масовен студентски марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 06:31:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png масовен студентски марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Студентски отпор“ незадоволни од договорот, во четврток повикуваат на масовен студентски марш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-nezadovolni-od-dogovorot-vo-chetvrtok-povikuvaat-na-masoven-studentski-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-nezadovolni-od-dogovorot-vo-chetvrtok-povikuvaat-na-masoven-studentski-marsh/#respond Tue, 15 Nov 2022 06:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=760659

Младинската организација „Студентски отпор“ повикува на масовен студентски марш во четврток со почеток во 17 часот. Тие не се задоволни од крајниот исход и одлуките донесени на тричасовната средба во Собранието помеѓу премиерот, министерот за образование и претставниците на студентските собранија. Велат дека како студенти остануваат на нивните барања за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно; издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите; средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови" и стоп за најавената приватизација на студентските домови; издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја. -Со оглед на тоа што единственото барање кое се прифати е повлекувањето на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк, најавуваме дека нема да отстапиме сѐ додека итно не се реализираат и останатите наши барања и ве повикуваме во четврток (17.11.2022), на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17:00 часот. Маршот ќе започне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија, се вели во повикот. Од „Студентски отпор“ ги повикуваат сите студентски организации, универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и невладини организации да се придружат во борбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentski-otpor-nezadovolni-od-dogovorot-vo-chetvrtok-povikuvaat-na-masoven-studentski-marsh/feed/ 0