мартин грифитс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Feb 2023 17:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мартин грифитс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Координатор на ОН: Бројот на загинати во земјотресот веројатно ќе биде двојно поголем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koordinator-na-on-brojot-na-zaginati-vo-zemjotresot-verojatno-ke-bide-dvojno-pogolem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koordinator-na-on-brojot-na-zaginati-vo-zemjotresot-verojatno-ke-bide-dvojno-pogolem/#respond Sat, 11 Feb 2023 17:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=799341

Бројот на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија веројатно ќе се биде „двојно поголем“, изјави координаторот за вонредни состојби на ОН. Говорејќи за Скај њуз во Адана, Мартин Грифитс истакнал дека очекува уште десетици илјади смртни случаи, пишува Гардијан. Најмалку 25.400 луѓе се потврдени загинати во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди јужна Турција и северна Сирија, со повеќе последователни потреси. -Мислам дека е тешко да се процени точно колку треба да поминеме под урнатините, но сигурен сум дека бројот на жртви ќе се удвои,  рече Грифитс. Тој вели дека периодот од 72 часа по катастрофата обично бил „златен период“ за спасување, кој во меѓувреме истекол, но дека преживеани сè уште се извлекуваат од урнатините. -Мора да биде неверојатно тешко да се одлучи кога да се запре оваа фаза на спасување, рече тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koordinator-na-on-brojot-na-zaginati-vo-zemjotresot-verojatno-ke-bide-dvojno-pogolem/feed/ 0
Речиси осум милиони луѓе ја напуштија Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-osum-milioni-luge-ja-napushtija-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-osum-milioni-luge-ja-napushtija-ukraina/#respond Tue, 07 Feb 2023 10:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=797217

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, објави дека речиси осум милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната пред речиси една година, јави ДПА. „Речиси осум милиони луѓе ја напуштија Украина во соседните земји, а уште 5,3 милиони луѓе се внатрешно раселени“, изјави Грифитс пред Советот за безбедност на ОН. Тој додаде дека 17,6 милиони луѓе, односно речиси 40 отсто од населението на Украина, имаат потреба од хуманитарна помош. Грифитс рече дека има намера да го претстави овогодинешниот план за хуманитарен одговор за Украина, за кој се потребни околу 3,9 милијарди долари, подоцна овој месец во Женева. Тој објави дека нема индикации за скорашен крај на војната. Според официјалните податоци на ОН, повеќе од 7.000 цивили се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина. „Вистинскиот број на загинати е секако поголем“, рече Грифитс. Според информациите на Агенцијата за бегалци на ОН, војната го предизвикала најголемиот бегалски бран од крајот на Втората светска војна, посочува ДПА.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-osum-milioni-luge-ja-napushtija-ukraina/feed/ 0
Грифитс: Можни нови раселувања по нападот на енергетската инфраструктура во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grifits-mozni-novi-raseluvanja-po-napadot-na-energetskata-infrastruktura-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grifits-mozni-novi-raseluvanja-po-napadot-na-energetskata-infrastruktura-vo-ukraina/#respond Tue, 06 Dec 2022 20:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=772005

Нападите врз енергетските објекти во Украина предизвикуваат ново ниво на хуманитарни потреби за населението, изјави денеска шефот на агенцијата за хуманитарни прашања на ОН, Мартин Грифитс, изразувајќи стравувања дека ќе има ново раселување на населението кое ќе остане без греење во текот на зимата. „Продолжените напади врз енергетската инфраструктура на Украина од октомври создадоа ново ниво на потреба што влијае на целата земја и го зголемува товарот на потребите предизвикани од војната“, рече Грифитс пред Советот за безбедност на ОН. Тој додаде дека обемот на уништување на електричната и грејната инфраструктура бара зголемена поддршка за украинската влада, поголема од она што може да го обезбедат хуманитарните организации, истакнувајќи дека милиони луѓе останале без греење, струја и вода, додека температурите може да паднат до минус 20 степени. „Во Украина е загрозен капацитетот на цивилите да преживеат“, рече Грифитс. Тој предупреди дека се гледаат ризиците од нови раселувања во услови кога 14 милиони луѓе се раселени од војната (6,5 милиони внатре во Украина и 7,8 милиони бегалци во другите европски земји). Хуманитарната агенција на ОН минатата недела објави повик за рекордна помош за 2023 година поради зголемените хуманитарни потреби во светот, погоден од конфликтот во Украина и климатските промени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grifits-mozni-novi-raseluvanja-po-napadot-na-energetskata-infrastruktura-vo-ukraina/feed/ 0
ОН: Шест милиони Авганистанци изложени на ризик од глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-shest-milioni-avganistanci-izlozeni-na-rizik-od-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-shest-milioni-avganistanci-izlozeni-na-rizik-od-glad/#respond Tue, 30 Aug 2022 05:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=725783

