мартин вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 May 2020 10:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мартин вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мартин со емотивна порака за Драган Вучиќ: За некого музичариште, за мене татко над татковците! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/martin-so-emotivna-poraka-za-dragan-vuchikj-za-nekogo-muzicharishte-za-mene-tatko-nad-tatkovcite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/martin-so-emotivna-poraka-za-dragan-vuchikj-za-nekogo-muzicharishte-za-mene-tatko-nad-tatkovcite/#respond Mon, 25 May 2020 10:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=349968

На почетокот на месец мај почина македонскиот музичар, композитор и водител Драган Вучиќ. Неговата смрт беше последица на коронавирусот со кој Драган се инфицираше и не успеа да се избори. Денес по речиси еден месец откако почина на Инфективната клиника во Скопје, неговиот син, музичарот и актуелен директор на Народниот ансамбл „Танец“, Мартин Вучиќ, уште еднаш сакаше да потсети кој беше неговиот татко Драган за останатите, но најмногу за него. „За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш татко над татковците!“ – пишува Мартин на својот Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/martin-so-emotivna-poraka-za-dragan-vuchikj-za-nekogo-muzicharishte-za-mene-tatko-nad-tatkovcite/feed/ 0
Беше реткост да открива детали од приватниот живот: Еве што кажа неодамна Вучиќ за својот син единец и снаата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/beshe-retkost-da-otkriva-detali-od-privatniot-zivot-eve-shto-kaza-neodamna-vuchikj-za-svojot-sin-edinec-i-snaata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/beshe-retkost-da-otkriva-detali-od-privatniot-zivot-eve-shto-kaza-neodamna-vuchikj-za-svojot-sin-edinec-i-snaata/#respond Tue, 05 May 2020 15:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=342009

Голем број познати личности во минатото седнаа да се возат во градски автобус низ Скопје во емисијата „Возење со Вучиќ“, а наспроти Драган на автобуското седиште досега седеа од водители и пејачи, до спортисти и композитори… Но, неодамна редот му дојде и на Драган за тој да застане од другата страна како соговорник во интервју за ТВ магазинот „Ексклузив“. Темата на која најмногу говореше тогаш Вучиќ беше љубовта и долгогодишниот брак со радиоспикерката Весна, а меѓу другото откри и мал детаљ од приватноста на неговиот син Мартин Вучиќ кој изминатото лето се ожени со својата избраничка Сања. Новинарката не го заобиколи прашањето за бракот на неговиот син, а Драган имаше кус одговор за синот и снаата, но алудираше на тоа дека младите генерално чекаат да помине многу време додека се решат на брак. -Тие беа заедно пет години и нормално беше да се земат. Тие се еден многу убав пар. Меѓутоа за младите сега, нека не ми забележат, некако се дистанцираат едни од други. Збориме и од машки и од женски. Тие се во свој филм, овие во свој филм, велеше Вучиќ за „Ексклузив“. За потсетување, Драган и неговата сопруга Весна станаа свекор и свекрва во месец јуни 2018 година. Нивниот син – единец, музичарот и актуелен директор на Националната установа за народни игри и песни „Танец, Мартин Вучиќ, направи гламурозна свадба со својата сакана Сања во ресторанот „Ла Тана за свадби“ во Скопје. Мартин пред петнаесетина години го отпеа хитот „Рано е да се врзам“ кој потоа стана еден вид на химна на момчињата кои не брзаат да стапат во брак или сериозна врска. Мартин кој никогаш не зборува јавно за својот приватен живот, за свадбата направи преседан и тогаш изјави: „Рано ми е да се врзам отиде во историјата, бидејќи јас веќе поодамна се врзав со љубов“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/beshe-retkost-da-otkriva-detali-od-privatniot-zivot-eve-shto-kaza-neodamna-vuchikj-za-svojot-sin-edinec-i-snaata/feed/ 0
ФОТО: Мартин Вучиќ ретко ја покажува сопругата, а за оваа нова фотографија русокосата убавица ги собра сите пофалби https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-martin-vuchikj-retko-ja-pokazuva-soprugata-a-za-ovaa-nova-fotografija-rusokosata-ubavica-gi-sobra-site-pofalbi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-martin-vuchikj-retko-ja-pokazuva-soprugata-a-za-ovaa-nova-fotografija-rusokosata-ubavica-gi-sobra-site-pofalbi/#respond Fri, 20 Dec 2019 09:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=280009

