Мартин Гузман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Jul 2022 07:45:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мартин Гузман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аргентискиот министер за економија поднесе оставка, откако претхоно имаше големи поделби во владејачката коалиција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/argentiskiot-minister-za-ekonomija-podnese-ostavka-otkako-prethono-imashe-golemi-podelbi-vo-vladejachkata-koalicija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/argentiskiot-minister-za-ekonomija-podnese-ostavka-otkako-prethono-imashe-golemi-podelbi-vo-vladejachkata-koalicija/#respond Sun, 03 Jul 2022 07:45:39 +0000 https://kurir.mk/?p=699086

Аргентинскиот министер за економија Мартин Гузман вчера поднесе оставка на функцијата бидејќи се појавија големи поделби во владејачката коалиција околу тоа како земјата да се справи со растечката економска криза. Гузман, кој стана министер во 2019 година и е близок соработник на претседателот Албрето Фернандез, на твит ја соопшти својата одлука, додавајќи дека ја задржал „довербата во својата визија за патот по кој Аргентина треба да оди“. Актуелниот претседател на левиот центар се соочува со најнизок рејтинг откако ја презеде функцијата во 2019 година, надополнет со колапсот на коалицијата, инфлација од над 60 отсто, зголемен притисок врз аргентинскиот пезос и државни обврзници на рекордно ниско ниво. Гузман се судри со моќната потпретседателка Кристина Фернандез де Киршнер, милитантна поранешна претседателка во два мандата, која го критикуваше неговото управување со економијата и повика на повеќе трошоци за ублажување на високите нивоа на сиромаштија. Оставката го остави Министерството за економија без лидер токму во моментот кога се очекуваше Гузман да отпатува во Европа за да преговара со Парискиот клуб на доверители за долгот од две милијарди долари на државните кредитори. „Тоа е хроника на една предвидена смрт“, изјави Мариел Форнони, директорката на консултантската фирма „Менаџмент и Фит“, додавајќи дека болниот пораз на владата на изборите на средината од мандатот имаше големо влијание врз претседателот Фернандез. -Сега тој изгуби уште едно парче на таблата, можеби најважното, и тој е се повеќе и повеќе сам, рече таа. Гузман кажа дека „треба да се постигне политички договор во владејачката коалиција“ за изборот на неговиот наследник. Од претседателскиот кабинет соопштија дека се уште не знаат кога ќе биде соопштена замената за Гузман. Фернандез ги повика сите членови на кабинетот и сојузниците на итен состанок, изјави еден владин извор. -Претседателот длабоко жали за одлуката, но ја почитува. Тој ги анализира своите следни одлуки, рече друг владин извор запознаен со ова прашање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/argentiskiot-minister-za-ekonomija-podnese-ostavka-otkako-prethono-imashe-golemi-podelbi-vo-vladejachkata-koalicija/feed/ 0
Аргентина ќе банкротира по деветти пат?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/argentina-kje-bankrotira-po-devetti-pat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/argentina-kje-bankrotira-po-devetti-pat/#respond Tue, 05 May 2020 20:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=342162

Министерот за економија на Аргантина, Мартин Гузман, изјави дека пратил предлог до владата да ја разгледа можноста за деветтиот по ред банкрот во историјата на земјата, трет во изминатите две децении, јави денеска весникот „Фајненшел тајмс“. Според Гузман, државата може да објави банкрот ако кредиторите не се согласат на омекнување на условите за исплата на долговите на Аргентина. Државата е должна повеќе од 65 милијарди долари на група приватни кредитори и неодамна владата им предложи план за реструктуризација на долгот. Планот предвидува стопирање на ратите за исплата на долгот во рок од три години, продолжување на роковите за исплата до 2030-те години, отпишување на 62 проценти од вкупниот долг (околу 38 милијарди долари) и 5.4 проценти од главнината (3.6 милијарди долари). Рокот за постигнување договор истекува на 8 мај, а следната исплата на ратите е на 22 мај. Инвестициските фондови BlackRock, Fidelity и T Rowe ги одбија ваквите услови за реструктуризација на долгот на Аргентина. Гузман од своја страна изјави дека земјата бара „компромис и отстапки“. Според него, кредиторите на чело со BlackRock понудиле контра предлог за омекнување на условите за исплата, но тој не е прифатлив за Аргентина, затоа што не дава такво “олабавување што е неопходно земјата да продолжи со одржливост во однос на задолженоста“. Експертите сметаат дека ако Аргентина повторно банкротира, тоа ќе биде разурнувачко за нејзината економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/argentina-kje-bankrotira-po-devetti-pat/feed/ 0