машка ракометна репрезентција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 16:44:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png машка ракометна репрезентција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТЕШКА ЖДРЕБКА за ракометарите – Франција и Германија во иста група со Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/teshka-zhdrebka-za-rakometarite-frantsija-i-germanija-vo-ista-grupa-so-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/teshka-zhdrebka-za-rakometarite-frantsija-i-germanija-vo-ista-grupa-so-makedonija-foto/#respond Wed, 10 May 2023 16:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=832830

Македонската машка ракометна репрезентација откако неодамна успешно ги заврши квалификациите во група со Португалија, Турција и Луксембург, денес ги доби и противниците на Европското првенство во 2024 година. На денешната ждрепка на која бевме сместени во третиот шешир немавме многу среќа и ја добивме групата „А“  во која од првиот шешир со нас ќе биде Франција, од вториот домаќинот Германија, а од четвртиот Швајцарија. Натпреварите македонската репрезентација ќе ги игра во Берлин. Eвропското првенство во Германија се игра од 10-ти јануари до 28-ми јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/teshka-zhdrebka-za-rakometarite-frantsija-i-germanija-vo-ista-grupa-so-makedonija-foto/feed/ 0
Георгиевски: Најубавото „збогум“ од репрезентативниот дрес ќе биде со победa и пласман на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/georgievski-najubavoto-zbogum-od-reprezentativniot-dres-ke-bide-so-pobeda-i-plasman-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/georgievski-najubavoto-zbogum-od-reprezentativniot-dres-ke-bide-so-pobeda-i-plasman-na-ep/#respond Sun, 23 Apr 2023 17:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=826698

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во хотелот на „Александар Палас“, како почеток на подготовките за квалификациските натпревари против Луксембург и против Турција за пласман на ЕП 2024. Искусното крило Гоце Георгиевски е повторно дел од националниот тим, а овој циклус ќе му биде и последен во репрезентативниот дрес. Тој ќе се збогува на мечот против Турција во Скопје. „Ова е мојата финална одлука, ги играм двата последни натпревари за репрезентацијата. Мислам дека е исправна одлука, дека има доста квалитетни играчи во тимот за добра иднина. Подготвен сум за овие два дуела, сега сум ОК, но ќе видиме во среда и недела, тогаш емоциите сигурно ќе бидат посилни и поинакви. Најдобар начин да се простам со репрезентацијата е со победа и пласман на Европско првенство, сигурен сум дека тоа ќе го оствариме“ изјави Гоце Георгиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/georgievski-najubavoto-zbogum-od-reprezentativniot-dres-ke-bide-so-pobeda-i-plasman-na-ep/feed/ 0
Кире Лазаров на списокот има 35 ракометари за клучните дуели за пласман на ЕП 2024 (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kire-lazarov-na-spisokot-ima-35-rakometari-za-kluchnite-dueli-za-plasman-na-ep-2024-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kire-lazarov-na-spisokot-ima-35-rakometari-za-kluchnite-dueli-za-plasman-na-ep-2024-foto/#respond Mon, 17 Apr 2023 14:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=824651

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за последните два квалификациски дуели, кои треба да го дадат патникот за Европското првенство 2024 година. На списокот на Лазаров има дури 35 играчи, а Македонија во последните две кола ќе игра на гости против Луксембург (26 април) и дома против Турција (30 април). На двата меча Македонија ја има фаворитската улога и треба да победи за да го продолжи континиутетот со пласман на големите ракометни натпреварувања.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kire-lazarov-na-spisokot-ima-35-rakometari-za-kluchnite-dueli-za-plasman-na-ep-2024-foto/feed/ 0
Митев: Ние сме млада репрезентација, се ќе дојде на свое место https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mitev-nie-sme-mlada-reprezentatsija-se-ke-dojde-na-svoe-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mitev-nie-sme-mlada-reprezentatsija-se-ke-dojde-na-svoe-mesto/#respond Sun, 12 Mar 2023 08:04:13 +0000 https://kurir.mk/?p=810883

