масимијано алегри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 06:34:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png масимијано алегри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алегри: Чувствуваме задоволство, но и лутина што ќе играме во Лига Европа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-chuvstvuvame-zadovolstvo-no-i-lutina-shto-kje-igrame-vo-liga-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-chuvstvuvame-zadovolstvo-no-i-lutina-shto-kje-igrame-vo-liga-evropa/#respond Thu, 03 Nov 2022 06:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=754893

И покрај поразот од ПСЖ од 2-1, Јувентус остана на третата позиција благодарение на поразот на Макаби Хаифа од Бенфика, тимот на Алегри ќе продолжи во Лига Европа. Јувентус оваа сезона не успеа да се избори за нокаут фазата од Лигата на шампионите, па ќе треба да се задоволи со место во Лига Европа. „Одигравме добар натпревар, штета што загубивме“, вели Алегри. „Во Лига Европа сме и од утре вртиме нов лист да се фокусираме на Серија А. Треба да бидеме мотивирани, лути и веднаш да се вратиме на работа. Има еден дел во нас кој треба да биде задоволен со пласманот во Лига Европа, но друг дел мора да биде лут“. На вчерашниот меч конечно се врати Енрико Киеза кој 10 месеци беше во аут. Тој во игра влезе во текот на второто полувреме. „Имаше добар тренинг пред мечот, имав сомнеж за неговата психолошка сила по толку месеци отсуство, но тој изгледаше смирено и фокусирано, па бев инспириран да го внесам во игра. Сега е потребно постепено да го ставаме во игра до паузата за Светското првенство, за да биде во најдобра форма во јануари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-chuvstvuvame-zadovolstvo-no-i-lutina-shto-kje-igrame-vo-liga-evropa/feed/ 0
Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-vecherva-e-najvazniot-mech-za-juventus-vo-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-vecherva-e-najvazniot-mech-za-juventus-vo-lsh/#respond Wed, 05 Oct 2022 09:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=741289

Масимилијано Алегри признава дека вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Макаби Хаифа е „најважниот“ за Јувентус и инсистира дека „бјанконерите“ не ги решиле сите свои проблеми со победата од 3:0 над Болоња. Јувентус е очаен за победа во ЛШ по поразите од ПСЖ и од Бенфика и се освен триумф на домашен терен би било катастрофа и веројатно би значело крај на надежите на „старата дама“ да се пласира во нокаут фазата. „Ние сигурно ќе промениме нешто. Имаме полн список на натпревари. Речиси сите се вратија од повреди, па можат малку да ротираат во текот на натпреварот. Морам да одлучам за составот, но најважно е да бидеме уште подобри од неделата, и во напад и во одбрана“, истакна италијанскиот стратег. Тој сериозно му приоѓа на дуелот со Макаби. „Тоа не е лесен натпревар. Макаби одигра добро во Лисабон и имаше израмнет натпревар против ПСЖ. Тие притискаат високо и ќе биде тешко, ние мора да ги почитуваме. Залудно е да размислуваме за други тимови ако не ги добиеме двата натпревари против Макаби. Вечерва е нашиот најважен натпревар во Лигата на шампионите“, потенцира Алегри. Анхел Ди Марија ќе биде стартер. Тој се соочи со суспензија од два натпревари во Серија А и ја пропушти неделната победа од 3:0 над Болоња, а нема да биде достапен и кога „бјанконерите“ ќе ги одмерат силите со Милан на „Сан Сиро“ во дербито в сабота. „Ди Марија се чувствува многу подобро и тренира повеќе од другите во последно време. Убеден сум дека вечерва ќе одигра одличен натпревар“, потврди Алегри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-vecherva-e-najvazniot-mech-za-juventus-vo-lsh/feed/ 0
Алегри може да ја предводи Рома https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-moze-da-ja-predvodi-roma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-moze-da-ja-predvodi-roma/#respond Thu, 24 Sep 2020 13:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=407955

Масимилијано Алегри може да стане нов тренер на Рома, објави „Кориере дело Спорт“. Управата на клубот од италијанскиот главен град е незадоволна од учинокот на Римјаните минатата сезона, во која Рома го зазедоа само петтото место. Во моментов тренер на Рома е португалскиот фудбалски стручњак Пауло Фонсека. Според изворот, платата на 53-годишниот Алегри може да биде 10 милиони евра годишно. Алегри беше отпуштен како кормилар на Јувентус минатото лето. Тој е подготвен да ја прифати селекторската функција во репрезентацијата, но неговиот приоритет останува да работи во клуб. Претходно беше објавено дека Алегри може да го предводи Интер во случај на заминување на Антонио Конте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-moze-da-ja-predvodi-roma/feed/ 0
Алегри проговори за слабата форма на Кристијано Роналдо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-progovori-za-slabata-forma-na-kristijano-ronaldo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-progovori-za-slabata-forma-na-kristijano-ronaldo/#respond Sun, 02 Sep 2018 10:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=95286

Потешко од очекувањата Јувентус синоќа славеше на гостувањето кај Парма со 1:2, а најзаслужен за победата беше популарниот Супер Марио Манџукиќ, кој учествуваше во двата гола на торинскиот великан. Мрежата на домаќините тој на начна уште во втората минута. Одлично прифати топка која од десната страна му ја центрираше Квадрадо, а потоа ја провлече низ нозете на голманот на Парма за рано водство на својот тим. За вториот гол во 58-та минута одлично со пета му асистираше на Матуиди, кој ги постави конечните 1:2. -Момците одиграа многу добро. Парма секогаш е тежок противник, во последните пет натпревари на гости успеавме да славиме само еднаш. Нивната примарна цел оваа сезона е да изборат опстанок во лигата. Многу се добро организирани и опасни од контра напади, но како натпреварот минуваше така и тие паѓаа со силата. Ја заслуживме оваа победа, но имаме уште многу работа, започна тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по крајот на мечот. Јувентус ова лето во своите редови го доведе големиот Кристијано Роналдо, кој сепак се уште се бара во Серија А, а покрај ваков Манџукиќ ќе има пеколно тешка задача да дојде до израз. -Различни се предизвиците со кои напаѓач мора да се носи во Серија, но би рекол дека денеска одигра добро. Задоволен сум со неговата работа, а репрезентативната пауза на сите ќе им дојде добро, застана Алегри во одбрана на Роналдо, кој се уште го чека својот официјален првенец гол во дресот на Јувентус. А запрашан за Манџукиќ, немаше потреба да го оправдува. Хрватскиот напаѓач го воодушевил. -Манџукиќ секогаш се дава целосно за тимот, но дури ниту јас не можев да замислам дека ќе биде во ваква одлична форма по Светското првенство. Во првиот натпревар од домашното првенство тој влезе од клупата во второто полувреме, а другите два играше од првата минута и беше брилијантен. Во три настапи тој има два гола и една асистенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alegri-progovori-za-slabata-forma-na-kristijano-ronaldo/feed/ 0