МАСИТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 06:16:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МАСИТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-sotsijalnite-mrezhi-da-se-nasochat-vo-edukativni-tseli-a-ne-da-se-ukinuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-sotsijalnite-mrezhi-da-se-nasochat-vo-edukativni-tseli-a-ne-da-se-ukinuvaat/#respond Fri, 12 May 2023 06:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=833302

Средствата и каналите за комуникација како социјални мрежи и останати форми треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. За тоа е потребен интегриран концепт и стратегија со вклучување на сите инволвирани страни, започнувајќи од родителите, училиштата, стручните служби, институциите и целокупното општество, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во врска со иницијативите за забрана за користење на TikTok и други социјални мрежи во земјава, по масовните убиствата во Србија, за што изразуваат жалење и сочувство до семејствата и блиските на жртвите. - Проблемот е повеќеслоен, и затоа и пристапот за решавање треба да вклучи соодветна регулација на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи, како и едукација на родителите и децата за користење на социјални мрежи со кампањи за користење на истите со цел истакнување на добрите, но и на лошите страни односно ризиците од прекумерно користење на социјалните мрежи. Сметаме дека децата најнапред, треба да имаат изграден систем на вредности, за тоа што е добро, а што лошо. Овие вредности примарно доаѓаат од родителите и домашното воспитување со постојана присустност и одговорност, а потоа и од наставниците, професорите и сите останати инстанци во непосредна околина на децата. Со евентуална забрана на социјални медиуми нема да се реши проблемот, напротив, еден забранет медиум брзо и лесно ќе се замени со друг, се наведува во соопштението од МАСИТ. Од друга страна, како што посочуваат, пристапот до технологија е круцијален во процесот на дигитализација, процес кој дава огромни придобивки за целото општество и кој се наметнува како потреба на модерното живеење а со тоа и на самите млади луѓе. - Треба да се фокусираме на вистинската причина за да може да започнеме со решавање на проблемот. Вистинскиот фокус треба да биде кон поголема семејна и институционална грижа за правилниот развој на децата. Потребна е зголемена будност, реакција и одговорност за спречување на било какво насилство, агресија, или инциденти со или без човечки жртви. Првите чекори за ова се веќе направени со воспоставување на канали за пријава на меѓуврсничко насилство, велат од МАСИТ. Упатуваат апел и до медиумите за нивната одговорност при известување на сензитивни теми и нивна професионалност за анализи и обработка на теми од област на социјалните медиуми, за што, како што нагласуваат, МАСИТ секогаш им стои на располагање доколку е потребно дополнително мислење, анализа и слично. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-sotsijalnite-mrezhi-da-se-nasochat-vo-edukativni-tseli-a-ne-da-se-ukinuvaat/feed/ 0
Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ индустријата и недостасува поддршка од владата, потребен е стимул за овие компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-sredbata-vo-masit-na-ikt-industrijata-i-nedostasuva-poddrshka-od-vladata-potreben-e-stimul-za-ovie-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-sredbata-vo-masit-na-ikt-industrijata-i-nedostasuva-poddrshka-od-vladata-potreben-e-stimul-za-ovie-kompanii/#respond Wed, 14 Apr 2021 12:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=497073

Имавме денеска навистина успешна и плодна би рекол и многу поучна средба со луѓето кои се дел од МАСИТ Комората и секогаш е задоволство да се разговара со овие луѓе. Она кое што можев да го забележам од средбата се импресивните бројки кои што во услови на корона пандемија, во услови на криза оваа комора ги остварува, односно членките на ИКТ индустријата ги оствариле во 2020 година, изјави денеска Христијан Мицкоски по средбата во МАСИТ. - Обратот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади кои што се во моментот и сите овие бројки се споредено со минатата 2019 година во раст би рекол двоцифрен 10 и повеќе проценти. Она што исто така е импозантно и треба да се спомене е дека извозот практично од ИКТ индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот кои што го платиле овие компании, а кој што е резултат на профитот кои што го оствариле некаде околу 12 ипол милиони евра, значи сериозна бројка која што влегува во буџетот. Но, она кое што недостасува е соодветната клима и поддршката од страна на владата и исполнување се разбира на ветувањата кои што биле дадени за време на предвремените парламентарни избори во делот на даночната политика, во делот на работните односи итн, истакна тој. Мицкоски посочи дека потребно е да се стимулираат овие компании, потребно е да се стимулираат,и дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна програма во делот на дигитализацијата која што практично беше и составен дел од предизборната кампања. - Она кое што го гледаме денеска од владата е се само не дигитализација, бидејќи често пати од нивна страна беше најавувано, ниту пак има некаков почеток по тоа прашање. Но, како ВМРО-ДПМНЕ во иднина сериозно ќе работиме затоа што сум длабоко убеден и како инженер и еве би рекол како универзитетски професор, дека општество кое што нема да биде дигитализирано се доведува под знак прашалник и неговото постоење како такво општество. Уште еднаш благодарам до претседателката и до луѓето кои што се дел од МАСИТ Комората за денешниот состанок и за сето она кое што денеска беше разговарано, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-sredbata-vo-masit-na-ikt-industrijata-i-nedostasuva-poddrshka-od-vladata-potreben-e-stimul-za-ovie-kompanii/feed/ 0
Мицкоски на средба со членовите на УО на МАСИТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-chlenovite-na-uo-na-masit-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-chlenovite-na-uo-na-masit-2/#respond Wed, 14 Apr 2021 10:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=496961

