маски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 19:16:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија воведе задолжително носење маски во здравствените установи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vovede-zadolzhitelno-nosene-maski-vo-zdravstvenite-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vovede-zadolzhitelno-nosene-maski-vo-zdravstvenite-ustanovi/#respond Mon, 18 Sep 2023 19:16:55 +0000 https://kurir.mk/?p=879244

Работната група на српското министерство за здравство за постапување во услови на пандемијата на ковид донесе на денешната седница препораки за постапување на ниво на примарна здравствена заштита и болничките установи. Една од одлуките е задолжително носење заштитни маски во сите здравствени установи, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија. Исто така е наложено задолжително тестирање на ковид на сите вработени во здравствените установи кои имаат симптоми на акутна респираторна инфекција, како и нивна задолжителна контрола и тестирање по прележаната инфекција. На ниво на здравствени установи, тестирањето на пациентите е услов за хоспитализација, но и за прием на хематолошките и онколошките оддели. Дополнително, тестирање е нужно за прием на одделот геријатрија и други оддели на кои се лекуваат пациенти со примарни или тешки имунодефициенции. Воведена е забрана за посета на болниците кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции. Комисиите за превенција на болничките инфекции во здравствените установи се должни во следните седум дена да направат проценка на епидемиолошката ситуација и да дадат предлог мерки, како и редовно да ја следат епидемиолошката ситуација. Што се однесува до сместувањето на хоспитализираните пациенти заболени од ковид, работната група зазеде став дека засега не е неопходно нивно дополнително проширување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vovede-zadolzhitelno-nosene-maski-vo-zdravstvenite-ustanovi/feed/ 0
Нов сој коронавирус потврден во Словенија, се враќаат маските https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-soj-koronavirus-potvrden-vo-slovenija-se-vrakaat-maskite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-soj-koronavirus-potvrden-vo-slovenija-se-vrakaat-maskite/#respond Thu, 20 Apr 2023 13:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=825976

Нов сој коронавирус поради коj повторно се враќаат маските е потврден во Словенија. Според медиумите, вирусот забрзано се шири. Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16., односно арктурус. Новите симптоми што овој вид коронавирус ги носи со себе се: чешање, конјунктивитис и високи температури. Исто така, се нагласува дека досега не се евидентирани сериозни компликации. Во моментот во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но тие почнаа да се изолираат и да се инфицираат со најновиот вид арктурус. Според податоците од Светската здравствена состојба, најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има дополнителна мутација во спајк-протеинот. „Лабораториските студии покажаа дека е позаразна и попатогена“, соопшти СЗО. Се додава дека тоа би можело да значи дека арктурус би можел побргу да се шири, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-soj-koronavirus-potvrden-vo-slovenija-se-vrakaat-maskite/feed/ 0
Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-graganite-povikani-da-nosat-maski-i-da-se-vaktsiniraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-graganite-povikani-da-nosat-maski-i-da-se-vaktsiniraat/#respond Wed, 18 Jan 2023 16:51:36 +0000 https://kurir.mk/?p=789093

Националниот институт за јавно здравје на Косово ги повика граѓаните на Косово да носат маски во затворени простории и да се вакцинираат, по неодамнешното зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во многу земји во светот. Во објава на Фејсбук, НИЈЗК наведува дека пандемијата сe уште не е завршена, додавајќи дека во многу земји во светот е регистриран пораст на случаи на заразени со Ковид-19. „Ковид-19 во Косово бележи тренд на зголемување на нови случаи, но за среќа немаме регистрирано смртни случаи. Институтот континуирано ги тестира и следи сите случаи, контактите на болните во заедницата и лабораториската дијагностика, така што сите лица со главоболка, кашлица, болки во грлото, отежнато дишење, течење на носот, треска и губење на вкусот, се препорачува да се тестира“, се вели во текстот. Со цел зајакнување на имунитетот и спречување на нови случаи и тешки форми на болеста, НИЈЗК ги советува граѓаните да се вакцинираат. Во Косово денеска се регистрирани 17 нови случаи на вирусот, а активни се вкупно 80 случаи на зараза. Изминативе денови е забележан пораст на позитивни случаи.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-graganite-povikani-da-nosat-maski-i-da-se-vaktsiniraat/feed/ 0
Јапонците и Англичаните бараат новинарите да носат маски https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/japoncite-i-anglichanite-baraat-novinarite-da-nosat-maski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/japoncite-i-anglichanite-baraat-novinarite-da-nosat-maski/#respond Wed, 23 Nov 2022 09:09:06 +0000 https://kurir.mk/?p=765224

