мартин јовановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Aug 2022 20:02:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мартин јовановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАРТИН СЕ УШТЕ ГО НЕМА: Се огласи неговиот брат, еве како се одвива потрагата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-se-ushte-go-nema-se-oglasi-negoviot-brat-eve-kako-se-odviva-potragata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-se-ushte-go-nema-se-oglasi-negoviot-brat-eve-kako-se-odviva-potragata/#respond Tue, 02 Aug 2022 20:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=713180

Потрагата по Мартин Јовановски продолжува. Неговиот брат Горан објави на социјалните мрежи дека продолжуваат самостојно во потрагата со волонтери, а вклучени се и другарите на Мартин. -Иако донациите се исклучени, потрагата сеуште продолжува. Завчера беше прегледан втор крак, вчера на прв, денеска над Катерини. Потрагата ја продолжуваме самостојно со волонтери и другарите на Мартин За жал се уште нема трага од Мартин, објави неговиот брат на Фејсбук. Минатата недела од грчки ОФКАТ објавија дека случајот со Мартин нема да биде затворен, но и дека истрагата продолжува како што велат на „второ“ ниво. https://kurir.mk/makedonija/vesti/ofkat-martin-pripagja-na-kopno-i-koga-togash-kje-se-vrati-da-go-pushtime-moreto-da-ja-napravi-svojata-rabota/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-se-ushte-go-nema-se-oglasi-negoviot-brat-eve-kako-se-odviva-potragata/feed/ 0
Братот на исчезнатиот Мартин Јовановски: Ги затвораме броевите за донации, потрагата се уште ќе продолжи – потребни ни се доброволци! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-ischeznatiot-martin-jovanovski-gi-zatvorame-broevite-za-donacii-potragata-se-ushte-kje-prodolzi-potrebni-ni-se-dobrovolci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-ischeznatiot-martin-jovanovski-gi-zatvorame-broevite-za-donacii-potragata-se-ushte-kje-prodolzi-potrebni-ni-se-dobrovolci/#respond Thu, 28 Jul 2022 15:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=711462

Од срце им се заблагодаруваме на сите хумани граѓани и сите волонтери што помогнаа во потрагата на Мартин Јовановски, вака ја започнува својата денешна Фејсбук објава братот на исчезнатиот Мартин Јовановски, Горан Јовановски. Тој информираше дека од денеска ги затвораат броевите и сметките за донација. - Потрагата се уште ќе продолжи и ќе продолжиме да бараме се додека немаме услови и средства. Доколку има доброволци со Дрон или волонтери со лиценца за чамец (или човек што има искуство со пента) ве молиме пишете во групата „Сите за Мартин“, повика Јовановски. Претходно, од грчки ОФКАТ објавија дека случајот со Мартин нема да биде затворен, но и дека истрагата продолжува како што велат на „второ“ ниво.   https://kurir.mk/makedonija/vesti/ofkat-martin-pripagja-na-kopno-i-koga-togash-kje-se-vrati-da-go-pushtime-moreto-da-ja-napravi-svojata-rabota/?fbclid=IwAR376A6U7WpWcUZWKKaWPiOJHdNkNP-sECgHlbgCt_GvZIRqD0n9CIjYxUE]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-ischeznatiot-martin-jovanovski-gi-zatvorame-broevite-za-donacii-potragata-se-ushte-kje-prodolzi-potrebni-ni-se-dobrovolci/feed/ 0
ОФКАТ: Мартин припаѓа на копно и кога тогаш ќе се врати, да го пуштиме морето да ја направи својата „работа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ofkat-martin-pripagja-na-kopno-i-koga-togash-kje-se-vrati-da-go-pushtime-moreto-da-ja-napravi-svojata-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ofkat-martin-pripagja-na-kopno-i-koga-togash-kje-se-vrati-da-go-pushtime-moreto-da-ja-napravi-svojata-rabota/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=711271

