машиновозачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 19:25:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png машиновозачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прекинат бојкотот на машиновозачите, товарниот железнички сообраќај стартува вечерва, а патничкиот од вторник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinat-bojkotot-na-mashinovozachite-tovarniot-zheleznichki-soobrakaj-startuva-vecherva-a-patnichkiot-od-vtornik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinat-bojkotot-na-mashinovozachite-tovarniot-zheleznichki-soobrakaj-startuva-vecherva-a-patnichkiot-od-vtornik/#respond Thu, 07 Sep 2023 19:25:48 +0000 https://kurir.mk/?p=875861

Товарниот железнички сообраќај да биде во функциија од вечерва, а патничкиот од вторник следната недела, договориле денеска машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт и раководството на претпријатието. Тони Димовски, претставник на машиновозачите за МИА изјави дека е постигнат договор за прекин бојкотот што го почнаа на 25. минатиот месец со барање за исплата на вториот дел од платата за јули, како и за редовност во исплата, што е честа причина за бојкоти во железничкото претпријатие. - Бојкотот е прекинат бидејќи во преговорите со менаџерскиот тим е постигнат позитивен договор. Ќе бидат повлечени суспензиите за колегите и нема да има ниту една санкција, вели Димовски. Машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт, го почна бојкотот поради неисплатениот втор дел од платата за јули годинава. Од стартот на бојкотот не сообраќаа ниту патничките ниту товарните возови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinat-bojkotot-na-mashinovozachite-tovarniot-zheleznichki-soobrakaj-startuva-vecherva-a-patnichkiot-od-vtornik/feed/ 0
Машиновозачите бараат повлекување на решенијата за суспензија на 12 колеги или отказни решенија за сите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-povlekuvane-na-reshenijata-za-suspenzija-na-12-kolegi-ili-otkazni-reshenija-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-povlekuvane-na-reshenijata-za-suspenzija-na-12-kolegi-ili-otkazni-reshenija-za-site/#respond Thu, 31 Aug 2023 12:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=873029

Машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје повторно е во бојкот од 25.08.2023 поради неисплатен втор дел на плата и неисполнети барања, изјави денеска на прес-конференција претставникот на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски. Тие освен редовна исплата на плата, бараат и покачување на коефициенти, изнајмување на две локомотиви од странство и подобрување на условите за работа, за кои велат дека се под минимум. Шефот на работна единица на ЖРСМ Транспорт АД Скопје во текот на вчерашниот ден доставил список на машиновозачи за суспендирање од нивното работно место. -Сите прашуваат зошто се бојкотира, а никој од менаџерскиот тим не дава објаснување зошто нема плата, кое е основно средство за живеење. Крајно време е одговорноста за нефункционалноста и пропаста на железницата да ја преземе менаџерскиот тим и Владата. Доста покажуваат со прст кон нас, крајно време е да го свртат прстот кон себе за состојбата во која не донесоа. Бараме од денеска да биде суспендиран цел машински персонал, а не само тие 12 машиновозачи, изјави Димовски. Во случај на суспендирање на целиот машински персонал ќе нема кој да ги управува возовите, а на менаџерскиот тим му се одзема правото за пишување на дневен распоред и како што велат, со тоа ќе не можат да вршат мобинг врз вработените. -Некои шефови на работна единица, директори на теретен сообраќај или генерален директор сега се јавуваат кај колегите и ги тераат да одат работа, а ако не одат се закануваат со отказно решение. Бараме да ги повлечат решенијата за суспензија на 12-те колеги или на сите да ни доделат решенија за суспендирање, па дури и отказни решенија, рече претставникот на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски. ЖРСМ Транспорт АД Скопје, деновиве излезе со свое соопштение и ги обвини машиновозачите дека го блокираат целиот сообраќај и вршат директна штета врз претпријатието. Оттаму информираат дека во периодот од 1 август до денот на прекинот на железничкиот сообраќај на 25 август, машиновозачите оствариле вкупни просечни лични примања во износ од 60.000 денари, додека за споредба во истиот период, раководител инженер, остварил лични примања во висина од 21.000 денари. Димовски ги демантира информациите со кои излезе Железница и вели дека се работи за дезинформација. -Нашата основна плата, според коефициент на сложеност е 23.000 денари. Доколку ги земеме надоместоците за ноќна работа, работа за празници и работа во недела стигаме до максимум 40.000 денари. Повисоко примање од тоа сме немале, рече Димовски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-povlekuvane-na-reshenijata-za-suspenzija-na-12-kolegi-ili-otkazni-reshenija-za-site/feed/ 0
Железници: Одлуката за бојкот на машиновозачите е неразумна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznitsi-odlukata-za-bojkot-na-mashinovozachite-e-nerazumna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznitsi-odlukata-za-bojkot-na-mashinovozachite-e-nerazumna/#respond Tue, 29 Aug 2023 14:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=872127

