масло за јадење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 10:12:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png масло за јадење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српската Влада ги ограничи цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ogranichi-cenite-na-masloto-za-jadenje-shekjerot-i-brashnoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ogranichi-cenite-na-masloto-za-jadenje-shekjerot-i-brashnoto/#respond Thu, 01 Dec 2022 10:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=769373

Владата на Србија денеска ја ограничи цената на основните прехранбени производи – цената на сончогледовото масло за јадење не смее да надмине 219,99 динари за литар, цената на белиот кристален шеќер не смее да биде повисока од 114,99 динари за килограм, а брашното од типот Т-400 не смее да биде повисоко од 84,7 динари за килограм. Со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, Владата на Србија ги ограничи цените на нафтените деривати. Имајќи предвид дека се зголемени оперативните трошоци на стопанските субјекти кои тргуваат со нафтени деривати, беше одлучено да се зголеми износот на маржата што можат да ја наплатат, со цел товарот од кризата што е можно порамномерно да се распредели на сите учесници на пазарот, се наведува во соопштението од Владата на Србија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-gi-ogranichi-cenite-na-masloto-za-jadenje-shekjerot-i-brashnoto/feed/ 0
Цената на зејтинот намалена за 40 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/#respond Sat, 26 Nov 2022 14:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=766922

Цената на маслото за јадење е намалена за 40 денари, а цената на репроматеријалите мируваат, истакна генералниот извршен директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“. –Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, вели Наумоски. Забележа дека не конкурирале за поевтина струја од 1 декември бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи, а производството на струјата од нив за 30 отсто ги намалува трошоците за производство до крајниот производ. Додека пак премиерот Ковачевски прашан за поволностите за поставување на фотонапонски централи, посочи дека како Влада комплетно ја имаат сменето законската регулатива. Но е дециден дека и нивниот став е дека фотонапонски централи да не се поставуваат на земјоделско земјиште од прва и втора класа. -Во однос на поголемите централи исто така е направена промена во регулативата и тука се забрзани постапките. Меѓутоа, сакам да истакнам нешто многу важно. Ние не можеме да дозволиме земјиште од прва класа, земјиште од втора класа да биде користено за фотоволтаици. Регулативата ќе се однесува на земјиште од четврта, петта, шестта класа коишто треба да се користат за производство на електрична енергија, меѓутоа земјиштето од прва и втора класа треба да се користат за производство на земјоделски производи, бидејќи храната е исто толку значајна колку што е значајна и енергијата и заради ова Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и другите ресори се во постојана комуникација, вели Ковачевски. Премиерот додаде ако за некои фирми има застој за инсталирање на фотонапонски централи, тогаш какошто вели веројатно се работи за трансформација на земјиште од прва и втора класа што смета и дека не треба да се прави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-zejtinot-namalena-za-40-denari/feed/ 0
Големо поскапување: Маслото за јадење „Брилијант“ ја зголеми продажната цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/golemo-poskapuvanje-masloto-za-jadenje-brilijant-ja-zgolemi-prodaznata-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/golemo-poskapuvanje-masloto-za-jadenje-brilijant-ja-zgolemi-prodaznata-cena/#respond Thu, 28 Apr 2022 09:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=669079

„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари. Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината. Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон. На прашањето дали ќе има ново зголемување на цената на маслото за јадење, Ташков одговори дека тоа ќе зависи од цената на светската берза. Тој смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи. Со поскапувањето, „Брилијант“ ја изедначи цената на зејтинот со онаа на останатите македонски производители. Анализите покажуваат дека македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња зејтин. (МИА)    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/golemo-poskapuvanje-masloto-za-jadenje-brilijant-ja-zgolemi-prodaznata-cena/feed/ 0
Србија дозволила извоз на две илјади тони масло за јадење за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srbija-dozvolila-izvoz-na-dve-iljadi-toni-maslo-za-jadenje-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srbija-dozvolila-izvoz-na-dve-iljadi-toni-maslo-za-jadenje-za-makedonija/#respond Fri, 15 Apr 2022 13:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=663655

