машински факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 10:38:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png машински факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворена првата „Фабрика за учење“ на Машинскиот факултет – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-prvata-fabrika-za-uchenje-na-mashinskiot-fakultet-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-prvata-fabrika-za-uchenje-na-mashinskiot-fakultet-skopje/#respond Mon, 14 Nov 2022 10:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=760185

Во рамки на активностите на проектот „Learn4SMEs – Learning Factory for Improving Digital Competitiveness and Industry 4.0 Readiness of SMEs in the Balkans“ овозможен од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Manufacturing) и кофинансиран од Европската Комисија на Машинскиот Факултет во Скопје се одржа работилница на тема „Подготвеност на малите и средните претпријатија (МСП) за индустрија 4.0 и паметна специјализација“. Како што информира Машинскиот факултет во Скопје, домаќин и организатор на работилницата беше партнерот во проектот – Центарот за истражувања, развој и континуирано образование (ЦИРКО), а лица одговорни за организацијата на настанот беа професорите Бојан Јованоски и Роберт Миновски и м-р Александар Аргиловски. – Главната цел на овој проект е оформување на првата „Фабрика за учење“ (Learning Factory) во земјава, по примерот на голем број европски земји кои веќе неколку години наназад го практикуваат овој концепт на образование, тренинг и истражување. Фабриката за учење на Машинскиот Факултет во Скопје се фокусира на технологиите на индустрија 4.0 и производната филозофија Lean, се вели во соопштението. Во моментов лабораторијата се состои од рачна и паметна Poka Yoke станица за монтажа без грешки, но наскоро се очекува сите планирани производни модули на фабриката за учење да пристигнат и таа да биде комплетирана. Целосниот систем се состои од паметна Poka Yoke станица за монтажа без грешки, работно место, транспортер, камера за 2D машинска визија, робот и складиште. -Целта на ваквата поставеност е да се симулира реална производна линија, а притоа преку низа на експерименти со опремата, да се решаваат проблеми од областа на индустриско инженерство и менаџмент, поточно Lean менаџмент, планирање и управување на производството, системи за мерење на учинокот, моделирање и симулација на деловните процеси, системи за менаџмент на квалитетот и слично, стои во соопштението. Покрај информативната сесија за целите на проектот и идејата за „Фабриката за учење“, одржани беа и низа тренинзи на тема „Lean Manufacturing 4.0“ на платформата www.skillsmove.eu, која е во функција на проектите на Европската Комисија. Прикажан беше и практичен пример со користење на дидактичката опрема набавена за време на проектот – паметна Poka Yoke станица за избегнување на грешките при монтажата на производите. Дел од учесниците имаа шанса да ја извршат монтажата на рачната и на паметната станица за монтажа, притоа преку направените мерења, прикажани беа подобрувањата и придобивките кои ги нудат концептите на Lean и Индустрија 4.0 во производството. Од Машинскиот факултет – Скопје наведуваат дека идејата е оваа „Фабрика за учење“ да расте во идниот период и да стане препознатлив центар за дигитализација и Lean во земјава. Информираат дека добредојдени се сите заинтересирани компании кои сакаат да го насочат развојот на нивните бизниси и вработени во насока на дигитална трансформација преку технологиите на Индустрија 4.0 и оптимизација на производството потпомогната од Lean. Покрај овој проект, презентирани беа целите и придобивките од научно-истражувачкиот проект DigiTS-ME, кој исто така е дел од соработката на Машинскиот Факултет во Скопје (УКИМ) и Техничкиот универзитет – Виена, а финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и OAED. Овој проект се фокусира на анализирање и евалуација на методологии за испитување на подготвеноста на македонските компании за дигитална трансформација. Вклучени се над 30 организации од земјава, а проектот трае до крајот на 2023 година. Во текот на двата дена, како што се наведува, присуствуваа повеќе од 60 вработени од над 30 различни компании. Покрај Цирко, проектниот конзорциум го сочинуваат три организации – Техничкиот универзитет од Виена, Австрија и Festo Lernzentrum од Германија. Во проектот како партнери од индустријата вклучени се шест локални претпријатија (Раде Кончар ТЕП, Смелт-инг, Фитофарм Плус, Кратер, Wabtec MZT и Нипромтекс) како и два универзитети од соседните земји и тоа Факултетот за технички науки во Нови Сад, Србија и Техничкиот универзитет во Софија, Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-prvata-fabrika-za-uchenje-na-mashinskiot-fakultet-skopje/feed/ 0
Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет – можности за соработка меѓу компаниите и студентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-za-praksa-i-vrabotuvanje-na-mashinskiot-fakultet-moznosti-za-sorabotka-megju-kompaniite-i-studentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-za-praksa-i-vrabotuvanje-na-mashinskiot-fakultet-moznosti-za-sorabotka-megju-kompaniite-i-studentite/#respond Mon, 31 Oct 2022 15:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=753339