Незаконитиот прекин на работата, т.н. бојкот, не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор и тој не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, информираат од Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје. Со прекинот на железничкиот сообраќај, се вели во соопштението, се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРСМ Транспорт АД Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на РСМ и на целокупното стопанство и менаџерскиот тим е приморан да ги преземе сите законски мерки за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај. - Менаџерскиот тим е во постојани разговори со Владата на РСМ и се прават напори, да се обезбедат средства за непречено функционирање на железничкиот систем до крајот на годината. Во периодов кога имаме најава за зголемен железнички превоз од страна на коминтените, свесната одлука за бојкот од страна на машиновозачите во најмала рака е неразумна, бидејќи ќе предизвика огромни штети на друштвото и на целокупното стопанство на РСМ, се вели во соопштението од Железници на РСМ Транспорт АД Скопје. Од ЖРСМ Транспорт АД Скопје, исто така, информираат дека во периодот од 1 август до денот на прекинот на железничкиот сообраќај на 25 август, машиновозачите оствариле вкупни просечни лични примања во износ од 60.000 денари, додека за споредба во истиот период, раководител инженер, остварил лични примања во висина од 21.000 денари. Железничкиот сообраќај во државава е во прекин од 26 август поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт. Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, во изјава за МИА викендот, рече дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и до постигнување договор за редовна целосна исплата на платите. -Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски. И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај, исто така, поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zheleznitsi-odlukata-za-bojkot-na-mashinovozachite-e-nerazumna/feed/ 0
Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/#respond Mon, 31 Jul 2023 16:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=862104

Железничкиот сообраќај во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал. Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот. -Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРСМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски. Во тек на неколку часовниот прекин на железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-platata-na-mashinovozachite-zheleznichkiot-soobrakaj-ke-se-normalizira-od-20-chasot/feed/ 0
Од утре нормализирање на железничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-normalizirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-normalizirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj/#respond Tue, 11 Apr 2023 15:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=822918

Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања - исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски во изјава за МИА потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 06 часот и патниот сообраќај. Синдикатот вчера имал средба со раководството на претпријатието на која им било ветено дека денеска ќе биде исплатена платата. Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал во Железници на РСМ Транспорт траеше 12 дена, период во кој во прекин беше и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-normalizirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj/feed/ 0
Синдикатот бара да се спроведе одлуката за вработување 40 машиновозачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-bara-da-se-sprovede-odlukata-za-vrabotuvane-40-mashinovozachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-bara-da-se-sprovede-odlukata-za-vrabotuvane-40-mashinovozachi/#respond Thu, 23 Feb 2023 15:05:00 +0000 https://kurir.mk/?p=804245

Синдикатот на машиновозачи на Македонија при МЖ Транспорт АД Скопје бара да се спроведе одлуката на Владата за вработување на 40 машиновозачи на неопределено време. Ако не се вработи нов извршен персонал, според Синдикатот, ќе се откажат поголем број патнички и товарни возови. Синдикатот се повикува на Одлука од 103 седница на Владата со број 41-8087/6 од 23 ноември 2022 година за прием на 40 машиновозачи на неопределено работно време со која што го задолжува Министерството за финансии веднаш да даде согласност. -Бараме во најкус можен рок да се спроведе Одлуката, во спротивно поради немање доволен број машиновозачи (извршен персонал) ќе бидеме приморани да откажаме поголем број патнички и товарни возови со што би загрозиле и така лошата финансиска состојба на претпријатијата, стои во барањето што СММ го испрати до Владата и министерствата за транспорт и врски и за финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-bara-da-se-sprovede-odlukata-za-vrabotuvane-40-mashinovozachi/feed/ 0
Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinat-bojkotot-na-mashinovozachite-se-normalizira-zeleznichkiot-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinat-bojkotot-na-mashinovozachite-se-normalizira-zeleznichkiot-soobrakjaj/#respond Wed, 16 Mar 2022 14:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=648318

Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на  железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачите на Македонија. Димовски изјави и дека добиле ветување од раководството на ЖРСМ Транспорт АД Скопје дека првиот дел од платата ќе им биде исплатен утре. Тој најави дека железничкиот сообраќај ќе се нормализира и оти првиот патнички воз што ќе стартува  е тој на релацијата Скопје – Гевгелија во 16.55 часот. Раководството на ЖРСМ Транспорт вчера оцени дека прекинот на работата е незаконски, односно дека не е организиран согласно Законот за работни односи и  Колективниот договор, како и дека не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите. Машинскиот и извршниот персонал ја бојкотираше работата и во петокот минатата недела, барајќи исплата на материјалните трошоци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinat-bojkotot-na-mashinovozachite-se-normalizira-zeleznichkiot-soobrakjaj/feed/ 0
Машиновозачите го прекинаа бојкотот, за плата ќе почекаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-go-prekinaa-bojkotot-za-plata-kje-pochekaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-go-prekinaa-bojkotot-za-plata-kje-pochekaat/#respond Wed, 04 Aug 2021 13:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=546197

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран. Машинскиот персонал во Железници на РМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинава, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машиновозачите и помошниот персонал. Димовски информираше дека од Железничката станица во Скопје  во 14.30 часот  веќе е заминат возот 643 на релацијата  Скопје – Битола. Според Димовски, на средбата е договорено за платата за јули менаџерскиот тим во соработка со министерствата за  финанси и транспорт да смогне сили вториот дел да го исплати до 25-ти месецов. – Доколку не биде исплатен, наредниот ден, на 26 август, машинскиот персонал повторно ќе биде во бојкот и нема да ги извршува раотните задачи, изјави Димовски. Тој најави и дека повторно ќе го блокираат железничкиот сообраќај доколку не им биде исплатен и надоместот за квалитет во износ од 30 проценти, што со јунската плата им бил намален на 20 проценти. – Разговаравме и за исплатата на надоместот за квалитет којшто со јунската плата ни беше намален од 30 на 20 проценти. Бараме со првиот дел од јулската плата што треба да се исплати на 15 август да добиеме надомест во износ од 30 проценти. Во спротивно, односно доколку не биде 30 проценти, наредниот ден во 7 часот машинскиот персонал ќе ги прекине работните обрски, рече Димовски. Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал почна вчера во 16 часот со целосна блокада  на патничкиот и товарниот сообраќај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-go-prekinaa-bojkotot-za-plata-kje-pochekaat/feed/ 0
Започна најавениот бојкот на машиновозачите од Железници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-najaveniot-bojkot-na-mashinovozachite-od-zeleznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-najaveniot-bojkot-na-mashinovozachite-od-zeleznici/#respond Tue, 03 Aug 2021 20:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=545854

Заради неисплатен втор дел од платата за месец јуни, машинскиот персонал во „Железници на Република Северна Македонија„ (ЖРСМ), од денеска во 16 часот стапи во бојкот, потврди за МИА, Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ – Транспорт. Бојкотот на машиновозачите, според најавите на Димовски, ќе трае до утре во 11 часот за кога е закажена средба со менаџметот на ЖРСМ. – Од 16 часот во мирување е собраќајот во ЖРСМ. Имам притисоци од менаџметот ама ќе издржиме. Ќе се вратат само возовите што утринава тргнаа кон Битола и Гевгелија. Ќе видиме утре дали ќе има промена по состанокот со менаџметот, изјави Димовски за МИА. Воедно, тој најави дека до УО на ЖРСМ, како и до Министерство за транспорт и врски и до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-najaveniot-bojkot-na-mashinovozachite-od-zeleznici/feed/ 0
Машиновозачите бараат изземање од ограничувањето на исплата на надоместоците на плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-izzemanje-od-ogranichuvanjeto-na-isplata-na-nadomestocite-na-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-izzemanje-od-ogranichuvanjeto-na-isplata-na-nadomestocite-na-plata/#respond Tue, 14 Apr 2020 11:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=331979

Синдикатот на машиновозачите бара машиновозачите да бидат изземени од владината одлука со која се ограничува исплатата на надоместоци и додатоци на плата во вонредна ситуација. – Машинскиот персонал ги извршува работните обврски кога е активна мерката за забрана за движење и вонредната состојба за време на полициски час, затоа што во време на вонредна состојба машинскиот персонал е од општествен интерес за државата без прекин 24/7 го спроведуваат и опслужуваат транспортот низ Републиката, овозможувајќи домашните индустриски капацитети да го задржат ритамот на работа за одржување на економскиот раст во државата, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот. Со оваа одлука, велат од Синдикатот, директно се влијае врз нормалното извршување на транспортот на стоки и услуги на економските капацитети во државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mashinovozachite-baraat-izzemanje-od-ogranichuvanjeto-na-isplata-na-nadomestocite-na-plata/feed/ 0