Маските за лице се неопходни за присуство на медиумските активности на јапонската и англиската репрезентација, им соопшти вчеравечер ФИФА на новинарите. -Ве информираме дека тимовите на Јапонија и Англија побараа сите претставници на медиумите да користат заштитни маски при секоја интеракција со играчите и претставниците на тимовите. Ова се однесува на стадионите, но и на тренинг камповите. Ќе ви бидат поделени маски, соопшти ФИФА. Која е причината за тоа, дали во камповите на тие репрезентации има заразени со корона вирусот или тоа е само мерка на претпазливост, во овој момент не знаеме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/japoncite-i-anglichanite-baraat-novinarite-da-nosat-maski/feed/ 0
Маските се задолжителни на одредени места и во наредните 14 дена: Во Црна Гора продолжени мерките против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maskite-se-zadolzitelni-na-odredeni-mesta-i-vo-narednite-14-dena-vo-crna-gora-prodolzeni-merkite-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maskite-se-zadolzitelni-na-odredeni-mesta-i-vo-narednite-14-dena-vo-crna-gora-prodolzeni-merkite-protiv-kovid-19/#respond Fri, 12 Aug 2022 13:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=717703

Епидемиолошките мерки, задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи, се продолжени за следните 14 дена во Црна Гора, соопшти Институтот за јавно здравје (ЈЛЗ). Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моменталната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од Работната група за контрола, превенција и сузбивање на Заразна болест COVID19. - Имајте предвид дека актуелните мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и јавни превозни средства, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензин. станици, задолжително носење заштитни маски на аеродромите, железничките и автобуските станици – се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maskite-se-zadolzitelni-na-odredeni-mesta-i-vo-narednite-14-dena-vo-crna-gora-prodolzeni-merkite-protiv-kovid-19/feed/ 0
Во внатрешните делови на траектите и во такси возилата во Грција маската останува задолжителна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-vnatreshnite-delovi-na-traektite-i-vo-taksi-vozilata-vo-grcija-maskata-ostanuva-zadolzitelna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-vnatreshnite-delovi-na-traektite-i-vo-taksi-vozilata-vo-grcija-maskata-ostanuva-zadolzitelna/#respond Wed, 01 Jun 2022 17:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=685184

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција на денешниот состанок донела препорака маската и понатаму да биде задолжителна во внатрешните делови на бродовите и траектите, во такси возилата, како и во аптеките, препорака прифатна од грчката Влада, јави дписничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека за бродовите и траектите маската не е задолжителна во надворешните делови, а задолжителна во внатрешните; за такси возилата е задолжителна и за возачите и за патниците, а за аптеките и за врабтените и за клиентите. Додават дека деталите ќе бидат објаснети во министерската одлука што дополнително ќе биде објавена во Службен весник. Маската во затворените простори во Грција од денеска повеќе не е задолжителна, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот превоз, како и такси возилата, внатрешните делови на бродовите и апеките. Одуката е привремена и важи до 15 септември 2022 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-vnatreshnite-delovi-na-traektite-i-vo-taksi-vozilata-vo-grcija-maskata-ostanuva-zadolzitelna/feed/ 0
Македонците кои ќе патуваат во Грција мора да го знаат ова: Каде задолжително мора да носите маски? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedoncite-koi-kje-patuvaat-vo-grcija-mora-da-go-znaat-ova-kade-zadolzitelno-mora-da-nosite-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedoncite-koi-kje-patuvaat-vo-grcija-mora-da-go-znaat-ova-kade-zadolzitelno-mora-da-nosite-maski/#respond Tue, 31 May 2022 13:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=684328

Задолжителната маска во затворените простори во Грција од утре се укинува, а исклучок се болниците, домовите за стари лица и јавниот градски превоз, додека пак во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука за протоколите за бродовите и траектите, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката ја соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици и рече дека е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година. -Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис. Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, како што се супермаркетите и продавниците, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, односно возовите и меѓуградските автобуси. Задолжителна останува во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите. Маската, воедно е и последната мерка што важеше во Грција, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedoncite-koi-kje-patuvaat-vo-grcija-mora-da-go-znaat-ova-kade-zadolzitelno-mora-da-nosite-maski/feed/ 0
Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и на затворено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juni-vo-grcija-privremeno-se-ukinuva-zadolzitelnata-maska-i-na-zatvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juni-vo-grcija-privremeno-se-ukinuva-zadolzitelnata-maska-i-na-zatvoreno/#respond Wed, 18 May 2022 14:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=678537

