машина за перење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 12:16:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png машина за перење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доаѓаат апарати за домаќинство со нова технологија: Подобри перформанси со заштеда на енергија https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagaat-aparati-za-domakinstvo-so-nova-tehnologija-podobri-performansi-so-zashteda-na-energija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagaat-aparati-za-domakinstvo-so-nova-tehnologija-podobri-performansi-so-zashteda-na-energija/#respond Tue, 12 Sep 2023 12:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=877270

Глобалниот лидер во производството на апарати за домаќинство, BEKO, лансираше нова генерација уреди со технологија EnergySpin во својата палета на машини за перење. Презентирана во Берлин на трговската конференција IFA 2023, оваа нова технологија дава ново искуство во традиционалните процеси на перење, бидејќи спаѓа во технологиите со чија помош машините за перење имаат уште подобра енергетска ефикасност. Сето ова е во согласност со деловната мисија на компанијата BEKO - неуморно да се залага за развој на иновативни технологии, зголемување на свеста на потрошувачите и поголема понуда на енергетски поефикасни производи. Машините за перење со „EnergySpin технологија“ се само дел од производите што ќе бидат претставени на трговската конференција IFA 2023 што се одржува во Берлин од 1 до 5 септември.

За здравјето и на луѓето и на планетата

- Во Bekо веруваме дека здравиот живот го вклучува и здравјето на луѓето, но и здравјето на планетата. Производите што ги нудиме не само што се иновативни и сигурни, туку се и добри за здравјето на нашите потрошувачи. Затоа сме сигурни дека нашите потрошувачи ја носат вистинската одлука при изборот на производите на BEKO. BEKO работи во согласност со стандардите и прописите кои ги почитуваат се повеќе земји во светот - ги почитуваме стандардите за енергетска ефикасност и правиме се за да ја намалиме потрошувачката на енергија - велат од компанијата BEKO, по повод лансирањето на иновативните технологии и апарати.

Енергетски ефикасните апарати се мисијата на BEKO

- Постојано се стремиме да развиваме иновативни технологии, се трудиме да влијаеме на свеста на нашите потрошувачи и да понудиме што е можно повеќе енергетски ефикасни производи. Нашите машини за миење садови, опремени со технологија на топлинска пумпа, трошат до 10% помалку енергија од горната граница за А класа. Но, оваа година на IFA 2023 презентираме машина со уште подобри перформанси која троши до 20% помалку енергија од горната граница за класата А. Планираме да ја воведеме оваа технологија во првиот квартал на 2024 година. Исто така, нашите A-10% фрижидери со функцијата HarvestFresh се енергетски најефикасните производи на пазарот, а нашите Aquatech машини за перење со ефикасни системи за мешање детергент и вода ја надминуваат енергетска ефикасност А за 40% - соопштија од компанијата BEKO, глобален лидер во производството на апарати за домаќинство.

Машини за перење кои штедат

Една од технологиите на новата генерација, технологијата EnergySpin ќе ја намали потрошувачката на енергија во најчесто користените програми на моделите на машини за перење BEKO, промовирајќи поодржлив, ефикасен и поекономичен начин на живот во секој дом. Технологијата EnergySpin е единствено решение на пазарот кое обезбедува заштеда на енергија не само за Eco програмите туку и за другите програми за перење како што се „Памук“, „Синтетика“, „Брзо перење“, „Деликатно“, „Mикс“, „Програма на 20 °C“ и програмата „Ладно перење“. Наместо да се потпира на топлина за растворање на детергентот и отстранување на нечистотијата, технологијата BEKO EnergySpin го става детергентот во алиштата порано и ја користи моќта на повисоките брзини на барабанот од вообичаените за да ја подобри брзината со која детергентите се раствораат. Овие единствени движења на барабанот ја заменуваат потребата за прекумерно создавање топлина за време на перењето, а резултатот е помала потрошувачка на енергија - до 35% помалку отколку кај традиционалните машини, со висок квалитет на перење. EnergySpin треба да биде дел од поголемиот дел од асортиманот на уредите за заштеда на енергија на BEKO, кои се достапни низ цела Европа. Производот ќе се најде на пазарот до крајот на 2023 година, а ќе биде претставен и на IFA 2023 во Берлин.

