маржа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Aug 2022 10:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маржа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zamrznuva-marzata-na-ogrevno-drvo-i-peleti-za-ogrev-na-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zamrznuva-marzata-na-ogrevno-drvo-i-peleti-za-ogrev-na-10/#respond Thu, 11 Aug 2022 10:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=717027

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. -Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Висината на трговска маржа најмногу до 10% за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа. Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zamrznuva-marzata-na-ogrevno-drvo-i-peleti-za-ogrev-na-10/feed/ 0
Ограничени маржите за основните производи, нови антикризни мерки по ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/#respond Wed, 15 Jun 2022 05:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=691016

Владата со ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи на 5 до 10 отсто повторно ќе се обиде да го спречи растот на цените на производите. На предлог на Министерството за економија вчера донесе одлука за ограничени маржи што ќе важат заклучно со 30 септември годинава. – Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира вчера министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици. – Со оваа одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, додаде Бектеши. Според одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година. Порача дека мерките секогаш се носaт во консултација со стопанските комори. -Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините. Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, посочи Бектеши. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера повторно потврди дека новите мерки за справување со кризата ќе почнат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Тие ќе бидат насочени за најкритичните граѓани и компании. -Мерките се насочени кон најранливите категории, притисокот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и компании, рече Битиќи. Во врска со брзото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи напомена дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат. -Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер. Апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми, истакна Битиќи. Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии, пак, преку Стопанската комора побара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка. Претставници на Групацијата вчера јавно побараа средба со вицепремиерот за економски прашања Битиќи, за да ги образложат барања за продолжување на оваа мерка. – Во спротивно на краток рок за две до три недели во зависност од тековните залихи прво ќе следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора. Оттаму истакнаа дека тие не бараат помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. – Оваа Индустрија со важечките царински давачки е ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред се оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0 отсто царина, а ние, домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаме царина во висина од 20 до 35 отсто. Ова уште повеќе ќе биде нагласено со функционирањето на Отворен Балкан, посочија од Стопанската комора. На 1 јуни годинава престанаа да важат анти кризните мерки со кои исто така беа замрзнати на маржите на основните прехранбени производи. Покрај тоа, беше намалена ставката на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0 проценти. Намалени беа и акцизите и ДДВ-то за горивата, но по завршувањето на мерката значително се зголемија цените особено на дизелот, како и на дел од основните прехранбени производи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
ОД УТРЕ: Се замрзнува маржата на овие прехранбени прозиводи во трговијата на големо и мало https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-se-zamrznuva-marzata-na-ovie-prehranbeni-prozivodi-vo-trgovijata-na-golemo-i-malo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-se-zamrznuva-marzata-na-ovie-prehranbeni-prozivodi-vo-trgovijata-na-golemo-i-malo/#respond Tue, 14 Jun 2022 11:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=690686

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата. -Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел- сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500,- макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало, кажа министерот Бектеши. Министерот Бектеши исто така информираше дека според Одлуката за овиe производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции). -Со оваа Одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци“. Според Одлуката, како што кажа Бектеши, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-se-zamrznuva-marzata-na-ovie-prehranbeni-prozivodi-vo-trgovijata-na-golemo-i-malo/feed/ 0
Од денеска се очекува корекции на цените на основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-se-ochekuva-korekcii-na-cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-se-ochekuva-korekcii-na-cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Mon, 14 Mar 2022 06:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=646606