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека утре ќе пристигнат 2 милиони литри зејтин, кои според министерот се доволни да се покријат потребите за еден месец. Истакна дека се во постојана комуникација со српските власти и доколку има потреба ќе се испорачуваат и дополнителни количини масло за јадење. - Таа одлука е објавена денеска и утре веќе увозниците ќе може да ја набавуваат. Станува збор за рамномерно сите договори кои ги имаат во евиденција во нивното министерство да обезбедат рамномерно секоја фимра да може да увезе. А паралелно продолжуваме и очекуваме и нови одлуки, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство Според Николовски храна има доволно и нема потреба од активирање на стоковите резерви. Во меѓувреме ќе се работи на зголемување на домашното производство. Најави дека в понеделник ќе се објават огласите за субвенцинии за производство на житни култури и ги повика земјоделците на масовно пријавување. - Нудиме пакет за договорно производство на сончоглед. Тоа што било традиционално производство за оваа земја и тоа го имаме да го ставиме во функција. Викендов ќе имаме седница на која ќе усвои нов оглас за доделување на земјоделско земјиште.. 6 илјади хектари веќе од понедленик ќе се на располагање на земјодеците за житни култури. За пченка, за сончоглед, пченица, истакна Љупчо Николовски, министер за земјоделство Економија вчера им препорача на маркетите да ја ограничат продажбата на масло за јадење и доколку некој купувач сака да купи голема количина да го пријави во пазарниот инспекторат. А, доколку ова не се почитува, Владата во вторник со одлука точно ќе утврди колку зејтин ќе може да се продава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srbija-dozvolila-izvoz-na-dve-iljadi-toni-maslo-za-jadenje-za-makedonija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Владата е контрадикторна, ни порачува дека има масло за јадење, ама го ограничува купувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-vladata-e-kontradiktorna-ni-porachuva-deka-ima-maslo-za-jadenje-ama-go-ogranichuva-kupuvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-vladata-e-kontradiktorna-ni-porachuva-deka-ima-maslo-za-jadenje-ama-go-ogranichuva-kupuvanjeto/#respond Thu, 14 Apr 2022 11:04:35 +0000 https://kurir.mk/?p=662939

Власта со хаотични и неодговорни изјави е причината поради која граѓаните стравуваат. Не може на власта да им бидат граѓаните виновни кога самите со својата контрадикторност создаваат сомнежи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот за економија Бектеши во една изјава тврди дека во Македонија има доволно масло за јадење, а од друга страна со официјално известување бара трговците да ја ограничат продажбата на маслото за јадење. На крајот пораката на владата е има масло, ама немојте да го купувате. Граѓаните со право се загрижени и уплашени бидејќи власта во континуитет создава недоверба. Еднаш велеа дека има доволно пченица, за потоа да видиме дека бара пченица од соседите. Еднаш велат стоковите резерви се полни, а никогаш не кажаа колкави количини се обезбедени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-vladata-e-kontradiktorna-ni-porachuva-deka-ima-maslo-za-jadenje-ama-go-ogranichuva-kupuvanjeto/feed/ 0
Забраната за извоз на оделни житарици и сончогледово масло продолжена до 15 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabranata-za-izvoz-na-odelni-zitarici-i-sonchogledovo-maslo-prodolzena-do-15-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabranata-za-izvoz-na-odelni-zitarici-i-sonchogledovo-maslo-prodolzena-do-15-maj/#respond Tue, 12 Apr 2022 12:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=661862