Иновациите се клуч за успех и доверба

Инвестирањето во иновациите е клучен елемент на целокупната стратегија на BEKO. BEKO посветува значително количество на ресурси за развој на еколошки прифатливи, паметни и практични производи.
- Управуваме со 30 најсовремени центри за истражување и развој, во кои се сместени повеќе од 2.300 истражувачи ширум светот. Во моментов имаме околу 3.000 регистрирани патентни пријави ширум светот. Светскиот економски форум ги препозна нашите паметни фабрики во Романија и Турција како најуспешни капацитети за Индустрија 4.0 ширум светот. Овие објекти, исто така, ја илустрираат нашата посветеност за постигнување на нето нулта иднина - користење 100% зелена електрична енергија, максимизирање на ефикасноста на ресурсите и имплементација на напредни решенија за третман на отпадните води - велат во BEKO.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/doagaat-aparati-za-domakinstvo-so-nova-tehnologija-podobri-performansi-so-zashteda-na-energija/feed/ 0
Нечиста машина за перење остава миризба врз облеката https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nechista-mashina-za-perene-ostava-mirizba-vrz-oblekata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nechista-mashina-za-perene-ostava-mirizba-vrz-oblekata/#respond Fri, 04 Aug 2023 18:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=863414

Доколку алиштата имаат непријатен мирис по перењето в машина, време е таа да се исчисти со помош на три состојки коишто ги има во скоро секој дом - алкохолен оцет, медицински алкохол и сода бикарбона. Постапката е следна: Се вади фиоката од машината за перење. Потоа, во шише со распрскувач се истура 100 милилитри алкохол и се напрскува на местото на фиоката. Таа потоа треба да се измива со топла вода и се прска со оцет и пред да се врати во машината за перење. Во преградата каде што вообичаено се истурате омекнувач, истурете малку оцет, а во другите две прегради ставете сода-бикарбона во иста мера колку што обично се става прашок. Во барабанот на машината за перење се сипува приближно 450 милилитри оцет и се вклучува на 90 степени. Откако машината ќе заврши со работа, се отвора вратата и почекајте околу 10 минути, пренесува „Кликс“. На крајот, испрскајте алкохол во барабанот и избришете темелно со памучна крпа. Оваа постапка се повторува еднаш месечно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nechista-mashina-za-perene-ostava-mirizba-vrz-oblekata/feed/ 0
Две состојки кои ќе го продолжат векот на машината за перење, а вашата облека ќе мириса убаво https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-sostojki-koi-kje-go-prodolzat-vekot-na-mashinata-za-perenje-a-vashata-obleka-kje-mirisa-ubavo-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-sostojki-koi-kje-go-prodolzat-vekot-na-mashinata-za-perenje-a-vashata-obleka-kje-mirisa-ubavo-2/#respond Wed, 19 Oct 2022 11:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=747725

За вашата машина за перење да трае подолго, а вашата облека убаво да мириса и да е чиста, потребно е од време на време добро да ја исчистите. Тоа можете да го направите сами со помош на две состојки. Колку и да користите квалитетен детергент, прашок и омекнувач, бидете уверени дека вашата машина за перење, како и другите апарати, по одредено време ќе попримат непријатен мирис. За да ја освежите, но и да го продолжите нејзиниот век на траење треба да ставите две шолји вински оцет или лимонов сок во машината. Потоа вклучете ја да работи на највисока температура. Сите непријатни мириси ќе исчезнат, како бигорот од водата кој со време се собрал.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-sostojki-koi-kje-go-prodolzat-vekot-na-mashinata-za-perenje-a-vashata-obleka-kje-mirisa-ubavo-2/feed/ 0
За да не направите хаос: Овие 7 работи никогаш не треба да ги перете во машина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-da-ne-napravite-haos-ovie-7-raboti-nikogash-ne-treba-da-gi-perete-vo-mashina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-da-ne-napravite-haos-ovie-7-raboti-nikogash-ne-treba-da-gi-perete-vo-mashina/#respond Tue, 18 Oct 2022 12:41:20 +0000 https://kurir.mk/?p=747057

Веруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината. Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие: 1. Перници од пена Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња. Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните. Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата. Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја. По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место. 2. Сѐ што е налепено со животински влакна Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко. Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење. За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето. Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата. 3. Градници Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека. Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи. Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги. Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот. 4. Ткаенини со запалива дамка Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека. Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија. Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина. Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење. 5. Везена или чипкана гардероба Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката. Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале. 6. Гломазни предмети Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере. Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална. 7. Облека од кашмир или кадифе Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење. И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека. Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-da-ne-napravite-haos-ovie-7-raboti-nikogash-ne-treba-da-gi-perete-vo-mashina/feed/ 0
Заборавете на непријатниот мирис од МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ: Еве како облеката секогаш да ви мириса на омекнувачот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zaboravete-na-neprijatniot-miris-od-mashinata-za-perenje-eve-kako-oblekata-sekogash-da-vi-mirisa-na-omeknuvachot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zaboravete-na-neprijatniot-miris-od-mashinata-za-perenje-eve-kako-oblekata-sekogash-da-vi-mirisa-na-omeknuvachot/#respond Fri, 06 May 2022 12:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=672949

