Марван Абуд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Aug 2020 13:13:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Марван Абуд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Абуд: Во Бејрут околу 300.000 луѓе останаа без дом https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abud-vo-bejrut-okolu-300-000-lugje-ostanaa-bez-dom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abud-vo-bejrut-okolu-300-000-lugje-ostanaa-bez-dom/#respond Wed, 05 Aug 2020 13:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=386632

По експлозијата на пристаништето во Бејрут, околу 300.000 луѓе останаа без дом, изјави гувернерот на Бејрут, Марван Абуд. Според проценката на Абуд, штетата од експлозијата изнесува од три до пет милијарди долари. Поради обемот на штетата, под прашање е и иднината на самото пристаниште, а при експлозијата се уништени и многу куќи и станови, поради што многу жители во моментов се без дом. Либанскиот претседател, Мишел Аун најави итна помош од 66 милиони долари, но последиците од експлозијата на пристаништето врз економијата ќе бидат долготрајни. Околу 100 лица загинаа, а околу 4.000 лица се повредени во експлозијата во Бејрут. Експлозијата се случи во близина на местото каде во 2005 година експлодира автомобил-бомба, при што загина поранешниот либански премиер Рафик Харири. Во Либан со месеци се одржуваат антивладини протести поради начинот на кој Владата се справува со најлошата економска криза од граѓанската војна во 1975 година до 1990 година. Демонстрантите ја обвинуваат владејачката елита, што со години доминира во политиката, за лино богатење, наместо да ги решава основните проблеми на луѓето, како што се недостаток на енергија, вода за пиење и лош здравствен систем. Либан прежиева катастрофална граѓанска војна од 15 години, по што честопати беше мета на вкрстен оган од регионалните конфликти. Во Либан официјално признаени се 18 религиозни заедници, четири муслимански, 12 христијански, сектата Друзи и јудаизмот. Главните три политички функции, претседател, претседател на Парламентот и премиер, се поделени меѓу трите најголеми заедници (христијанска, шиитска, и сунитска) според Договорот од 1934 година. Либанскиот Парламент со 126 места е подеднакво поделен меѓу христијаните и муслиманите. Во моментов во Либан, шиитското екстремистичко движење Хезболах, кое има поддршка од Иран, е најмоќната воена и политичка групација во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abud-vo-bejrut-okolu-300-000-lugje-ostanaa-bez-dom/feed/ 0
Бејрут потсети на Хирошима и Нагасаки: Вртоглаво расте бројот на починати и повредени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bejrut-potseti-na-hiroshima-i-nagasaki-vrtoglavo-raste-brojot-na-pochinati-i-povredeni-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bejrut-potseti-na-hiroshima-i-nagasaki-vrtoglavo-raste-brojot-na-pochinati-i-povredeni-video/#respond Tue, 04 Aug 2020 20:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=386251

Либанскиот Бејрут беше погоден од неколку силни експлозии, а според информациите на локалниот Црвен крст, загинаа најмалку 70 лица. Болниците се преполни, сите служби се на терен, а целата ситуација го погоди и гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, кој се расплака пред новинарите. Додека околу него можеше да се види чад и рушевини, Абуд ја спореди катастрофата со нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна. Иако се претпставува дека експлозијата се случила во магацин за експлозивни материи на пристаништето, точната причина сè уште не е позната. Абуд потврди дека избувнал пожар и дека пожарникарите кои дошле да го изгаснат тогаш исчезнале. "Ги бараме, 10 од нив се исчезнати во моментов. Се изгледа како што се случило во Јапонија, Хирошима и Нагасаки. Ме потсетува на тоа. Никогаш не сум видел такво уништување во целиот мој живот. Ова е национална катастрофа", рече тој низ солзи. За потсетување, најпрвин се слушнала малудар, после пет минути се појавил црно-бел чад. После тоа, одекнала силнаексплозија и црвениот чад почнал да расте. Дури и на неколку километри оддалеченост, стаклата на излозите во во многу насели се искршени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bejrut-potseti-na-hiroshima-i-nagasaki-vrtoglavo-raste-brojot-na-pochinati-i-povredeni-video/feed/ 0