маски за лице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 15:39:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маски за лице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иако овие состојки се природни, не смеете да ги користите во маските за лице https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/iako-ovie-sostojki-se-prirodni-ne-smeete-da-gi-koristite-vo-maskite-za-lice/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/iako-ovie-sostojki-se-prirodni-ne-smeete-da-gi-koristite-vo-maskite-za-lice/#respond Wed, 09 Nov 2022 15:17:19 +0000 https://kurir.mk/?p=757980

Интернетот, советите, блогерките, но и хемикалиите во козметичките производи, често ги мотивираат луѓето да се обидат самите да направат домашна козметика од природни состојки. Но, мора да бидете особено внимателни што користите, бидејќи колку и да се природни, некои состојки воопшто не се наменети за нанесување на лице. Сок од лимон Овошјето, а особено цитрусите, може да ја изменат ПХ-вредноста на лицето. Лимонот содржи киселини кои го нарушуваат природното мастење на лицето, а освен тоа, кожата станува почувствителна на УВ-зрачењата. Мајонез Многу блогерки се колнат во ефикасноста на мајонезот, но сетете се само дека се работи за мешавина од јајца и масло за јадење и веднаш е јасно дека нема ништо здраво во оваа маска за лице. Алкохол Многу препарати за лице содржат алкохол, но тоа не значи дека треба да го нанесувате во чиста форма на вашето лице. Тој може многу да ја исуши кожата и да го уништи природниот заштитен масен слој. Прашок за пециво Уште една состојка од „направи сам“ маските за лице која ќе ја најдеме во многу рецепти. Прашокот е алкален и може да ја промени ПХ-вредноста на кожата и да ја направи склона кон инфекции и подложна на воспаленија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/iako-ovie-sostojki-se-prirodni-ne-smeete-da-gi-koristite-vo-maskite-za-lice/feed/ 0
Кој не сака брчки и темни подочници треба да го знае овој рецепт: Ја враќа еластичноста на кожата и сјајот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koj-ne-saka-brchki-i-temni-podochnici-treba-da-go-znae-ovoj-recept-ja-vrakja-elastichnosta-na-kozata-i-sjajot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koj-ne-saka-brchki-i-temni-podochnici-treba-da-go-znae-ovoj-recept-ja-vrakja-elastichnosta-na-kozata-i-sjajot/#respond Sun, 01 May 2022 15:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=670482

Стареењето на кожата и бојата на брчките се неизбежни во еден момент, но за да се продолжи периодот без нив, кожата мора да биде доволно хидрирана и негувана. Маските кои можете сами да ги направите се одличен додаток за нега покрај кремата. Пред се затоа што се целосно на природна основа и не можат никако да ви наштетат, а освен тоа самите ги правите, па точно знаете кои состојки ги користите. Со овие маски ќе и ја вратите еластичноста на кожата околу очите, а темните кругови ќе станат минато. Бадемово масло и мед Освен што ќе хидрира, оваа маска ќе помогне и да се отстранат темните кругови под очите и да се „испеглаат“ малите брчки. За најдобри резултати, користете го двапати неделно. Измешајте една лажица масло и една лажица мед. Нанесете го на пределот под очите и носете го неколку минути, а потоа исплакнете. Маска од кафе Оваа маска е омилена на многу жени. Го намалува отокот околу очите. За да го подготвите потребни ви се една лажичка кафе и една лажичка мед. Измешајте ги и нанесете, а потоа оставете да делува околу 10 минути. Потоа исплакнете и можете да ја додадете кремата што ја користите за пределот околу очите. Најдобро е да ги нанесувате овие маски пред спиење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koj-ne-saka-brchki-i-temni-podochnici-treba-da-go-znae-ovoj-recept-ja-vrakja-elastichnosta-na-kozata-i-sjajot/feed/ 0