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед. Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година. -Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените„ напиша министерот Бектеши. Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabranata-za-izvoz-na-odelni-zitarici-i-sonchogledovo-maslo-prodolzena-do-15-maj/feed/ 0
Бектеши уверува: Нема проблем во делот со снабдување и производство на масло за јадење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-uveruva-nema-problem-vo-delot-so-snabduvanje-i-proizvodstvo-na-maslo-za-jadenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-uveruva-nema-problem-vo-delot-so-snabduvanje-i-proizvodstvo-na-maslo-za-jadenje/#respond Tue, 05 Apr 2022 10:34:04 +0000 https://kurir.mk/?p=658683

Во земјава нема проблем во делот со снабдување и производство на масло за јадење. Редовно сме во комуникација со трите наши домашни производители на масло за јадење и ако е потребно ќе донесеме дополнителни мерки со цел да го ублажиме притисокот во делот на зголемување на цените, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека има одредени покачувања на малопродажните цени на маслото за јадење заради зголемувањето на цените на суровото масло на берзите. -За основните прехранбени производи како Влада веќе донесовме одлука во делот на намалување на ДДВ-то од 5 на 0 отсто, а правиме и други мерки за утврдување на одредени количини кои преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство би можело да бидат субвенционирани за нашите производители, рече Бектеши, во одговор на прашање на денешната прес-конференција. Нагласи дека согласно податоците што ги добиваат од производителите на масло за јадење, тие имаат соодветни резерви и редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со масло за јадење. -Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) редовно врши контрола и согласно законските прописи и врз основа на одлуките донесени од Владата веднаш ќе постапат и ќе се преземат соодветни мерки во случај трговците на мало да биле снабдени, а на нивните полици нема масло за јадење. Доколку тие чуваат резерви тоа е спротивно на одлуката на Владата и спротивно на Законот за заштита на потрошувачите и секако дека ДПИ има законско право да направи проверка и да донесе соодветни мерки, прецизира Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-uveruva-nema-problem-vo-delot-so-snabduvanje-i-proizvodstvo-na-maslo-za-jadenje/feed/ 0
ВИДЕО: Најголемиот патнички авион во светот леташе со гориво направено од масло за јадење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-najgolemiot-patnichki-avion-vo-svetot-letashe-so-gorivo-napraveno-od-maslo-za-jadenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-najgolemiot-patnichki-avion-vo-svetot-letashe-so-gorivo-napraveno-od-maslo-za-jadenje/#respond Mon, 04 Apr 2022 13:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=658285

Airbus го изведе првиот лет на својот А380 користејќи 100 проценти обновливо млазно гориво (SAF), кое главно се добива од масло за јадење и други отпадни масти. А380, наречен MSN 1 полета од аеродромот Блањак во Тулуз, Франција на 25 март и помина три часа во лет. Неговиот Rolls-Royce Trent 900 мотор користеше одржливо гориво. Вториот лет беше изведен на 29 март со цел тестирање на полетување и слетување со употреба на одржливи горива. Ова беше трет тип на авион Airbus кој летал со 100 проценти SAF во една година, но е убедливо најголем. Во март 2021 година, Airbus го употреби А350 за тестирање на одржливо гориво, а потоа и А319neo во октомври 2021 година. За првиот лет на А380 овој месец, Airbus користеше 27 тони немешан SAF обезбедени од TotalEnergies, а горивото главно се состоеше од масло за јадење и други отпадни масти. SAF покажа голем потенцијал за намалување на емисиите во воздухопловната индустрија, која сочинува околу 2 отсто од вкупните глобални емисии годишно. Други компании, вклучително и Rolls-Royce, исто така спроведуваат тестови со намера нивните мотори да користат одржливо гориво во иднина. Сите авиони на Airbus веќе имаат сертификат за користење на 50 проценти од SAF измешани со керозин, но целта на компанијата е да направи чекор напред и да добие сертификат за исклучиво користење на SAF до 2030 година. Во Airbus веруваат дека SAF е клучниот начин да се постигнат нула емисии на јаглерод од воздушниот сообраќај до 2050 година. Во 2019 година, Airbus објави прекин на производството на А380, најголемиот авион во светот, поради малата побарувачка и високите трошоци за производство. Многу од постојните авиони сè уште се во функција, но Airbus ги смета за идеални за тестирање на одржливи технологии поради нивната пространа внатрешност. На пример, во февруари, Airbus објави дека има намера да го опреми А380 со водородни мотори и да ги тестира во 2026 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-najgolemiot-patnichki-avion-vo-svetot-letashe-so-gorivo-napraveno-od-maslo-za-jadenje/feed/ 0
ВИДЕО: Маж во Бугарија почина додека чекал ред од 300 метри за да купи зејтин на акција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-maz-vo-bugarija-pochina-dodeka-chekal-red-od-300-metri-za-da-kupi-zejtin-na-akcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-maz-vo-bugarija-pochina-dodeka-chekal-red-od-300-metri-za-da-kupi-zejtin-na-akcija/#respond Sat, 12 Mar 2022 11:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=645944