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во 12 часот, во просториите на Стопанската Комора за Информатички Технологии - МАСИТ ќе оствари средба со членовите на УО на МАСИТ. Мицкоски, според најавите на партијата позавршување на средбата ќе даде изјава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-chlenovite-na-uo-na-masit-2/feed/ 0
Стручно тело на МАСИТ ќе работи на изнаоѓање решение за реализација на наставата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/struchno-telo-na-masit-kje-raboti-na-iznaogjanje-reshenie-za-realizacija-na-nastavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/struchno-telo-na-masit-kje-raboti-na-iznaogjanje-reshenie-za-realizacija-na-nastavata/#respond Tue, 18 Aug 2020 07:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=391947

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ одлучи итно да состави стручно тело за изнаоѓање решенија за администрирање на образованието во претстојната учебна година. Одлуката е донесена вчера на вонредна седница на Управниот одбор. -Земајќи ја предвид комплексноста на состојбата, непредвидливиот курс на промени во земјава, регионот и светот настанати како последица на пандемијата КОВИД-19, како и на фактот дека сê уште на повидок нема конкретно решение за наставата, Управниот одбор и членките на МАСИТ едногласно ја изразија својата подготвеност приоритетно да се фокусираат на изнаоѓање на унифицирано, одржливо и применливо решение за реализација на наставата и образовните процеси во следниот семестар, но и понатаму, соопшти МАСИТ. ИКТ-Комората наведува дека иако ниту една институција досега не им се обратила за соработка и совет, повод за оваа одлука на МАСИТ е текот на настаните со пандемијата, како и ургентната потреба од решение. Комората ќе го формира телото како наменски конзорциум од компании членки кои веќе работат на слични решенија за странство и имаат докажана експертиза во областа и ќе понудат унифицирано решение кое е најадекватно за состојбата во која се наоѓа македонското образование во моментов. – Потребно е унифицирано, стабилно и одржливо решение за наставата во претстојниот период. Образованието, учениците и нивните родители треба да се предмет на итен и неодложлив фокус. Ние како комора, иако не сме консултирани досега, се чувствуваме повикани поради фактот што сите солуции за идна настава се базираат на дигитални решенија и токму на таа основа ќе го работиме проектот кој ќе го понудиме до надлежните институции, објаснува Анета Пешева, претседател на УО на МАСИТ. Анализите на ИКТ-Комората се базирани на мониторинг на состојбите во земјава и странство и ги земаат предвид сите аспекти на кризата: здравствениот, економскиот, образовниот и социјалниот. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/struchno-telo-na-masit-kje-raboti-na-iznaogjanje-reshenie-za-realizacija-na-nastavata/feed/ 0
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски оствари посета и средба на МАСИТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vmro-dpmne-predvodena-od-mickoski-ostvari-poseta-i-sredba-na-masit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vmro-dpmne-predvodena-od-mickoski-ostvari-poseta-i-sredba-na-masit/#respond Fri, 28 Dec 2018 13:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=146127

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денес оствари посета и средба на МАСИТ (Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии). На средбата претседателот Христијан Мицкоски ги презентираше своите погледи и ставови во поглед на актуелната економска ситуација, како и влошените услови за организирање и водење на бизнис. Најпрво посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има отворен однос кон стопанствениците и се залага за нивна поддршка во насока на олеснување на условите и подобрување на водењето на бизнис. Посочи дека Македонија располага со огромен потенцијал кој седи неискористен, поради немањето на вистинска волја на државата за напредок во оваа област, информираат од партијата. Тој изрази загриженост поради надолниот тренд во економијата, големите бирократски процедури, и отежнатите услови за водење бизнис. Мицкоски посочи дека потребна е поголема отвореност на владата и разбирање на потребите на бизнис заедницата. Зголемувањето на даноците директно ќе се одразат негативно на македонските компании, како и воведувањето на данокот на реинвестирана добивка кој ќе ги дестимулира стопанствениците. Од страна на раководството на МАСИТ беше преставена работата на комората и се изрази подготвеност за соработка со сите субјекти кои може да придонесат во сферата на делување на самата комора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-vmro-dpmne-predvodena-od-mickoski-ostvari-poseta-i-sredba-na-masit/feed/ 0
МАСИТ- Прогресивен данок ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима и подобра социоекономска ситуација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-progresiven-danok-kje-dovede-do-odliv-na-kvalifikuvanite-kadri-vo-zemji-so-popovolna-danochna-klima-i-podobra-socioekonomska-situacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-progresiven-danok-kje-dovede-do-odliv-na-kvalifikuvanite-kadri-vo-zemji-so-popovolna-danochna-klima-i-podobra-socioekonomska-situacija/#respond Thu, 27 Dec 2018 09:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=145571