Помислата на перење алишта многумина ги асоцира на мирис на чистота, но често се случува тоа да не е случај. Многу од вас веројатно се сретнале со непријатен мирис на перените алишта, иако штотуку ги извадиле од машината. За оној најлошиот мирис некои тврдат дека потсетува на „мирис на мокро куче“, кој останува и по неколку перења на алиштата на различни програми и речиси е невозможно да се ослободите од него. Причини за непријатниот мирис Причината за непријатниот мирис можат да бидат остатоците од нечисторија во гумата на машината, предолго оставање на алиштата во машината и габички односно мувла. Понекогаш причината за лошиот мирис може да биде и лошата комбинација на детергент и омекнувач за алишта. Мувлата, пак, може да се храни со остатоците од пена од детергентот, особено ако сте склони кон обилно ставање на средства за перење алишта. Можеби мислите дека од овие мириси можете да се ослободите само со „тешка хемија“, но не е така. Вообичаените куински средства можат да ви бидат од голема корист. Како да се ослободите од непријатниот мирис Мувлата сака темни и влажни места, а машината за перење спаѓа во овој опис. Постојат бројни методи со кои можете да ги исчистите несакани наслаги и нечистотија, а притоа повторно да имате миризливи алишта. Алкохолен оцет – спас за машината за перење Алкохолниот оцет е проверено природно средство за отстранување на сите причинители на непријатни мириси и за одржувањето на чиста машина за перење. Додавањето на алкохолен оцет при секое перење ќе ви заштеди многу маки и ќе ве ослободи од непријатните мирис. Тој ги убива бактериите, ја омекнува водата и делотворно ги отстранува тврдокорните наслаги, па и дамки на облеката. Ако сакате да го избегнете мирисот на оцет можете да му додадете неколку капки етерично масло, така што вашите алишта ќе мирисаат прекрасно. Комбинацијата со етерично масло е одлична и како омекнувач. Комерцијалните омекнувачи ако се користат прекумерно предизвикуваат побавно сушење на алиштата, поради што тие се склони кон создавање на непријатни мириси. Месечно чистење на машината за перење Во преградата за омекнувач ставете една шолја оцет, а диретно во машината една шолја сода бикарбона. Пуштете ја машината на најкратката програма, а на најјака температура, и вклучете додатно плакнење. Што да направите ако алиштата останат предолго во машината Многумина ги мачи овој проблем, на сите им се случило ова некогаш, но без грижа има решение. За алиштата да се ослободат од непријатните мириси, во машината додадете една шолја мешавина од сода бикарбона и оцет, ставете детергент во ппреградата за детергент и вклучете ја машината. Кога детергнетот ќе почне да пени, исклучете ја машината и оставете ја да одстои преку ноќ. Наутро повторно вклучете ја, алиштата нека се исперат уште еднаш на вообичаената програма, а после перењето исушете ги на отворено доколку имате можност. Отстранување на нечистотијата со боракс Бораксот е природно средство која ја уништува мувлата, било на облеката или во машината за перење. Можете и да го додадете на детергентот. Пред перење растопете половина лажица боракс во врела вода. Додадете го растворот во преградата за детергент и со него исперете ги алиштата. Познат по своите антигабични дејства, воедно и ќе ја дезинфицира вашата облека. Важна е и температурата на водата Користењето на студена вода за перење на алиштата е во ред, но притоа е многу важно превентивното одржување на машината за перење. Ако често користите пониска температура или студена вода, нужно е темелно да ја чистите машината неколку пати во годината поради насобраните остатоци од детергент, маснотии, храна и други нечистотии. Одржувајте ја вашата машина за перење алишта чиста и свежа. Самото испирање на машината со врела вода ќе ги реши вашите проблеми. Еднаш месечно дозедорирајте ја со оцет. По перењето секогаш оставајте ја врата од машината отворена, со што ќе се спречи појавата на бактерии и мувла. Бришете ги остатоците од детергент и омекнувач барем на секои две недели. Користете соодветен детергент за вашата машина. Не користете повеќе детергент и омекнувач од што е потребно. Почитувајте ги препорачаните дози. Секогаш перете ја облеката на соодветната температура. Не ја преполнувајте машината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zaboravete-na-neprijatniot-miris-od-mashinata-za-perenje-eve-kako-oblekata-sekogash-da-vi-mirisa-na-omeknuvachot/feed/ 0
Како подобро да пере машината за садови: Една состојка ќе ги отстрани дамките, бигорот и наслагите! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-podobro-da-pere-mashinata-za-sadovi-edna-sostojka-kje-gi-otstrani-damkite-bigorot-i-naslagite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-podobro-da-pere-mashinata-za-sadovi-edna-sostojka-kje-gi-otstrani-damkite-bigorot-i-naslagite/#respond Wed, 16 Mar 2022 06:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=647892