Дваесетти ден од потрагата на Мартин Јовановски која е без успех. Напорите тој да се пронајде изминативе денови не вложија резултати. Од грчки ОФКАТ објавија дека случајот со Мартин нема да биде затворен, но и дека истрагата продолжува како што велат на „второ“ ниво. -Денес затвораме 20 дена без Мартин.!!! Напорите за негово лоцирање цело ова време за жал беа неуспешни иако морето, копното и небото ги „измешавме“ со она што имаме на располагање и сите државни органи. Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Па да го оставиме морето да си ја заврши „работата“ неколку дена со надеж дека во еден момент ќе ни се оддолжи. Сочувствуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се затвори! На мајката Лидија и неговиот брат Горан им ветивме дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата сега продолжува на „второ“ ниво, велат од ОФКАТ. Неговиот пријател Иван, кој беше второпронајден по поминати над 20 часа во морето пред два дена објави фотографија на која се обележани местата каде било пребарувано. -Површината со плаво е помината од грчките служби. Површината со црвено е помината самостојно од нашата екипа, секое крајбрежје што не е проодно е поминато детално од наша страна. Истрагата продолжува од двете страни. Крајбрежната стража секојдневно ги информира пловните возила и рибарите, OFKATH продолжува со нивниот план, и ние со нашиот, објави Иван пред два дена. Трите момчиња на почеток на месецот беа повлечени од морските струи кај Посиди, на првиот крак на Халкидики. Претходно го прославувале роденденот на Иван. Првото момче беше набрзо пронајдено од сурфер кој ја информираше крајбрежната стража. Иван беше пронајден по поминати над 20 часа со вода, успеал да се одржи благодарение на полуиздижана топка која ја нашол во водата. Портагата по Мартин се уште трае.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ofkat-martin-pripagja-na-kopno-i-koga-togash-kje-se-vrati-da-go-pushtime-moreto-da-ja-napravi-svojata-rabota/feed/ 0
Мартин го нема повеќе од половина месец – објавена и мапата со деловите што се пребарани до сега, станува збор за огромна површина! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-go-nema-povekje-od-polovina-mesec-objavena-i-mapata-so-delovite-shto-se-prebarani-do-sega-stanuva-zbor-za-ogromna-povrshina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-go-nema-povekje-od-polovina-mesec-objavena-i-mapata-so-delovite-shto-se-prebarani-do-sega-stanuva-zbor-za-ogromna-povrshina-foto/#respond Tue, 26 Jul 2022 13:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=710388

Мартин Јовановски исчезна пред 18 дена од плажата Мити во Посиди, на Халкидики, но ниту грчките служби, ниту пак волонтерите од Македонија не се откажуваат од потрагата по него. -Површината со плаво е помината од Грчките служби. Површината со црвено е помината самостојно од нашата екипа, секое крајбрежје што не е проодно е поминато детално од наша страна. Истрагата продолжува од двете страни. Крајбрежната стража секојдневно ги информира пловните возила и рибарите, ОФКАТ продолжува со нивниот план, и ние со нашиот, стои во објавата на Фејсбук групата „Сите за Мартин“, напишана од неговиот пријател Иван кој беше спасен по 19 часа поминати во вода. Претходните денови грчките служби го бараа 31-годишниот Мартин и кон турскиот брег на Егејското Море откако со бродови, дронови, кучиња трагачи беше пребарувано околу полуостровот Халкидики, посебно првиот крак Касандра. Од воздух е пребаран и делот кај Лезбос, Самос и Атос. Со подводен дрон се пребаруваше и морското дно, но немаше никакви траги од исчезнатото момче. Неговиот брат и мајка се на Халкидики во исчекување на било какви информации за него. Неговите другари Васил и Иван беа извлечени уште викендот откако роденденската забава на опасната плажа Мити тргна на лошо, и трите момчиња од Скопје беа одвлечени од копното кон немирното море. -На 23 јули, потрагата продолжи од воздух со вклучување на Солунскиот аероклуб, соопшти грчката крајбрежна служба ОФКАТ на својата Фејсбук страница. Мала надеж дека Мартин ќе биде пронајден дадоа црни шорцеви, слични на неговите што ги носел дента кога исчезна, но од нив остана само фотографијата, зошто тој што ги фотографирал, не ги зел, а при пребарувањето на тој терен минатата недела, не беа пронајдени. Во Македонија преку мобилните оператори и преку Црвен Крст се собираат донации од граѓани за да продолжи потрагата се до неговото пронаоѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-go-nema-povekje-od-polovina-mesec-objavena-i-mapata-so-delovite-shto-se-prebarani-do-sega-stanuva-zbor-za-ogromna-povrshina-foto/feed/ 0
Две недели откако Мартин исчезна на Халкидики, авион денеска ќе го прелета и делот околу Еврос и островот Тасос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-nedeli-otkako-martin-ischezna-na-halkidiki-avion-deneska-kje-go-preleta-i-delot-okolu-evros-i-ostrovot-tasos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-nedeli-otkako-martin-ischezna-na-halkidiki-avion-deneska-kje-go-preleta-i-delot-okolu-evros-i-ostrovot-tasos/#respond Sat, 23 Jul 2022 10:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=709263