НУ Центар за култура-Битола од денеска до 4 ноември е домаќин на фестивалот „Мала школа за краток филм“ чие прво издание пред 18 години се одржа во Нанси, Франција. Организатор на фестивалот е Здружението „Aye Aye“ од Нанси кое 18 години организира фестивал за ученици од основни училишта во кој, како што информираат, се вклучуваат илјада деца во Нанси и 192 деца во Везелис. Оваа година јавноста ќе гледа француски дела, но и од Германија, Јужна Кореја, Шпанија, Естонија, Италија, Јапонија, Мексико, Чешка, Швајцарија и од Иран. Тематски теми прилагодени на возраста на јавноста, теми кои зборуваат за неа, но и од бајките, во сите случаи фестивалски сесии кои ја раздвижуваат и воодушевуваат публиката. На крајот од секоја сесија, децата гласаат за нивниот омилен краток филм. Филмот со најмногу гласови ќе ја добие наградата на публиката, доделена на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, соопштија домаќините во пресрет на вечерашното отворање на фестивалот во Битола. Проекции во Битола и околните села ќе се одвиваат до 4 ноември, а завршува на 2 декември во францускиот град Нанси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-za-praksa-i-vrabotuvanje-na-mashinskiot-fakultet-moznosti-za-sorabotka-megju-kompaniite-i-studentite/feed/ 0
Активен и во науката: Професорот Мицкоски vs политичарот Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktiven-i-vo-naukata-profesorot-mickoski-vs-politicharot-mickoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktiven-i-vo-naukata-profesorot-mickoski-vs-politicharot-mickoski/#respond Fri, 04 Oct 2019 07:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=247748

Професорот Христијан Мицкоски до крајот на годината ќе биде избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. По активното влегување во политиката и изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 година, тој остана активен и во науката и во професурата, објавува Независен Весник. Во периодот кога партијата започна со кампањата „Обнова за Македонија“, се објавија два труда на Мицкоски во меѓународни списанија, кои се со релевантен фактор на влијание и се користат од научната фела на машинството, вештачката интелегенција и современото моделирање. Првиот труд е објавен во англиското списание „Vehicle system dynamics“, кое е дел од меѓународната академска издавачка куќа „Taylor & Francis“. Списанието е рангирано меѓу првите три во научниот свет од таа област поради високиот фактор на влијание. Вториот труд, објавен последната недела е во литванското списание „ЈVE Journals“ што е дел од платформата Математичко моделирање во инжињерството. Во неговата професионална биографија може да се прочита дека тој ја истражува мехатроника која вклучува комбинација на машинското инжинерство, електрониката и компјутерското управување. Мицкоски има докторирано интелегентно управување на роботите, докажувајќи дека во пракса вештачка интелегенција во смисла каква се подразбира, не постои во машинството, бидејќи луѓето и машините не може да постигнат сингуларитет со цел да го изедначат начинот на размислување. Професорот на Машинскиот факултет докажува дека највеќе што е постигнато е вештачкото резонирање, каде човекот дава команда, и по пренесените наредби во управувањето машината извршува определени задачи. Мицкоски во својот докторат искористува еден од елементите на вештачкото резонирање, фази логиката создавајќи алгоритам кој го оптимизира производството на одредени производи, остранувајќи ги грешките во производството и максимално го оптимира производството. Дел од докажаното во докторатот е искористено во автомобилската индустрија во Германија при производството на автомобили. „Независен весник“ пишуваше дека политичарот Христијан Мицкоски речиси целосно се разликува од професорот на Машинскиот факултет, Христијан Мицкоски. Неговите студенти велат дека тој практикува интерактивна настава. Бара знаење, ама не е скржавец да им го пренесе. Во текот на наставата одвојувал време за нејасни прашања. Со студентите се договарал кога да се одржи колоквиум или испит, да не се случи во еден ден да имаат два теста, а им држел дополнителни предавања пред да имаат колоквиум. Во екот на кампањата за претседателските избори, Мицкоски знаеше да се пофали дека имал и италијанска и германска стипендија, пред него била отворена можноста за европска и за светска професура, но тој и сопругата, сепак, одлучиле семејството да го формираат во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktiven-i-vo-naukata-profesorot-mickoski-vs-politicharot-mickoski/feed/ 0