мартин шулц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 17:04:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мартин шулц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски-Шулц: Обединетоста околу социјалдемократската платформа е влог во просперитетна иднина на земјата и регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-shulc-obedinetosta-okolu-socijaldemokratskata-platforma-e-vlog-vo-prosperitetna-idnina-na-zemjata-i-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-shulc-obedinetosta-okolu-socijaldemokratskata-platforma-e-vlog-vo-prosperitetna-idnina-na-zemjata-i-regionot/#respond Tue, 22 Nov 2022 17:04:01 +0000 https://kurir.mk/?p=764943

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска се сретна со Мартин Шулц, претседател на фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот Парламент. На средбата беше разговарано за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Република Северна Македонија, како и за актуелните случувања во земјава. Заеднички беше оценето дека политиките кои ги носи оваа Влада, а кои се темелат врз социјалдемократски постулати, резултираа со развој и унапредување на демократијата, владеењето на правото и унапредување на човековите права и слободи. Директен резултат на овие политики е и исполнувањето на нашата стратешка цел, членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ. Премиерот Ковачевски на средбата го информираше Мартин Шулц за предизвиците со кои се соочува Владата во делот на евроинтеграцискиот процес и изрази благодарност за силната поддршка од страна на Европската Унија за отпочнување на пристапните преговори и за најголемата придобивка за која се изборивме – целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет. На средбата беше разговарано и за актуелната економска и енергетска криза и нејзиното надминување, како и за политичката клима во земјава пред отпочнување на собраниската процедура за уставните измени. Претседателот на фондацијата „Фридрих Еберт“, Мартин Шулц, го изрази своето силно уверување дека негувањето на социјалдемократските вредности и вложувањето во заштитата, почитта и сигурноста на граѓаните се сериозна инвестиција во демократска и просперитетна иднина. Тој ја истакна важноста од постоење на една силна социјалдемократска платформа во регионот која ќе го гарантира обединувањето околу вистинските демократски вредности. Премиерот Ковачевски се заблагодари за придонесот од „Фридрих Еберт“ фондацијата за европските интеграции, унапредувањето на политичкиот дијалог на Северна Македонија и изрази уверување дека со континуирана и посветена работа и носење храбри одлуки, ќе се обезбеди посигурна иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-shulc-obedinetosta-okolu-socijaldemokratskata-platforma-e-vlog-vo-prosperitetna-idnina-na-zemjata-i-regionot/feed/ 0
Пендаровски на средба со Мартин Шулц, претседател на фондацијата Фридрих Еберт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-martin-shulc-pretsedatel-na-fondacijata-fridrih-ebert/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-martin-shulc-pretsedatel-na-fondacijata-fridrih-ebert/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=764862

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мартин Шулц, претседател на фондацијата Фридрих Еберт и поранешен претседател на Европскиот Парламент, кој престојува во Скопје по повод учеството на вториот Социо-еколошки форум. На средбата се разговараше за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Република Северна Македонија, како и за актуелните случувања во поширокиот регион, вклучувајќи ја руската инвазија врз Украина и последиците од неа. Претседателот Пендаровски го истакна придонесот и поддршката на фондацијата во повеќе сфери, вклучувајќи ги европските интеграции, унапредувањето на политичкиот дијалог, социјалниот и економскиот развој и поддршката на образовни и младински политики. Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што фондацијата ја дава на Претседателскиот центар за политичко образование и за реализацијата на Школата за политики, што има за цел промоција на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-martin-shulc-pretsedatel-na-fondacijata-fridrih-ebert/feed/ 0
Шулц: Власта и опозицијата да го имаат предвид интересот на државата на патот кон членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shulc-vlasta-i-opozicijata-da-go-imaat-predvid-interesot-na-drzavata-na-patot-kon-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shulc-vlasta-i-opozicijata-da-go-imaat-predvid-interesot-na-drzavata-na-patot-kon-chlenstvo-vo-eu/#respond Tue, 22 Nov 2022 12:57:09 +0000 https://kurir.mk/?p=764802

Поранешниот претседател на Европскиот парламент и прв човек на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Мартин Шулц смета дека и власта и опозицијата треба да го имаат предвид повисокиот интерес на државата за надминување на пречките на патот кон членство во ЕУ, како и дека партиите треба добро да размислат и направат баланс меѓу нивната национална одговорност и тактичките чекори во домашната политичка борба. Мој личен впечаток, порача Шулц денеска во Скопје, е дека опозицијата игра тактичка игра со цел да ја стави Владата во тешкотии. – Не е мое да коментирам за внатрешните работи на земјата. Ќе дадам еден пример. Главната опозициска партија во земјава е дел од Европската народна партија (ЕПП). ЕПП пак го дели ставот на вашата Влада дека уставните измени се неопходни за напредок во ЕУ, изјави Шулц, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) денеска во Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“и Прогрес – Институтот за социјална демократија. Шулц посочи дека најважно во меѓународната политика се довербата и доверливоста, додавајќи дека, според негово лично мислење, ЕУ направила грешка. – Пред Договорот од Преспа, земјите членки и ЕУ дадоа ветување на оваа земја. Зоран Заев и Алексис Ципрас ја вложија својата целосна политичка тежина за тој договор. И по голем број дискусии и дебати во двете земји, мнозинството од граѓаните ги следа своите лидери и за мене ова беше историски момент за целиот регион. И тогаш јас, како и сите други, верував дека отворањето на ЕУ преговорите ќе може да почне. И тогаш дојде француското вето и тоа поради домашни причини. Тоа не беше фер и не беше праведно. И секако преку вакви дела се губи довербата. Потоа следуваше Бугарија. Затоа, ако владите и опозицијата ги користат ваквите работи како тактички поени, тогаш тоа е контрапродуктивно, изјави Шулц. Затоа, нагласи Шулц, разбирам кога кажувате дека граѓаните губат доверба, но моето мислење е дека се може да се промени во позитивна насока. Поранешната шведска министерка за надворешни работи Ан Линде, одговарајќи на новинарски прашања денеска во Скопје, рече дека најважно на патот кон ЕУ е да се направат потребните реформи, иако тоа е особено тешко, бидејќи некогаш се потребно големи промени. – Зборуваме за уставните измени, кои сега сметам дека се важни. Сметам дека актуелниот премиер Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешната министерка Радмила Шекеринска направија особено големи напори да ја донесат земјата во ситуацијата во која се наоѓа сега и искрено се надевам дека ќе има конструктивна опозиција, а не опозиција што само го отежнува патот на вашата земја за членство во ЕУ, изјави Линде. Таа оцени дека не постојат скратени патишта, нагласувајќи дека земјата мора да ги направи болните и тешки промени за членство во ЕУ, но дека сето тоа вреди да се направи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shulc-vlasta-i-opozicijata-da-go-imaat-predvid-interesot-na-drzavata-na-patot-kon-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0