Поранешниот поп пејач, а денес музичар на ударни инструменти и актуелен директор на Македонскиот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, Мартин Вучиќ, е доста резервиран за откривање детали кога е во прашање приватноста. Тој во месец јуни 2018 година се ожени со својата сакана и сегашна сопруга Сања, а се дотогаш вешто од јавноста ја криеше врската и идентитетот на својата партнерка. Дури на свадбата Вучиќ ја покажа својата понежна половена со која се врза. Од свадбата помина повеќе од една година, а се до неодамна Мартин не покажал јавно ниту еден  заеднички момент. За промена тој неодамна за насловна фотографија на својот профил на Фејсбук, постави таква со сопругата, веројатно од некоја свеченост,  каде и двајцата изгледаат елегантно, тој во црн костум, а таа во елегантна црна тоалета.
Најмногу комплименти собра Сања на која пријателите и поласкаа дека е вистинска убавица и дека заедно се совршен пар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-martin-vuchikj-retko-ja-pokazuva-soprugata-a-za-ovaa-nova-fotografija-rusokosata-ubavica-gi-sobra-site-pofalbi/feed/ 0
Мартин Вучиќ ќе биде нов директор на Ансамблот „Танец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-vuchikj-kje-bide-nov-direktor-na-ansamblot-tanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-vuchikj-kje-bide-nov-direktor-na-ansamblot-tanec/#respond Sat, 01 Sep 2018 15:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=95123

Магистерот по музичка уметност, Мартин Вучиќ, кој во моментов е перкусионист во Македонската филхармонија, ќе биде новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“, јавува порталот 7дена.мк. Потписот врз неговата кандидатура е веќе ставен и најверојатно во понеделник и официјално ќе му биде прв работен ден. – Очигледно сите официјално знаат само јас не. Се додека тоа од Министерство за култура официјално не ми биде соопштено, за мене ќе биде вид на шпекулација. Да јас, како и многу други сум пријавен на конкурсот за нов директор, и сите веројатно го очекуваме официјалниот одговор од Министерство, вели Мартин. Интересно е што двајцата дедовци на Мартин своевремени биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец и Милорад Вучиќ, кој 15 години бил шеф на оркестарот на „Танец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/martin-vuchikj-kje-bide-nov-direktor-na-ansamblot-tanec/feed/ 0
Се ожени Мартин Вучиќ- Сања е неговата избраничка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/se-ozeni-martin-vuchikj-sanja-e-negovata-izbranichka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/se-ozeni-martin-vuchikj-sanja-e-negovata-izbranichka-foto/#respond Sat, 09 Jun 2018 08:20:30 +0000 https://kurir.mk/?p=63878

Музичарот Мартин Вучиќ сношти се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања, објави порталот Женски магазин. Сликата со младоженците, на својот фејсбук профил ја објави Нора Шаќири, блиска пријателка на семејството Вучиќ. На свадбената фотографија со Мартин и со Сања е Нора со нејзиниот сопруг Марко, и брат и Бени Шаќири со сопругата Лиса. Свадбата се одржа во познат скопски ресторан. Честитки за убавиот настан, се објавуваат и на профилот на Весна Вучиќ, мајката на Мартин, сопруга на познатиот музичар и водител Драган Вучиќ. Мартин и Сања се заедно четири години, а веќе некое време живеат заедно. Мартин и Сања со Нора и со Бени Шаќири и нивните семејства    Мартин, кој во 2008 година се повлече од поп-естрадата е еден од најсупешните наши музичари на ударни инструменти. На јавна сцена, тој може да се види на концертите на Македонската филхармонија каде што работи. Пред седум години, тој одржа успешен концерт во Универзалната сала наречен „Песни за душа“, каде што изведе повеќе традиционални македонски песни. Дел од нив, тој му ги посвети на својот дедо од страна на мајка му, легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски. Мартин никогаш не зборувал за својот приватен живот. Во 2005 година, ја претставуваше Македонија на Евросонг со песната „Make My Day“ во Киев, Украина, и успеа да обезбеди влез во финалето. Додека беше активен на поп-сцената, тој добиваше многу фестивалски награди во Македонија и во регионот. Најпознат негов хит е „Рано е да се врзам“, а една од најдрагите и најубави песни на Мартин е баладата „Муза“, која за него ја напиша Тоше Проески. ФОТО: репортер.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/se-ozeni-martin-vuchikj-sanja-e-negovata-izbranichka-foto/feed/ 0