И денеска продолжува потрагата во поширокиот дел на Халкидики и во Егејското Море за пронаоѓање на Мартин, кој пред точно две седмици, исчезна кај Посиди на првиот крак, откако со двајца пријатели влегле во морето. Волонтерскиот спасувачки тим ОФКАТ вели дека продолжуваат со потрагата не само во морскиот дел, туку и од воздух со помош на авион од аеро- клубот во Солун, кој денеска ќе го прелета и делот околу Еврос и островот Тасос. Членовите на ОФКАТ од првиот момент се на терен, секојдневно веќе 15-ти ден пребаруваат во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше крајбрежната служба на Грција. Христос Рамос, претседател на грчкиот волонтерски спасувачки тим изјави дека нема да запрат додека не го најдат Мартин -Оваа изјава ја дадов уште од самиот почеток и е ветување што му го дадов на семејството на Мартин. Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток на 14 јули, а акцијата продолжи од волонтерски спасувачки тимови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-nedeli-otkako-martin-ischezna-na-halkidiki-avion-deneska-kje-go-preleta-i-delot-okolu-evros-i-ostrovot-tasos/feed/ 0
14 ден потрага по Мартин: Денеска вклучен и авион, еве кој дел се пребарува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/14-den-potraga-po-martin-deneska-vkluchen-i-avion-eve-koj-del-se-prebaruva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/14-den-potraga-po-martin-deneska-vkluchen-i-avion-eve-koj-del-se-prebaruva/#respond Fri, 22 Jul 2022 09:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=708810

Потрагата по 31 годишниот Мартин Јовановски продолжува и денеска. 14 ден активно се трага по Македонецот кој беше однесен од струите на Егејското море. Од ОФКАТ објавија дека во потрагата денеска повторно се вклучува авион, а временските услови се подобрени. -Денес со соработка со солунскиот аероклуб, на кој посебно му се заблагодарувам, ќе се пребарува Егејот со двојни летови. Потрагата сега е кон Егејското море и подалеку на исток, објавија на Фејсбук. Пред два дена на плажата Катерини беа пронајдени машки шорцеви кои наликуваат на оние кои Мартин ги носел на денот на исчезнувањето во морските води. Човекот кој ги пронашол шорцевите заплеткан во алги, ги фотографила но не ги задржал, поради што спасувачите го бараа подолго време, но не го пронајдоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/14-den-potraga-po-martin-deneska-vkluchen-i-avion-eve-koj-del-se-prebaruva/feed/ 0
Рамос: Нема да запреме сè додека не го најдеме Мартин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramos-nema-da-zapreme-se-dodeka-ne-go-najdeme-martin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramos-nema-da-zapreme-se-dodeka-ne-go-najdeme-martin/#respond Thu, 21 Jul 2022 09:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=708340

