мартини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 09:45:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мартини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Секогаш е погрешно во филмовите: Рецепт за „вистинско“ мартини какво што пие Џејмс Бонд https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sekogash-e-pogreshno-vo-filmovite-recept-za-vistinsko-martini-kakvo-shto-pie-dzejms-bond/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sekogash-e-pogreshno-vo-filmovite-recept-za-vistinsko-martini-kakvo-shto-pie-dzejms-bond/#respond Mon, 24 Oct 2022 20:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=749947

Ако го прашате Џејмс Бонд – протресен, не измешан – е рецептот за совршено мартини. Иако дури и врапчињата на гранката знаат дека агентот 007 пие мартини, ретко кој знае за каков пијалок всушност станува збор. Во книгите јасно е наведено дека Џејмс Бонд го пие Веспер мартинито. Иан Флеминг веќе го спомна овој пијалок во првата книга од серијата – во Казино Ројал од 1953 година, но речиси никогаш не се појавува во филмовите. Кога во филмот ќе се спомне вистински коктел, за негова подготовка се користат погрешни пропорции. Веспер мартини е комбинација од вотка, џин и Кино Лилет – ароматичен алкохолен пијалок на база на вино. Поточно, треба да се измешаат три единици Гордон џин, една единица добра вотка и половина единица Кина Лилет. Состојките сипете ги во шејкер наполнет со мраз и добро протресете додека не се излади коктелот, а потоа истурете го во чаша и послужете со долго парче кора од лимон. И тоа е тоа! Џинот му дава „тело“ на овој коктел, а водката го разредува неговиот вкус за да го направи попиток. Но, Лилет е она што навистина му дава на пијалокот вкус и арома. Тоа е едно од популарните десертни вина направено од мешавина на грозје од регионот Бордо и ликери од цитрус. Ако немате Lillet на располагање, можете да го замените во рецептот со секаков вид сув вермут. На здравје!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sekogash-e-pogreshno-vo-filmovite-recept-za-vistinsko-martini-kakvo-shto-pie-dzejms-bond/feed/ 0