Ракометарот Марко Митев го имаше својот камбек во репрезентативниот дрес, а младиот бек постигна и еден погодок против Португалија. Според Митев, пресуден фактор бил заморот во македонската репрезентација во завршните десетина минути, во кои противникот се одлепи и на крајот славеше со шест гола разлика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mitev-nie-sme-mlada-reprezentatsija-se-ke-dojde-na-svoe-mesto/feed/ 0
Џонов: Одиме во Португалија да се надигруваме https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dhonov-odime-vo-portugalija-da-se-nadigruvame/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dhonov-odime-vo-portugalija-da-se-nadigruvame/#respond Sat, 11 Mar 2023 05:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=810691

Македонската машка ракометна репрезентација во недела ќе игра повторно во Португалија во квалификациите за пласман на ЕП во ракомет  Останува желбата за докажување и нова битка на теренот. „Кога играш со квалитетен тим како што е Португалија мора концентрацијата да биде на највисоко ниво сите шеесет минути. По 50 минута ние имавме пад и тоа го одлучи натпреварот. Некои од работите што ги договоривме пред мечот не ги испочитувавме и тоа беше клучот за пораз. За реваншот не можеме да промениме многу бидејќи е краток период, но ќе се обидеме да ги поправиме грешките. Одиме во Португалија да се бориме и да го дадеме својот максимум“, изјави Иван Џонов]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dhonov-odime-vo-portugalija-da-se-nadigruvame/feed/ 0
Лазаров: Треба да поправиме од се по нешто https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-treba-da-popravime-od-se-po-neshto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-treba-da-popravime-od-se-po-neshto/#respond Fri, 10 Mar 2023 06:08:06 +0000 https://kurir.mk/?p=810223

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров после мечот со Португалија истакна дека мора да се поправат многу аспекти, но призна дека Македонија не можела физички да и парира на гостинската репрезентација. „Ни недостасуваше фокус и концентрација, а тоа се добива само со играње на вакви натпревари. Треба да поправиме од се по нешто, она што беше очигледно е дека доминираа со корпулентност. Загубивме доста дуели, дефицитирани бевме на пивот позицијата, нивните двајца пикери играат во Барселона и Порто.Сепак, најважно е да се пласираме на Европското првенство, против Турција и Луксембург сме фаворити. Во денешно време не можете да победите лесно на ниту еден натпревар. Не чека вториот натпревар со Португалија ќе одиме да одиграме квалитетно и тој натпревар ќе ни послужи за поголемо искуство во иднина“, изјави Лазаров.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/lazarov-treba-da-popravime-od-se-po-neshto/feed/ 0
Костески: Покажавме дека вредиме, пресуди искуството https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kosteski-pokazhavme-deka-vredime-presudi-iskustvoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kosteski-pokazhavme-deka-vredime-presudi-iskustvoto/#respond Fri, 10 Mar 2023 06:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=810221

Македонските млади ракометари покажаа желба и мотив за надигрување против Португалија, па иако се вратија од четири негатива и направија пресврт во вториот дел, на крајот потклекнаа под притисокот во последните 10 минути. – Направивме и пресврт на натпреварот, одигравме борбено до крај и мислам дека ова беше машки натпревар. Покажавме дека вредиме против ваква Португалија, бидејќи сите знаеме за каква репрезентација станува збор.Жал ми е, имавме добри 50 минути, но на крајот пресудија последните 10 минути во кои до израз најверојатно дојде искуството. Не успеавме да изненадиме, но одиме во Португалија да одиграме уште еден добар натпревар, да се спротивставиме најдобро што можеме и да ја минеме оваа група, – изјави крилото Ненад Костески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kosteski-pokazhavme-deka-vredime-presudi-iskustvoto/feed/ 0
Јагуриноски: Мора да бидеме цврсти во дефанзивата https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/jagurinoski-mora-da-bideme-tsvrsti-vo-defanzivata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/jagurinoski-mora-da-bideme-tsvrsti-vo-defanzivata/#respond Tue, 07 Mar 2023 06:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=808894