Потрагата по Мартин, кој на 9 јули исчезна во морето кај Посиди на првиот крак на Халкидики, продолжува и денеска, спасувачите волонтери не запираат со потрагата, а претседателот на грчкиот волонтерски спасувачки тим ОФКАТ, Христос Рамос во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека нема да запрат сè додека не го најдат исчезнатиот. Членовите на ОФКАТ од прв момент се на терен, секојдневно веќе 13-ти ден пребаруваат во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше Крајбрежната служба на Грција. – Секако дека и денеска продолжува потрагата и нема да заврши сè додека не го најдеме Мартин. Оваа изјава ја дадов уште од самиот почеток и е ветување што му го дадов на семејството на Мартин, истакна Рамос за МИА. Од ОФКАТ, на нивниот официјален Фејсбук профил вчера објавија фотографија од црни шорцеви, најдени во близина на Катерини, слични на оние на Мартин. Фотографијата им ја испратил граѓанин, кој, за жал, не ги задржал шорцевите. – Не успеавме да го најдеме костимот за капење. За жал човекот кој го фотографирал не го земал. Ние бевме на местото каде што ни кажа човекот, заедно со хотелот го пребаравме целиот дел, во трските, ѓубрето, но не го најдовме, рече Рамос. Претседателот на ОФКАТ, за МИА објасни дека со оглед на тоа што шорцевите биле во близина на Катерини, потрагата се префрли во конкретниот дел, односно вчера биле во делот на Макријалос, Метони, Аликес од страната на Катерини, а денеска ќе пребаруваат од спротивната страна, односно во Солунскиот Залив во делот на Епамони, Каликратија, Созополи, Ираклија… Во потрагата по Мартин помагаат и лица од Северна Македонија, со дрон и спасувачи кои пребаруваат на друга локација. Во попладневните часови на 9 јули започна спасувачка акција кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот. Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен истиот ден по поминати околу два часа во вода, додека пак ден подоцна, по околу 20 часа во морето, беше пронајден и 30-годишниот Иван, додека пак потрагата по третиот пријател, Мартин, продолжува веќе 13 дена. Иако вообичаена пракса на грчката Крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена по исчезнувањето, овој рок беше продолжен по официјалното барање од македонска страна и телефонскиот разговор меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји Бујар Османи и Никос Дедниас. Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток, а акцијата продолжи и продолжува од волонтерски спасувачки тимови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramos-nema-da-zapreme-se-dodeka-ne-go-najdeme-martin/feed/ 0
ФОТО: Црни шорцеви на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање на Мартин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-crni-shorcevi-na-plazata-katerini-gi-podgreaa-nadezite-za-pronaogjanje-na-martin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-crni-shorcevi-na-plazata-katerini-gi-podgreaa-nadezite-za-pronaogjanje-na-martin/#respond Thu, 21 Jul 2022 07:32:16 +0000 https://kurir.mk/?p=708242

Граѓанин на плажата Катерини вчера пронајде шорц заплеткан во алги, го фотографила но не го задржал, поради што спасувачите вчера го бараа подолго време но не го пронајдоа. Потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, на Халкидики се уште трае. Тој исчезна пред 13 дена од плажата Мити во Посеиди, додека неговите двајца пријатели Васил и Иван се спасени. Надежите за пронаоѓање на нови траги од момчето од Скопје ги подгреа вчерашното откривање на црн шорц, сличен на оној кој Мартин го носи на последната негова фотографија, направен на денот на исчезнувањето, 9 јули, во водите на Егејското море. Граѓанин кога ги видел шорцевите, заплеткани меѓу алги на плажата Катерини направил само фотографија од нив, но не ги задржал за да се проверат, па спасувачите од ОФКАТХ вчерашниот ден го поминаа во потрага по изгубените шорцеви за капење, но не ги пронајдоа, зошто веројатно брановите ги одвлекле понатаму. „Човекот ми ја испрати фотографијата со костим за капење меѓу алги, но за жал не ги задржал. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно“, изјави Христор Рамос, шеф на спасувачката служба ОФКАТХ. Конкретно, потрагата на спасувачите со чамецот била ориентирана кон Коринос, Пидна, Аликес Китроу до устието на Аксиос покрај морето, но никаков знак од Мартин не бил пронајден. Но, оваа фотографија беше доволна семејството да верува дека е на Мартин. „Кога го видела мајката на 31-годишниот, рече дека личи на костимот за капење што го носел Мартин“, истакна шефот на ОФКАТХ. Досегашната потрага по Мартин во која се вклучени освен грчките крајбрежни служби со спасувачи, бродови и дронови, на Халкидики се мобилизирани и македонски граѓани кои доброволно се вклучија во потрагата. Досега сите потраги се неуспешни, но активни. Шорцеви на плажата Катерини/Фото: OFKATH, Greece ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-crni-shorcevi-na-plazata-katerini-gi-podgreaa-nadezite-za-pronaogjanje-na-martin/feed/ 0
Братот на Мартин: Не можам да си заминам дома без брат ми, потрагата е прескапа, потребна ни е помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-martin-ne-mozam-da-si-zaminam-doma-bez-brat-mi-potragata-e-preskapa-potrebna-ni-e-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-martin-ne-mozam-da-si-zaminam-doma-bez-brat-mi-potragata-e-preskapa-potrebna-ni-e-pomosh/#respond Mon, 18 Jul 2022 10:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=706888

