мартин јованоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Feb 2020 06:41:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мартин јованоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-zoshto-jas-od-martin-jovanoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-zoshto-jas-od-martin-jovanoski/#respond Tue, 11 Feb 2020 06:41:21 +0000 https://kurir.mk/?p=302120

Зошто јас?“ е новата книга на Мартин Јовановски што вечер ќе биде промовирана во Скопје. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата „Зошто јас?“, како што соопштува „Арс Ламина“, е првото авторско дело на Јовановски, пишувано исклучиво од сопственото искуство во борбата со анксиозноста, паничните напади и депресијата, а мотивирано единствено од желбата да го поштеди читателот од сопствениот пекол. Книгата, како што велат, ја истакнува важноста на менталното здравје и хигиена, а истовремено дава одговор на најважното и најчесто поставувано прашање: „Зошто јас?“. -„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство, се наведува во соопштението. Мартин Јованоски е роден 1989 година во Скопје. Во 2013 година дипломирал на Економскиот факултет, а во 2017 магистрирал на тема „Улогата на електронското работење во банките: анализа на капацитети и реални предизвици“. По стекнувањето со лиценца за овластен сметководител, се вклучува во понатамошното унапредување на постојниот семеен бизнис од областа на финансиско-сметководствениот консалтинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-zoshto-jas-od-martin-jovanoski/feed/ 0