Маслодајна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 13:32:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Маслодајна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maslodajna-kje-go-otkupi-vkupnoto-proizvodstvo-na-sonchogled-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maslodajna-kje-go-otkupi-vkupnoto-proizvodstvo-na-sonchogled-vo-zemjava/#respond Mon, 26 Sep 2022 13:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=737559

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или поранешна „Маслодајна“ досега откупи 6 000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК„Пелагонија“, а останатите од индивидуални земјоделски производители. Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ. „Кристал 1923“ најавува дека ќе ги откупи сите годинава произведени 10 000 тони сончоглед од македонските ниви. -Задоволни сме од отупот. Фабриката за сите земјоделци со кои склучи договор за годинава им обезбеди семенски материјал. Бројките зборуваат за тоа колку е зголемено производството на домашен сончоглед од страна на индивидуални земјоделски производители. Им се заблагодарувам на земјоделците кои се одзваа на повикот за зголемено производство на храна во државата за да не зависиме од увоз. Се гледа дека тоа што компанијата вложуваше во кампањата, полека дава резултат. Се потрудивме да им дадеме добра откупна цена на земјоделците, тие сами ќе кажат дали се задоволни или не, рече денеска на прес-конференција извршниот директор и сопственик на фабриката Горанчо Лазов. Според него, откупната цена од 567 евра по тон што тие им ја даваат на македонските земјоделци е највисока во регионот. Во Србија тон е 535 евра, во Грција 500 евра, во Бугарија 530 евра, во Романија 530 евра, а во Украина минимални 360 евра. Со стимулативната цена на сончогледот, земјава, оцени Лазов, ќе ги задоволи сопствените потреби за масло за два месеца. -Годинава просечниот принос од хектар е од 1,8 до 2 000 килограми, но во наредните години македонските земјоделци ќе го зголемат на 2,5 до 3 000 килограми. Со тоа „Кристал 1923“ ќе нема потреба од увоз на сончоглед бидејќи со овие количини ќе можеме да произведеме масло за јадење и да ги задоволиме потребите на домашниот пазар, рече Лазов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maslodajna-kje-go-otkupi-vkupnoto-proizvodstvo-na-sonchogled-vo-zemjava/feed/ 0
По пожарот во септември, велешка „Маслодајна“ спогодбено се обврза да плати 50.000 евра https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-pozarot-vo-septemvri-veleshka-maslodajna-spogodbeno-se-obvrza-da-plati-50-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-pozarot-vo-septemvri-veleshka-maslodajna-spogodbeno-se-obvrza-da-plati-50-000-evra/#respond Mon, 18 Nov 2019 15:35:31 +0000 https://kurir.mk/?p=265585

Раководниот тим на велешката Фабрика за масло „Благој Ѓорев“се обврзал во рок од 15 дена да плати глоба во износ од 50 илјади евра во денарска противвредност поради пожарот во силос полн со 400 тони пелети од сончогледови лушпи, што изби на 27 септември годинава. Во пожарот, кој тлееше една недела, изгореа 400 тони пелети, што предизвикаа црн чад и тешка реа кои им го нарушуваа здравјето на велешани, а кои поради тоа остро реагираа во јавноста. Со брза и правилна интервенција на Противпожарната единица од Велес беше избегната и поголема катастрофа, бидејќи можеше да дојде до поголема експлозија во силосот и загрозување на околните згради и куќи. Како што денеска информира од Општина Велес, спогодбеното плаќање на „Маслодајна“ било договорено на седницата на Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање одржана на 13 ноември, на која присуствувале претставници од А.Д. „Благој Ѓорев“ и овластениот инспектор за животна средина на Општина Велес, Билјана Шуркова Манаскова, која и ја водеше инспекциската постапка. Како што денеска појаснија од Општина Велес спогодбата има сила на извршна исправа. Покрај ова, на одговорните во правното лице, односно извршниот директор на А.Д. „Благој Ѓорев“ и одговорниот претставник за животна средина им се изречни казни од по 15.000 евра во денарска противвредност, кои ќе се извршат доколку во рок од една година од денот на склучување на спогодбата тие сторат нов прекршок од областа на животната средина. Според општинските власти, „Благој Ѓорев“ се уште нема Б интегрирана еколошка дозвола, но фабриката работи врз основа на тоа што има дозвола за усогласување. За добивање Б интегрирана еколошка дозвола постапка е започната во 2013 година, а пречка се трите котли на фабриката од кои два работат на мазут, а еден на пелети од сончогледови лушпи. Инаку за време на пожарот во еден од силосите каде беа сместени пелетите од сончогледови лушпи кои се самозапалија, неисправна беше сондата која ја мери температурата. Поради нејзината неисправност, не можело да се реагира навреме, информираше тогаш инспекторката Шуркова Манаскова, која по пожарот направи увид и надзор во запалениот силос на „Маслодајна“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-pozarot-vo-septemvri-veleshka-maslodajna-spogodbeno-se-obvrza-da-plati-50-000-evra/feed/ 0