По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието. Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. За нив стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај. Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти. Антикризниот пакет мерки за справување со ценовниот шок поради војната во Украина, покрај намалениот ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари, што веќе доведе до поевтинување на бензините и дизелот, предвидува и продолжување на повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата до крајот на годинава. Се намалува и стапката на ДДВ при промет на енергенси од 18 на 10 проценти, а се укинува данокот при увоз на гас, електрична и топлинска енергија. Со намалувањето на даноците директно се влијае врз крајната цена што граѓаните ја плаќаат за основните производи за исхрана, со пониското ДДВ за нафтените деривати се амортизира крајната цена на дериватите, додека со продолжување на повластената стапка на ДДВ за електрична енергија се редуцираат трошоците за енергија. Од Владата и надлежните институции задолжени за спроведување на мерките апелираат трговците соодветно да ги применат решенијата од законот, односно да направат подесување на своите фискални апарати. Велат дека донесените законските измени, предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството. Со сетот од 26 антикризни мерки, е предвидено и субвенционирање на граѓаните за електрична енергија. Најранливите категории во периодот од април до јуни ќе добијат ваучери во вредност од по 1.000 денари секој месец, кои би се користеле за купување на основни производи. За сите пензионери започнувајќи од мартовската, а завршувајќи со мајската пензија, превидени се дополнителни субвенции од по 1.000 денари како дополнување на пензијата. Министерот за финансии Фатмир Бесим тврди дека донесените мерки вредни 400 милиони евра нема да влијаат на ликвидноста на државната каса. Буџетот е ликвиден, девизните резерви се зголемени, денарот е стабилен, вели Бесими. Тој ги повика институциите, општините, стопанствениците и граѓаните да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и дека нема простор за паника. И од Народната банка порачуваат денарот е стабилен и ќе остане стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, рече во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа, за што говорат и изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи успешно е одржана стабилноста на домашната валута. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана. Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации. – Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неоснована паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката. Банкарскиот сектор, истакнува Ангеловска-Бежоска, е стабилен и отпорен на шокови, и успева да обезбеди солидна кредитна поддршка на реалниот сектор, што е значаен импулс за економското закрепнување. Не се очекува случувањата во Украина да имаат позначително директно влијание врз домашниот банкарски сектор, што се должи на многу слабите финансиски врски што тој ги има со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Народната банка ќе продолжи да ги следи случувања и соодветно ќе реагира доколку се оцени потреба, со мерки за одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-se-ochekuva-korekcii-na-cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
Од денеска ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-ogranicheni-marzi-namesto-zamrznati-ceni-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-ogranicheni-marzi-namesto-zamrznati-ceni-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Tue, 01 Mar 2022 06:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=638339

Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец. Во наредниот период, според најавите од надлежните, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи можат да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ. Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека со одлуката за ограничување на маржите ќе се стабилизира пазарот и не верува дека ќе има нов ценовен шок. – Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи да предизвика намалување на нивните цени. Ние не очекуваме големо намалување на цените. Во случај да останат истите цени на суровините, тогаш согласно одлуката, очекуваме да има намалување од пет до 10 проценти на постоечките цени. Во случај да се зголеми цената на суровините, тогаш минимум што може да направиме е да имаме стабилизација на цените, вели Бектеши. Тој смета дека со претходната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поголемиот товар паднал врз производителите, отколку врз трговците на големо и мало. Во време на пандемија, поточно во 2020 година, како што истакна, дел од супермаркетите во земјава имале нето профит кој се движел од три до 8,5 милиони евра. Токму затоа одлуката за ограничување на маржите важи до крајот на мај кога се очекува да биде донесен законот за нефер трговски пракси со кој меѓу другото се предвидува категоризација на супермаркетите. – Во делот на маржите за основните прехранбени производи мислам дека нефер практики се одредени чинители на ланецот на трговија во државата да добијат маржи над 30, па до 50 отсто, посебно нефер е во време на пандемија и во време на вакви кризни состојби. Убеден сум дека и во делот на купопродажните договори кои ги склучуваат трговците на мало со производителите или со увозниците имаат начин како да се направат такви договори за да нема вакви големи маржи кои моментално ги има во некои од ланците од супермаркети во нашата држава, порача Бектеши. Стопанската комора, пак, во петокот побара итна средба со министерот за економија за дополнителни консултации со цел наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало. Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите членки на Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Доколку не се направи корекција на листата, велат од Комората, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат. – Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало. Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци, велат од компаниите. Денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година. Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-ogranicheni-marzi-namesto-zamrznati-ceni-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0