Маж на 77-годишна возраст починал додека чекал да купи масло за јадење во супермаркет во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од големи гужви, турканици и тепачки во многу продавници ширум оваа земја, поради голем број граѓани кои побрзале да ја искористат промоцијата од 2,99 лева за шише масло. Редот бил долг околу 400 метри. По долго чекање, човекот починал кога конечно стигнал до палетата со масло за јадење, јавија бугарските медиуми. На местото на настанот пристигнала брза помош која констатирала смрт на мажот. -Човекот почина во продавницата. Тој беше турнат и му се слоши. Беше лудо. Луѓето велеа дека паднал, помодрел и умрел. Редот беше огромен, раскажала една од купувачите и очевидец на трагичниот настан кога починал 77-годишниот маж за „Нова“. Редoви за масло за јадење има и во другите бугарски градови, а некои продавници во главниот град веќе вовеле и ограничување на количините на масло за јадење кои се за продажба, бидејќи го складираат во своите магацини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-maz-vo-bugarija-pochina-dodeka-chekal-red-od-300-metri-za-da-kupi-zejtin-na-akcija/feed/ 0
Маслото за јадење со раст на цената од 30 %, низа поскапувања на грбот на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masloto-za-jadenje-so-rast-na-cenata-od-30-niza-poskapuvanja-na-grbot-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masloto-za-jadenje-so-rast-na-cenata-od-30-niza-poskapuvanja-na-grbot-na-gragjanite/#respond Thu, 25 Mar 2021 15:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=487673

Од 70 на 100 денари или цели 30% за само неколку недели. Толку е поскапено маслото за јадење. Граѓаните се жалат дека цените растат секојдневно, а тоа најмногу се забележува кај зејтинот. Велат 500 евра не го „крпат“ месецот, пренесе Канал 5. Производителите на маслото за јадење велат дека растот на цената бил неизбежен, бидејќи цените на светските берзи во последниве 6 месеци дупло се зголемиле. Сепак велат трендовите сега се подобри и може да се очекува во следниот период цените да паѓаат. -Ние едноставно ја пратиме таа, успеваме да купиме количини, нашата фабрика има редовно количини, но едноставно ја пратиме берзанската цена и мораме да ја подигнеме цената на готовиот производ на литар масло. Најверојатно се должи на недостигот на сирово масло, односно сончоглед, сончогледово масло воопшто. Поради сушата во континуитет 3 -4 години изминатите и поради намалувањето на продажба на поминато масло, изјави Сашо Наумоски, производител, пренесе Канал 5. Последните податоци на статистика покажуваат дека за една година храната поскапела за 2%. Најмногу се забележува кај маслото кое поскапело за цели 14%, потоа лебот, овошјето, зеленчукот. ССМ пресмета дека на едно четиричлено семејство за да го помине месецот му требаат над 33 илјади денари од кои само 15 илјади за храна и пијалоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/masloto-za-jadenje-so-rast-na-cenata-od-30-niza-poskapuvanja-na-grbot-na-gragjanite/feed/ 0