Владата го изгласа законот за прогресивно оданочување и покрај тоа што голем дел  експертската јавност не се согласи со оваа одлука. Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ во неколку наврати досега имаше соопштенија за јавноста во врска со најавите за потенцијално воведување на прогресивно оданочување на персоналниот доход, а  ги претставуваат ставовите и мислењата на повеќе од 80 од најголемите и најиновативни компании во Република Македонија. Имено, според МАСИТ ваквата реформа не би придонела за подобрување на социјалната еднаквост туку  напротив ќе доведе до целосно намалување на продуктивноста и вработливоста и секако развојот на квалификациите. Понатаму  од МАСИТ кажуваат дека  токму со оваа даночна реформа  ќе се предизвика  пенализација на деловите од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а  ќе се наградуваат оние кои не се трудат и со тоа директно се создава намалување на продуктивноста. Дополнително,  според нив со ваквата даночна реформа се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри односно  зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации. И тие како и многу други комори кажуваат дека со даночната реформа ќе се предизвика ефект на даночна непослушност и зголемување на даночната евазија. Исто така го спомнуваат и одливот на мозоци и намалени капитални инвестиции што дополнително ќе влијае негативно врз македонската економија. Од МАСИТ велат дека пред Владата да донесе било какво решение во врска со  комплексна  и деликатна тема како што е прогресивниот данок  треба прво да се консултира со бизнис заедницата. Инаку Владата пред да дојде на власт ветуваше дека ќе отвори дебата за сите релевантни прашања  за да прибере мислење од засегнатите страни но тоа според експертите и бизнис заедницата Владата не го практикува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masit-progresiven-danok-kje-dovede-do-odliv-na-kvalifikuvanite-kadri-vo-zemji-so-popovolna-danochna-klima-i-podobra-socioekonomska-situacija/feed/ 0
МАСИТ: Владата да не избрзува со покачување на даноците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/masit-vladata-da-ne-izbrzuva-so-pokachuvanje-na-danocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/masit-vladata-da-ne-izbrzuva-so-pokachuvanje-na-danocite/#respond Thu, 29 Mar 2018 11:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=34157

Владата да не избрзува со покачување на данокот зашто таквото ат хок решение може да биде погубно, особено за ИКТ индустријата, апелира МАСИТ. Треба да се разговара, но и да се земат предвид примерите од земјите кои имаат рамен данок со што се стимулира т.н. бела економија, наспроти црната, односно се поттикнува регуларно плаќање на давачките. Според МАСИТ, евентуалното воведување на 18 отсто данок за секој приход над илјада евра како што предвидува Министерството за финансии, ќе значи притисок врз ИКТ секторот и дополнителен одлив на кадар. - Ат хок покачувањето на данокот нема да помогне многу, ниту претставува долгорочно решение, дури може и негативно да влијае, особено на нашата индустрија. Треба да разговараме, да се слушне нашиот став и да најдеме решение компаративно со другите земји околу и во светот, изјави претседателот на Управниот одбор на МАСИТ Горан Поповски пред редовното Годишно собрание на кое МАСИТ одбележа 18 години постоење. Поповски нагласи дека Комората има повеќе предлози, а едниот од нив е МАСИТ да се изземе од генералните одредби и закони зашто е специфична индустрија која генерира додадена вредност преку нови технологии, технолошки развој и раст на извозот. - Не смееме да ја притиснеме ИКТ индустријата зашто и онака е евидентен одливот на кадри. Многу им е лесно да најдат работа и да заминат од тука, рече Поповски. И извршниот директор на МАСИТ Анита Никова предупреди дека треба многу да се внимава со покачувањето на даноците. - Да не дојдеме во ситуација да се вратиме во оние времиња кога се наоѓаше поевтин начин како да се платат давачките. Сега скоро нема фирма од ИКТ секторот која плаќа дополнителни средства на рака, потенцира Никова. Апел на МАСИТ е Владата да покаже дополнителен слух и подготвеност за соработка. Сугестија на Комората е и Македонија да престане да се продава како земја со евтина работна сила, туку да се обиде да промовира и пласира сопствени производи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/masit-vladata-da-ne-izbrzuva-so-pokachuvanje-na-danocite/feed/ 0