маски на отворено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Dec 2021 11:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маски на отворено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска и Италијанците мора да носат маски на отворено: Од утре важи сертификат за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-i-italijancite-mora-da-nosat-maski-na-otvoreno-od-utre-vazi-sertifikat-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-i-italijancite-mora-da-nosat-maski-na-otvoreno-od-utre-vazi-sertifikat-za-vakcinacija/#respond Sun, 05 Dec 2021 11:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=604303

Скијачите се вратија на падините на италијанските Алпи овој викенд по две сезони уништени од пандемијата на Ковид-19 и покрај заканата што сега ја претставува варијантата омикрон. Неколку скијачки центри изминатиот викенд ги пуштиа своите лифтови, како што се Cervinia и Cortina d'Ampezzo, но сезоната навистина започна вчера во целиот алпски ланец, јавуваат италијанските медиуми. - Ова ќе биде година на продолжување на скијањето по затворањето поради пандемијата, која особено го погоди овој сектор, кој воопшто не функционираше зимата 2021 година или претходната 2019/2020 година, рече Валерија Геци, претседател на Националната асоцијација на оператори на жичарници. Во Италија се воведуваат нови мерки, па во пресрет на големите набавки пред Божиќ, се повеќе италијански градови воведуваат задолжително носење маски во центрите на градовите. Новиот градоначалник на Рим, Роберто Гуалтиери, ја потпиша наредбата во средата, а според таа наредба, од оваа сабота, па се до 31 декември, луѓето ќе мора да носат маски во големи делови од центарот на градот, дури и на отворено. Меѓу другото, новите мерки ги зафатија популарните туристички места во Рим на Шпанскиoт плоштад и познатата шопинг улица Виа дел Корсо. На северот на Италија, во метрополите Милано, Бергамо и Болоња веќе се воведени слични мерки. Исто така, во главниот град на Пиемонт, Торино, градоначалникот Стефано Ло Русо потпиша одлука со која ги обврзува луѓето да носат маски за лице цел ден во некои делови од центарот на градот, додека во некои делови не мора да ги носат од вечер до следното утро. Во Италија, здравствените експерти постојано ја нагласуваат важноста од носење маски за заштита од коронавирусот. Од утре стапува во сила новата владина мерка со која се воведува таканареченото „супер грин пас“ (зелен сертификат за вакцинација), а мерката ќе биде на сила до 15 јануари, пишува агенцијата Анса. „Супер грин пас“ значи дека пристап до јавни настани и места како што се барови, ресторани, концерти, спортски сали итн. ќе имаат само лица вакцинирани против Ковид19 или прележани. МВР издаде наредба за засилена контрола на почитување на мерките што ќе ги спроведува полицијата, вклучително и јавниот превоз, кој од утре ќе може да го користат само вакцинирани или оние со негативен тест за инфекцијата. Специјалното полициско одделение на НАС контролираше здравствени установи низ Италија и по тој повод беа откриени 281 здравствен работник кои не биле имунизирани, а меѓу нив и повеќе од стотина на кои веќе им било забрането да работат со пациенти, но продолжиле да работат. Тие ќе бидат суспендирани. И покрај сите претходни мерки и кампањи за вакцинација, во Италија сè уште има 6 милиони луѓе кои не се имунизирани. Со воведување „супер зелен сертификат“ за ваквите лица ќе се ограничат активностите и движењата. Според последните податоци на здравствените власти во Италија, потврдени се 9 случаи на новиот вид на ковид-19, Омикрон, а сите пациенти се во северните провинции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-i-italijancite-mora-da-nosat-maski-na-otvoreno-od-utre-vazi-sertifikat-za-vakcinacija/feed/ 0
УТРЕ КОНЕЧНО ЌЕ ЗНАЕМЕ: Ќе се укинува ли носењето на маски на отворено? Комисијата за заразни болести ќе одлучува и за полицискиот час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-konechno-kje-znaeme-kje-se-ukinuva-li-nosenjeto-na-maski-na-otvoreno-komisijata-za-zarazni-bolesti-kje-odluchuva-i-za-policiskiot-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-konechno-kje-znaeme-kje-se-ukinuva-li-nosenjeto-na-maski-na-otvoreno-komisijata-za-zarazni-bolesti-kje-odluchuva-i-za-policiskiot-chas/#respond Thu, 27 May 2021 12:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=515660