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс предупреди дека Авганистан се соочува со продлабочување на сиромаштијата, дека шест милиони луѓе се изложени на опасност од глад и ги повика донаторите да ги вратат финансиските средства за економски развој и веднаш да обезбедат 770 милиони долари за да им помогнат на Авганистанците да ја преживеат зимата. Грифитс пред Советот за безбедност на ОН рече дека Авганистан се соочува со повеќе кризи – хуманитарна, економска, климатска, финансиска и криза со глад. – Конфликтот, сиромаштијата, климатските шокови и несигурноста во храната „долго време се тажна реалност“ во Авганистан, истакна Грифитс, додавајќи дека она што ја прави сегашната ситуација „толку критична“ е прекинот на големата развојна помош откако пред една година талибанците ја презедоа власта. „Повеќе од половина од населението на Авганистан, околу 24 милиони луѓе, имаат потреба од помош, а речиси 19 милиони се соочуваат со акутни нивоа на несигурност во храната. Загрижен сум дека бројките наскоро ќе се влошат бидејќи студеното време во текот на зимата ќе предизвика и онака високите цени на горивата и храната да скокнат“, рече Грифитс. Заменик-генералниот секретар на ОН рече дека итно се потребни 614 милиони долари за зимски подготовки, кои ќе ги поправат и подобрат засолништата и ќе обезбедат топла облека и ќебиња. Тој додаде дека уште 154 милиони се неопходни за храна и други залихи пред лошите временски услови да го прекинат пристапот до некои области. Грифитс рече дека талибанците „немаат буџет да инвестираат во сопствената иднина“ и дека е јасно „дека треба да започне одредена развојна поддршка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-shest-milioni-avganistanci-izlozeni-na-rizik-od-glad/feed/ 0
Пратеник на ОН: Да се искористи пораката на Хутите, да се стави крај на војната во Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-na-on-da-se-iskoristi-porakata-na-hutite-da-se-stavi-kraj-na-vojnata-vo-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-na-on-da-se-iskoristi-porakata-na-hutite-da-se-stavi-kraj-na-vojnata-vo-jemen/#respond Sun, 22 Sep 2019 11:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=243487

Пратеникот на ОН за Јемен Мартин Грифитс изјави дека иницијативата на бунтовниците Хути за прекин на напади врз Саудиска Арабија „би можела да испрати силна порака за желба да се заврши војната“ во Јемен. Грифит ова го изјави неколку часа откако Хутите објавија дека ќе ги запрат нападите со дронови и балистички ракети врз Саудиска Арабија, ако коалицијата предводена од Ријад го направи истото и ги прекине нападите врз Јемен, и една недела откако бунтовничката група презеде одговорност за нападот на саудиската нафтена рафинерија. Пратеникот на ОН повика „оваа прилика да се искористи и да се преземат сите неопходни чекори со цел намалување на насилството, воената ескалација и реторика која не е од помош“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-na-on-da-se-iskoristi-porakata-na-hutite-da-se-stavi-kraj-na-vojnata-vo-jemen/feed/ 0
Средба на пратеникот на ОН за Јемен со лидерот на Хутите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-pratenikot-na-on-za-jemen-so-liderot-na-hutite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-pratenikot-na-on-za-jemen-so-liderot-na-hutite/#respond Mon, 17 Sep 2018 20:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=102319

Пратеникот на ОН за Јемен, Мартин Грифитс денеска во Сана се сретна со лидерот на јеменските шиитски бунтовници Хути, Абдел-Малек ал Хути, во обид да го убеди да се приклучи кон мировните преговори, јави ДПА. Според портпаролот на Хутите, Мохамед Абдел-Салам, Грифитс и Ал Хути разговарале за „подготовките за идните консултации, за санкциите и економските мерки воведени кон јеменскиот народ и за актуелната хуманитарна состојба“. Хутите не заминаа на мировните преговори за Јемен, одржани на почетокот на месецов во Женева под покровителство на ОН, затоа што нивната делегација одби на отпатува за Швајцарија со авион на Светската органзација, како претставниците на другите завојувани јеменски страни, туку инсистраа да патуваат со летало на „Оман Ер“. Јеменскиот сосед Оман е неутрален во конфликтот во земјата за разлика од останатите држави на Арабискиот Полуостров, кои ја поддржуваат меѓународно признатата Влада на Јемен и извршуваат воздушни напади врз Хутите и нивните сојузиници. ОН се ангажираа за прекин на војната во Јемен, предупредувајќи дека земјата се соочува „најстрашната хуманитарна катастрофа во светот“, при што околу 22 милион лица или три четвртини од јеменското население зависат од меѓународната помош. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-pratenikot-na-on-za-jemen-so-liderot-na-hutite/feed/ 0