Од 1 јуни привремено се укинува задолжителната маска и во внатрешните објекти во Грција, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот градски сообраќај, соопшти попладнево министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис рече дека одлуката е по препораката од надлежната комисија на епидемиолози и ќе важи до 15 септември 2022 година. Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, како што се возовите и меѓуградските автобуси. Министерот за здравство на Грција објасни дека маската и понатаму ќе биде задолжителна во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите. За употребата на маската во образовните институции и во бродскиот сообраќај, Комисијата на епидемиолози, како што рече Плеврис, ќе одржи нов состанок следната седмица. -Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече Плеврис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-juni-vo-grcija-privremeno-se-ukinuva-zadolzitelnata-maska-i-na-zatvoreno/feed/ 0
Американските авиокомпании ја укинуваат обврската за носење маски во авионите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-aviokompanii-ja-ukinuvaat-obvrskata-za-nosenje-maski-vo-avionite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-aviokompanii-ja-ukinuvaat-obvrskata-za-nosenje-maski-vo-avionite/#respond Tue, 19 Apr 2022 16:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=665522

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повеќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федерален судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална, поткопувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на Ковид-19. Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да бараат носење маски. Федералната судијка во Флорида, Кетрин Кимбал Мизел, во понеделникот пресуди дека 14-месечната директива е незаконска. Мизел рече дека Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги надминале своите овластувања со наметнување на обврската за носење маски, не барале мислење од јавноста и не ги објасниле соодветно своите одлуки. Пресудата доаѓа во период кога бројот на случаи во САД почнува повторно да расте, со просечни 36.251 нови инфекции секој ден и 460 смртни случаи на ден. Белата куќа пресудата ја нарече „разочарувачка“. Со порастот на бројот на случаите на Ковид-19, укинувањето на обврската за носење маски може да предизвика недоверба кај некои патници, додека некои би можеле на тој начин да се поттикнат повторно да летаат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-aviokompanii-ja-ukinuvaat-obvrskata-za-nosenje-maski-vo-avionite/feed/ 0
Филаделфија ја враќа мерката за задолжително носење маски во затворени простории https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/#respond Tue, 12 Apr 2022 08:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=661733

Филаделфија е првиот поголем град во САД каде повторно се воведува мерката задолжителното носење маски во затворени простории, по наглиот скок на бројот инфекции со коронавирус. Шерил Бетигол, градската комесарка за здравство, предупредува на можен нов бран инфекции на подваријантата на омикрон-сојот на коронавирусот. Таа појасни дека потврдениот број заразени во градот е зголемен за повеќе од 50 проценти за последните десет дена, што е граница од која се воведува задолжителното носење маски во затворени простории. Здравствените власти веруваат дека неодамнешниот пораст на инфекцијата е поттикнат од високо преносливата омикронска подваријанта BA.2, што брзо се прошири во Европа и Азија, која последните седмици стана доминантна во САД. -Ако не дејствуваме сега, знаејќи дека секој претходен бран на инфекции беше проследен со бран хоспитализации, а потоа и бран смртни случаи, тогаш за многу наши граѓани ќе биде доцна, предупредува Бетигол. Таа смета дека сега е шанса да се оди пред пандемијата, да се носат маски превентивно, додека не се добијат повеќе информации за сериозноста на новата варијанта. Според официјалните податоци, околу 750 граѓани на Филаделфија починале во зимскиот бран на омикрон коронавирусот. Мерката за повторно задолжително носење заштитни маски во затворен простор, што градските власти претходно ја укинаа на 2 март, од 18 април повторно стапува на сила. По минатомесечното укинување на обврската за носење маски бројот потврдени случаи се зголеми на повеќе од 140 дневно. Повеќето американски држави и градови го укинаа задолжителното носење маски во февруари и на почетокот на март, следејќи ги новите упатства од Центрите за контрола и превенција на болести на САД кои посветија повеќе внимание на капацитетот на болниците отколку на бројот заразени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/feed/ 0