ја поминеме староста. Тоа ќе го направиме само на еден начин, ако се сослушуваме меѓу себе, ако се разбираме, ако се обидеме да се ставиме во туѓа положба и ако најдеме решенија на проблемите кои за сите се победа, а не за едни победа, а за други пораз. Историја е доказ дека соработката и дијалогот секогаш носат решени кое е добро за најголем број од засегнатите, додека конфронтацијата води кон создавање на нови и подлабоки проблеми. Пишува: Мартин Ангеловски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-kovid-19-kje-n-napravi-podobri-ili-kje-dozvolime-da-bleskame-vo-najloshoto-svetlo/feed/ 0
Ангеловски: Вработените во рестораните ќе треба да бидат полицајци и да легитимираат гости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-vrabotenite-vo-restoranite-kje-treba-da-bidat-policajci-i-da-legitimiraat-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-vrabotenite-vo-restoranite-kje-treba-da-bidat-policajci-i-da-legitimiraat-gosti/#respond Thu, 28 May 2020 19:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=351201

Ако инспекторите не можат да легитимираат тогаш од кој правен акт ќе го црпат легитимитетот да легитимираат вработените во угостителски објекти? Имено, Проверката на идентитетот на лице ќе се примени кон лицето: 1) кое треба да се лиши од слобода, приведе, задржи, упати или предаде на надлежен државен орган или установа; 2) од кое се заканува опасност за чие спречување е неопходно полициско постапување; 3) над кое се извршува преглед или претрес или се преземаат други со закон утврдени мерки и активности; 4) кое е затечено во туѓ дом, објект и други простории или во превозни средства над кои се извршува преглед или претрес, ако проверката на идентитетот е потребна; 5) кое е затечено на простор или објект на кој е привремено ограничена слободата на движење и задржување, ако проверката е неопходно потребна; 6) кое пријавува извршено кривично дело или прекршок или сторителите на тиедела, односно соопштува информации од интерес на работата на Полицијата, освен ако лицето кое го приј авува кривичното дело или прекршокот не сака да се идентификува; 7) кое со своето однесување предизвикува сомневање дека е сторител на кривичноделоили прекршок или дека има намера да стори такви дела или кое одговара на описот на лице по кое се трага; 8) кое ќе се затекне на местото на извршено кривично дело или прекршок; 9) кое се наоѓа на место на кое заради безбедносни причини е потребно да се утврди идентитетот на сите лица или на поголемиот број лица; 10) на оправдано барање на службено лице од државен орган, правно или физичко лице и во други случаи утврдени со закон 11) при влез во објекти кои ги обезбедуваат полициски службеници. Фејсбук статус на Мартин Ангеловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-vrabotenite-vo-restoranite-kje-treba-da-bidat-policajci-i-da-legitimiraat-gosti/feed/ 0
Ангеловски: Субвенцијата од 14.500 денари ја добиле само 2.337 угостители, ова е многу мала бројка има огромен број фирми кои биле клалификувани, а не добиле помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-subvencijata-od-14-500-denari-ja-dobile-samo-2-337-ugostiteli-ova-e-mnogu-mala-brojka-ima-ogromen-broj-firmi-koi-bile-klalifikuvani-a-ne-dobile-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-subvencijata-od-14-500-denari-ja-dobile-samo-2-337-ugostiteli-ova-e-mnogu-mala-brojka-ima-ogromen-broj-firmi-koi-bile-klalifikuvani-a-ne-dobile-pomosh/#respond Wed, 27 May 2020 18:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=350826

Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора при ССК, вечерва во Телевизија 24 истакна дека во моментов угостителскиот сектор преживува и наредните месеци ќе се работи со загуба, тој ги критикуваше мерките на владата, особено субвенцијата од 14.500 денари која вели дека ја добиле само 2.337 фирми од угостителскиот сектор, голем број фирми не добиле никаква помош, или добиле помош со многу помала вредност од бруто износот превиден. -Од субвенцијата за 14.500 денари за фирмите, ја добиле 2337 само фирми од угостителство што аплицирале, ова е многу мала бројка, и тие што биле квалификувани сеуште не добиле помош. Она што требаше да се исплати бруто плата се исплаќа помала вредност, вели Ангеловски. Тој објасни дека она што требаше да се исплати како бруто плата од тие 14.500 денари во пракса не се покажува така, не се исплаќа таа вредност за да се исплати бруто плата наместо тоа се исплаќа помала вредност, барем такви се информациите од терен, од колегите угостители истакна Ангеловски. -Наредниве месеци ќе работиме во загуба, мерките ги предложивме за да можеме да ги задржиме бизнисите, но сега гледаме дека зборуваме за преживување не за профит, вели Агеловски. Во однос на одјавувањата на вработените Ангеловски рече дека нема точна бројка, но дека во текот на кризата имало огромен број на отпуштање на работници, еден бран на одјавувања во март месец, кога немаше ни мерки,како што вели тој и искуството на терен е дека најчести прашања се дали доби некој нешто од мерките на владата кое и треба дополнително да се анализира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-subvencijata-od-14-500-denari-ja-dobile-samo-2-337-ugostiteli-ova-e-mnogu-mala-brojka-ima-ogromen-broj-firmi-koi-bile-klalifikuvani-a-ne-dobile-pomosh/feed/ 0
Ангеловски: Во нормална држава министер ќе војува со непријателот, а не со сопствениот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-vo-normalna-drzava-minister-kje-vojuva-so-neprijatelot-a-ne-so-sopstveniot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-vo-normalna-drzava-minister-kje-vojuva-so-neprijatelot-a-ne-so-sopstveniot-narod/#respond Wed, 08 Apr 2020 14:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=329257

Мартин Ангеловски од Групацијата за Угостителство порачува: Во нормална држава министер ќе војува со непријателот, а не со сопствениот народ кој го избрал за да му помогне кога има потреба. -Кај нас наместо да помогне, се заканува. Инаку статистика бројките од нас ги црпи и не е баш умно од нив да чекаш бројки, кога прецизна бројка за една минута може агенција за вработување да ти даде. И на крај доста со манипулации, Развојна банка дава кредити, а кредити веќе имаме.Како во нормална држава помош ни требаше, а не да не дозаглавите со кредити. Новите мерки за кои зборевме, дури вчера ги објавивте баш ме интересира јавно да кажете кој тоа од вчера до денес ги искористил, порача тој. Овој коментар го објави споделувајќи изјава на министерот Бектеши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-vo-normalna-drzava-minister-kje-vojuva-so-neprijatelot-a-ne-so-sopstveniot-narod/feed/ 0
Ангеловски: Мерките на владата во доменот на угостителството се донесени во правец на поголеми задолжување на фирмите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-merkite-na-vladata-vo-domenot-na-ugostitelstvoto-se-doneseni-vo-pravec-na-pogolemi-zadolzuvanje-na-firmite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-merkite-na-vladata-vo-domenot-na-ugostitelstvoto-se-doneseni-vo-pravec-na-pogolemi-zadolzuvanje-na-firmite/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=327084

Во Отворено студио на телевизија 24 гостуваше претставник на групацијата на угостители Мартин Ангеловски кој зборуваше за тоа како угостителството ќе се извлече од оваа ситуација. Според него угостителството многу тешко ќе се извлече бидејќи досегашните мерки кои што се најавени од страна на Владата сеуште не се објавени во Службен весник. Имено тој во своето гостување посочи дека во врска со мерките од Владата кои се во доменот на угостителството имаат многу различно толкување на сите уредби кои што се излезени и на кои начини тие ќе се изведуваат. -Генералниот впечаток кај сите нас, кај сите угостители е дека мерките нема да бидат доволни за ние да можеме да ги заштитиме пред се нашите вработени, а потоа и нашите фирми затоа што ако нема фирма ќе нема ни вработените каде да работат. Најголем дел од овие мерки кои што се донесени се во правец на наше дополнително задолжување кое што на крајот од здравствената криза, а кога ќе почне период на опоравување од економијата нас ќе не донесат во големи долгови, во дополнителни задолжувања и потоа ќе биде уште потешка ситуација за нас. Со други зборови кога една фирма премногу ќе се задолжи повеќе отколку што може да издржи, се знае што следува, а тоа е стечај. После тоа џабе ние сме ги држеле вработените, џабе сме правеле се што можеме да направиме и да дојдеме до сите средства за тоа да го покриеме кога на крајот ако згасне фирмата тие вработени повторно ќе останата без работа, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovski-merkite-na-vladata-vo-domenot-na-ugostitelstvoto-se-doneseni-vo-pravec-na-pogolemi-zadolzuvanje-na-firmite/feed/ 0