Заменик-минисерот за здравство Илир Хасани, денеска, на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци, изрази надеж дека од следната недела ќе има олеснување на мерките. -Комисија за заразни болести утре ќе дискутира за олеснување на мерките. Земјаќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Хасани. Тој потврди дека прва тема за дискусија на Комисијата за заразни болести ќе биде носењето маски на отворено. Хасани, како и други граѓани, носењето маска на отворено го чувствува како товар. -Јас лично носам маската и на отворено. Но, ја чувствувам како голем товар, како и сите граѓани, особено на шеталиштата, по парковите. Кога сме сами во парковите или со децата, маската е навистина тежина, вели Хасани. Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но вели, за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести. -Комисијата за заразни болести ќе донесе одлука врз основа на целокупната епидемиолошка ситуација, на параметрите, врз основа на предвидувањата и информациите коишто ние ги имаме во однос на другите сојеви коишто се потенцијален ризик за нашата држава, како на пример индискиот сој и други. Ние треба да бидеме многу внимателни за да го зачуваме здравјето, нагласи Хасани. Во однос на и натаму големиот број смрни случаи, за разлика од големото намалување на новозаразени со коронавирусот, заменик-министерот за здравство смета дека тоа се должи поради тоа што во болниците останале најтешките случаи со пролонгирана болест. -Генерално мислам дека тоа е очекувано, бројот на смртните случаи да се намали две-три недели можеби и четири по намалувањето на бројот на новозаболени пациенти, вели Хасани. Тој денеска присуствуваше на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци и рече дека, по долго време во една тешка пандемија, реконструирање на установа е многу добра вест. Хасани му честита на директорот Ќамиљ Ковачи и на сите вработени во установата, што успеале во време на пандемија, од сопствени средства да реновираат одделение во болницата. Директорот Ковачи појасни дека во употреба се пушта одделение, во кое се третираат околу 40 хронично болни 40 пациенти. – Вредноста на инвестицијата е 15 милиони денари, средства обезбедени од сопствениот буџет, информира Ковачи, кој рече дека целта им е да ги подобрат условите за пациентите и персоналот кој е ангажиран во оваа установа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-konechno-kje-znaeme-kje-se-ukinuva-li-nosenjeto-na-maski-na-otvoreno-komisijata-za-zarazni-bolesti-kje-odluchuva-i-za-policiskiot-chas/feed/ 0
Во оваа наша соседна држава од 1-ви јуни нема да мора да се носат маски на отворено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-nasha-sosedna-drzava-od-1-vi-juni-nema-da-mora-da-se-nosat-maski-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-nasha-sosedna-drzava-od-1-vi-juni-nema-da-mora-da-se-nosat-maski-na-otvoreno/#respond Thu, 27 May 2021 10:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=515609

Во Албанија од први јуни се укинува задолжителното носење заштитна маска на лицето на отворен простор а полицискиот час се скусува за еден час и ќе трае од 23:00 до 6 часот. Ова се дел од мерките што денес ги соопшти техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по направената анализа на епидемиолошката состојба. -Комитетот смета дека има простор за олеснување на мерките, почнувајќи од први јуни за отстранување на обврската за носење лична заштита на лицето, но останува задолжително во затворен простор и во јавен превоз. Полицискиот час наместо од 22:00 часот ќе почнува од 23:00 и ќе трае до 6 часот, како и до сега, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство. Според одлуката ноќните клубови и дискотеки и понатаму остануваат затворени а од 15 јуни ќе се дозволи групирање на отворен простор на 15 наместо 10 лица, колку што е сега. -Доколку епидемолошката состојба продолжи да се подобрува од први јули полицискот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот. Исто така ќе се дозволи одржување спортски натпревари, тетарски претстави други културни настани и конференции со присуство на со намалени капацитети до 30 отсто од капацитетот според протоколот на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ), додаде Ракацоли. -И покрај бројките, пандемијата не е завршена иако позитивноста на тестирањата останува ниска а ефектот од имунизацијата е познат. Важно е да продолжите да носите маски, да одржувате дистанца и хигиена, порача Албана Фицо, директорка на ИЈЗ. Одлуката на Комитетот е донесена по видно намалената бројка на нови случаи со Ковид-19. Вчера по 244 дена не беше регистриран починат а бројот на новозаразени беше 15 лица ил 0,5 отсто од тестираните. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-nasha-sosedna-drzava-od-1-vi-juni-nema-da-mora-da-se-nosat-maski-na-otvoreno/feed/ 0