Томислав Јагуриноски е еден од оние ракометари кои покажа дека местото му е меѓу најдобрите во македонскиот дрес. Пред двомечот со Португалија, уште еден квалитетен противник во редот, вели дека треба да одиграат перфектно во одбраната, нешто што мора да се промени од последниот настап на Македонија, а тоа е Мундијалот во Полска. „На овие два меча ќе бидеме без поискусните во составот. Против Португалија ќе играме без притисок. Добро знаеме за каков противник станува збор, но секако ќе се подготвуваме за победа. Мора да ја бидеме цврсти во одбраната, да го подигнеме нивото, да одиграме квалитетно со многу дуели, млади сме мора да трчаме на теренот, да бидеме агресивни. Не смееме да дозволиме да примаме многу голови како на Светското првенство“, изјави Јагуриноски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/jagurinoski-mora-da-bideme-tsvrsti-vo-defanzivata/feed/ 0
Македонија без Талески на двомечот со Португалија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-bez-taleski-na-dvomechot-so-portugalija-peshevski-i-tankovski-neizvesni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-bez-taleski-na-dvomechot-so-portugalija-peshevski-i-tankovski-neizvesni/#respond Sun, 05 Mar 2023 15:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=808288

Македонската машка ракометна репрезентација ќе биде значително ослабена за престојните квалификациски дуели со Португалија за пласман на Европското првенство во 2004 година. Филип Талески поради приватни причини нема да биде дел од натпреварите со Португалија, а селекторот Кирил Лазаров нема да смета ниту на Павле Атанасијевиќ за кого Пелистер испратил барање да не настапува. „Овој пат ќе имаме доста различна репрезентација, затоа што ќе ни недостасуваат неколку играчи. Филип Талески ќе го прескокне овој двомеч, во договор со Ракометната федерација и со мене, од приватни причини. Ќе се врати за собирот на крајот на април против Луксембург и против Турција. Во последен момент откажување имаме од Павле Атанасиевиќ, кој веќе подолго време не е во ростерот на Пелистер поради повреда. Раководството на клубот испрати официјален мејл до РФМ, во којшто клубот извести дека Павле нема да биде во состојба да настапи“, информира селекторот.
Потоа дополн и и дека на повреди се жалат Пешевски и Танкоски, кои беа присутни на денешниот собир, но дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе можат да играат на натпреварите. Ако не се во состојба, Лазаров ќе повика нивни замени од играчите кои се на поширокиот список. Никола Митревски е единствениот кој ќе доцни на подготовките, кој вечерва со Порто има натпревар од португалскиот шампионат. Македонија ја пречекува Португалија на 9. април во Скопје, а три дена подоцна им гостуваме на Португалците. Нашата репрезентација веќе има две победи во овие квалификации, остварени против Турција и Луксембург.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-bez-taleski-na-dvomechot-so-portugalija-peshevski-i-tankovski-neizvesni/feed/ 0
Македонската ракометна репрезентација започнува со подготовки за дуелите со Португалија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskata-rakometna-reprezentatsija-zapochnuva-so-podgotovki-za-duelite-so-portugalija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskata-rakometna-reprezentatsija-zapochnuva-so-podgotovki-za-duelite-so-portugalija/#respond Sun, 05 Mar 2023 12:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=808239

Македонската машка ракометна репрезентација од денеска ги почнува подготовките за претстојните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Португалија. Селекторот Кирил Лазаров за овие две средби се реши не ги повика Дејан Манасков и Гоце Георгиевски и да им даде шанса на играчи кои во иднина треба да бидат носители на играта на националниот тим. На списокот доминираат ракометари од домашниот шампионат кои го носат дресот на Еурофарм Пелистер и Алкалиод. Во репрезентацијата се враќаат Марио Танкоски и Мартин Велковски, а во составот е и крилото на Вардар, Ален Ќосевски. За разлика од последниот Мундијал на списокот ги нема и Александар Петковски и Давид Савревски. Прозивката ќе се одржи во Скопје, а првиот натпревар го играме в четврток во арената Борис Трајковски. Почетокот на натпреварот е закажан за 19 часот, а в недела на програмата е вториот дуел со Португалија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskata-rakometna-reprezentatsija-zapochnuva-so-podgotovki-za-duelite-so-portugalija/feed/ 0