Десет дена трае потрагата по исчезнатиот 31 годишен Македонец Мартин Јовановски, кој со своите пријатеи беше повлечен од морските струи кај Посиди на првиот крак од Халкидики. Неговиот брат Горан е дојден од САД со сопругата и 10 месечното дете за да се приклучи во потрагата и да биде со својата мајка. Горан апелира до грчката влада повторно да помогне и да се вклучи во потрагата, бидејќи како што вели нивните финансиски средства како семејство се исцрпени бидејќи износот кој е потребен за ангажирање на сите пловни и воздушни средства е превисок. -За жал немаме никако резултат, никаков знак. „Заглавени“ сме во друга држава, но не можам дома да си заминам без брат ми. Не можам да и кажам на мајка ми како да се вратиме во татковината без него. Потрагата за мојот брат станува прескапа бидејќи се изнајмуваат чамци како и подводни дронови со термални камери, вели Горан во изјава за грчки медиум и посочува дека донациите им се важни и без нив не би можеле ништо да направат. Вели дека се малку луѓе, а простор кој треба да се пребара е преголем. Испрати апел и до локалното население ако може да се вклучи и да помогне во потрагата. Вели, потребни им се авиони, дополнителни дронови и хеликоптери, а секој може да се вклучи. Волонтерите од ОФТАТХ и денеска трагаат по младото момче, но работите не се одвиваат во посакуваната насока. -Денеска е многу тешко бидејќи времето не ни помага. Ќе продолжиме да бараме до 16-17 часот и ќе дадеме се од себе како и секогаш. Еден чамец ќе тргне од Мудања до долниот дел, а друг од Неа Скиони до Посиди. Постои вистинска борба против времето. Се надеваме дека ќе го најдеме детето и ќе го вратиме на неговото семејство кое после 10 дена чека да го врати во татковината, вели претседателот на ОФКАТХ Христос Рамос кој е на лице место од почеток на потрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-martin-ne-mozam-da-si-zaminam-doma-bez-brat-mi-potragata-e-preskapa-potrebna-ni-e-pomosh/feed/ 0
ДА ПОМОГНЕМЕ: Грција ја прекинува потрагата по Мартин, потребни се луѓе со дронови кои можат доброволно да одат на Халкидики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-pomogneme-grcija-ja-prekinuva-potragata-po-martin-potrebni-se-lugje-so-dronovi-koi-mozat-dobrovolno-da-odat-na-halkidiki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-pomogneme-grcija-ja-prekinuva-potragata-po-martin-potrebni-se-lugje-so-dronovi-koi-mozat-dobrovolno-da-odat-na-halkidiki/#respond Sat, 16 Jul 2022 15:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=706267

Дечки се слушнав пред малку со мајка му на Мартин. Државата дефинитивно ја прекинува и напушта потрагата по Мартин. Брат му на Мартин преговара со групата спасувачи од OFKATH за евентуално тие да продолжат да трагаат уште некој ден (ако се согласат) и доброволците кои се отидени од тука, стои во објава на Фејсбук групата „Сите за Мартин“. Во самата објава стои дека бројката на луѓе кои се на терен значително се намалува. - Заради тоа, потребни се луѓе со дронови кои знаат да ракуваат со истите и кои се во можност одат доброволно на Халкидики, бидејќи оние кои се таму проценуваат дека прегледноста е најдобра од воздух и само така може да биде покриена поголема површина од огромната област која се пребарува. Доколку има некој таков во групава или доколку познавате некој кој има дрон и кој би се нафатил на ваков хуман потег, семејството моли да се пријави, се додава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-pomogneme-grcija-ja-prekinuva-potragata-po-martin-potrebni-se-lugje-so-dronovi-koi-mozat-dobrovolno-da-odat-na-halkidiki/feed/ 0