Машините за миење садови, како и повеќето други апарати за домаќинство, имаат потреба од одржување. Бигорот, остатоците од храна и наслаги од таблети и други средства за перење оставаат траги, па со текот на времето ефектот на машинското перење слабее. Сепак, за тоа постои решение, кое како и обично е во природата. Најдобро е да користите лимон за да ги отстраните овие проблеми. Лимонската киселина ги чисти бигорот, а во исто време ги остава садовите неверојатно чисти и сјајни. Доволно е да ги ставите половините од искористените лимони, односно без сок и семки, на горната полица во машината за перење и да ги измиете садовите по вообичаена постапка. Освен што помагате за отстранување на бигорот и подобро миење на садовите, на овој начин го намалувате кујнскиот отпад. Дури и ако не сте успеале да го искористите лимонот пред да се расипе, исцедете го сокот во садот со него, но и кората, ставете го во машина и измијте ги садовите. Треба да се напомене дека семките треба да се изостават, бидејќи може да се исушат, да се акумулираат, па дури и да се заглават во одводите на машината. Користете го овој трик повремено, бидејќи неконтролираното користење на лимонот и неговиот сок, поточно киселоста, може да влијае на гумата на вратата на овој кујнски апарат. Доволно е еднаш месечно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-podobro-da-pere-mashinata-za-sadovi-edna-sostojka-kje-gi-otstrani-damkite-bigorot-i-naslagite/feed/ 0
ВИДЕО: Преживеал 30 минути во машина за перење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-preziveal-30-minuti-vo-mashina-za-perenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-preziveal-30-minuti-vo-mashina-za-perenje/#respond Fri, 28 Jan 2022 20:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=624176

Мачор по име Брошa мина половина час во вклучена машина за перење облека и преживеа. Инцидентот се случил во Украина. Сопствениците објасниле дека мачорот Брошa обожава да спие во машината, а со оглед дека е сив, со истата боја како и внатрешноста на машината, не го забележале во текот на вклучувањето. Ова е објавено на Facebook страницата на ветеринарната клиника на која мачорот бил доведен за спасување. Според зборовите на вработените во клиниката, Брошa бил во машината за перење облека околу 30 минути пред сопствениците да го слушнат неговиот врисок. „Замислете ги шокот и ужасот кога ќе сфатите дека мачорот толку долго бил во машината за перење. Изненадува тоа што веднаш по отворање на машината мачорот истрчал и се обидел да се сокрие. Го фатиле, веднаш го исушиле и го одвеле на ветеринар“, додаваат тие. Во текот на прегледот животното имало ниска температура, очите не му биле доволно отворени поради прашокот за перење, а устата силно му мирисала на детергент. Ветеринарите му одредиле терапија потребна за закрепнување, а откако резултатите му биле уредни мачорот набргу си заминал дома. Сега, повторно е активен, трча, скока по дома и има апетит. „Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брошa навистина има голема среќа. не за џабе се вели дека мачките имаат 9 животи“, додаваат од ветеринарната клиника. Слична приказна имаше и во 2020 година во Австралија кога мачка преживеа 12 минути во машина за перење алишта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-preziveal-30-minuti-vo-mashina-za-perenje/feed/ 0
Ефект кој ќе ве воодушеви, ставете ловоров лист во машината за перење алишта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/efekt-koj-kje-ve-voodushevi-stavete-lovorov-list-vo-mashinata-za-perenje-alishta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/efekt-koj-kje-ve-voodushevi-stavete-lovorov-list-vo-mashinata-za-perenje-alishta/#respond Tue, 28 Dec 2021 12:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=614057

