мартин селмаер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Jul 2018 07:16:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мартин селмаер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мали очекувања од средбата Јункер-Трамп за царините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mali-ochekuvanja-od-sredbata-junker-tramp-za-carinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mali-ochekuvanja-od-sredbata-junker-tramp-za-carinite/#respond Thu, 19 Jul 2018 07:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=78576

Генералниот секретар на Европската комисија, Мартин Селмаер, на амбасадорска средба изјави дека ЕК нема големи очекувања од претстојната средба на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и американскиот претседател Доналд Трамп. Тие кон крајот на овој месец треба да разговараат взаемните царински мерки. Од една страна САД ги оцаринува челикот и алуминимот, на што ЕУ возврати со царини врз клучни американски производи како моторите Харли Дејвидсон и Левис фармерките. Селмаер на ЕУ амбасадорите им порачал дека Јункер ќе се обиде да го убеди Трамп дека Европа и Америка се пријатели, а не ривали, како и дека е можно да му се понуди на американскиот претседател билатерален трговски договор, кој би ги укинал сите индутриски царини. ЕУ и САД требаше да склучат трансатлантски трговски договор до пред две години, познат како ТТИП или ТАФТА. Доаѓањето на новиот американски претседател во Белата куќа и силната спротиставеност на синдикатите и активистите во земјите на ЕУ целосно го замрзнаа овој проект. Односите меѓу ЕУ и САД никогаш не биле постудени. Освен трговските, двата блока се судираат и за договорот за денуклеаризација на Иран, а несогласувања се појавија на последниот Самит на НАТО, каде Трамп им замери на европските држави дека не издвојуваат доволно пари од буџетот за одбраната. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mali-ochekuvanja-od-sredbata-junker-tramp-za-carinite/feed/ 0