Се почесто старите трикови кои ги користеле мајките и бабите за чистење се враќаат во употреба и денеска. Претходно заборавени, сега стануваат се попопуларни. Еден од нив е и ловоровиот лист кој се става при перење. Тој не дава подобар мирис или ефект на омекнувач, туку ја чува обоената облека и и ја враќа бојата. Ловоровиот лист може да го ставите директно во машината за алишта, но многу подобар ефект ќе добиете ако го ставите во леѓен со вода, а потоа ги потопите алиштата. Во зависност од количината на алиштата, земете неколку или десетина листови ставете ги во вода додека да проврие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/efekt-koj-kje-ve-voodushevi-stavete-lovorov-list-vo-mashinata-za-perenje-alishta/feed/ 0
Додајте сол во машината за перење пред да ја вклучите: Кога врне дожд со овој трик ќе ги решите најчестите проблеми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dodajte-sol-vo-mashinata-za-perenje-pred-da-ja-vkluchite-koga-vrne-dozd-so-ovoj-trik-kje-gi-reshite-najchestite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dodajte-sol-vo-mashinata-za-perenje-pred-da-ja-vkluchite-koga-vrne-dozd-so-ovoj-trik-kje-gi-reshite-najchestite-problemi/#respond Mon, 30 Aug 2021 08:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=556506

Сигурно секоја домаќинка забележала дека после секое перење квалитетот на облеката се намалува. Маиците почнуваат да бледеат или воопште не се перат добро, во облеката се вовлекува некој непријатен мирис на мешавина од пот и дезодоранс. За да се избегне тоа, многу домаќинки се одлучуваат да ја перат облеката на 30 или 40 степени што е многу погрешно, затоа што на таа температура не се уништуваат бактериите. Постои сосема неочекуван начин да се ослободите од овие чести проблеми. Верувале или не, решението се наоѓа во вашата кујна. Пред да ја вклучите машината, во празната преграда (онаа која не ја користите) ставете лажица сол. Кога ќе дојде време за перење на облеката, солта ќе ја направи својата магија. Зошто треба да се додаде соч во перењето ? Прво, овој најважен зачин во нашата кујна помага да се отстрани преостанатиот детергент од облеката, што ќе помогне кај непријатниот мирис. Освен тоа, ќе се елиминира ризикот од алергија кај луѓето со осетлива кожа. Исто така, солта ќе направи облеката да ја поврати свежината и ќе спречи да избледи, што е честа појава по бројните перења. Бонус е исто така што облеката брзо се суши. Ова е посебно корисно кога надвор паѓа дожд, па облеката ќе ја исушите во станот или куќата. Постои и опција солта да се стави директно во машината за перење заедно со облеката но во тој случај помалку делува кај овие проблеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dodajte-sol-vo-mashinata-za-perenje-pred-da-ja-vkluchite-koga-vrne-dozd-so-ovoj-trik-kje-gi-reshite-najchestite-problemi/feed/ 0
Овие 7 работи никогаш не треба да ги перете во машина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-7-raboti-nikogash-ne-treba-da-gi-perete-vo-mashina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-7-raboti-nikogash-ne-treba-da-gi-perete-vo-mashina/#respond Thu, 12 Aug 2021 19:53:35 +0000 https://kurir.mk/?p=549890

Веруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината. Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие: 1. Перници од пена Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња. Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните. Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата. Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја. По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место. 2. Сѐ што е налепено со животински влакна Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко. Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење. За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето. Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата. 3. Градници Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека. Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи. Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги. Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот. 4. Ткаенини со запалива дамка Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека. Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија. Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина. Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење. 5. Везена или чипкана гардероба Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката. Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале. 6. Гломазни предмети Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере. Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална. 7. Облека од кашмир или кадифе Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење. И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека. Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина.]]>

Веруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината. Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие: 1. Перници од пена Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња. Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните. Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата. Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја. По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место. 2. Сѐ што е налепено со животински влакна Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко. Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење. За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето. Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата. 3. Градници Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека. Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи. Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги. Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот. 4. Ткаенини со запалива дамка Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека. Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија. Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина. Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење. 5. Везена или чипкана гардероба Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката. Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале. 6. Гломазни предмети Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере. Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална. 7. Облека од кашмир или кадифе Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење. И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека. Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-7-raboti-nikogash-ne-treba-da-gi-perete-vo-mashina/feed/ 0