масовен убиец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 May 2021 07:46:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png масовен убиец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Медиумите го нарекоа чудовиште: Почина еден од најозогласените сериски убијци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mediumite-go-narekoa-chudovishte-pochina-eden-od-najozoglasenite-seriski-ubijci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mediumite-go-narekoa-chudovishte-pochina-eden-od-najozoglasenite-seriski-ubijci/#respond Tue, 11 May 2021 07:46:18 +0000 https://kurir.mk/?p=508790

Мишел Фурние, осуден француски масовен убиец, починал во затворска болница. Фурние кого француските медиуми го прогласија за чудовиште од Арден, е осуден во 2008 година за силување, обид за силување и убиство на седум жени на возраст меѓу 12 и 22 година. Серијата убиства траела од 1987 до 2001 година, а 79 годишниот Фурние кој би во затвор близу две децении во саботата во кома бил пренесен во болница поради срцеви и респираторни проблеми, пренесува Ројтерс. Осуден бил на две доживотни затворски казни, а во 2018 година повторно е осуден поради убиство на еден мафијаш во затворот. За време на судењето, убиецот признал дека го фасцинирале невини девојчиња, бил уапсен во 2003 година откако 13 годишно девојче избегало од него и повикало полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mediumite-go-narekoa-chudovishte-pochina-eden-od-najozoglasenite-seriski-ubijci/feed/ 0
ФБИ: Разбиен кодот што пред 50 години го употребуваше масовниот убиец Зодијак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-razbien-kodot-shto-pred-50-godini-go-upotrebuvashe-masovniot-ubiec-zodijak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-razbien-kodot-shto-pred-50-godini-go-upotrebuvashe-masovniot-ubiec-zodijak/#respond Sat, 12 Dec 2020 17:00:27 +0000 https://kurir.mk/?p=442457

Кодот од 340 карактери е „сразбиен“ 51 година откако таканаречениот Зодијак убиец, наводно, го испратил до Сан Франциско кроникл, потврди ФБИ. Убиецот, кој никогаш не беше фатен, убил пет лица со нож и огнено оружје во областа на заливот Сан Франциско кон крајот на 1960-тите, потсетува Би Би Си. „Се надевам дека се забавувате обидувајќи се да ме фатите. Не се плашам од гасна комора, бидејќи тие ќе ме испратат во рајот пред тоа, затоа што сега имам доволно робови за да работам за мене”, се вели во пораката, која не фрла светло на идентитет на убиецот. Пораката беше една од неколкуте испратени до весникот за време на убиствата. Во видеото што го објави на Јутјуб, дизајнерот од Вирџинија, Дејвид Оранчак вели дека го разбил кодот заедно со австралискиот математичар Сем Блејк и Белгиецот Јарл ван Ејк, управител на магацин и софтверски инженер за разбивање кодови. Тимот, кој користеше човечка генијалност и софтвер за да ја дешифрира пораката, ги посвети своите напори на жртвите и роднините на убиените. Според „Сан Франциско кроникл“, ова не е прва кодирана порака која му се припишува на убиецот. Треба да се декодираат уште две – од кои едната може да го содржи името на убиецот. Серијата убиства започнаа во декември 1968 година, кога маж и жена беа убиени во нивниот автомобил. Во јули 1969 година, друг маж и жена биле ранети, таа им подлегнала на повредите, а тој преживеал. Подоцна истата година, еден пар беше прободен со нож покрај езеро – и човекот преживеа. Во октомври 1969 година, еден таксист беше убиен во Сан Франциско. Убиецот, кој никогаш не бил обвинет или идентификуван, во писмо до весникот тврди дека убил 37 лица, но истражителите работеле врз основа на вкупно седум жртви, од кои петмина биле убиени. Убиствата инспирираа два филма – Зодијак, со Роберт Дауни Jуниор, и Валканиот Хари во 1971 година, со Клинт Иствуд во улога на детектив во Сан Франциско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-razbien-kodot-shto-pred-50-godini-go-upotrebuvashe-masovniot-ubiec-zodijak/feed/ 0
Масовниот убиец од Нов Зеланд престојувал на Балканот! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovniot-ubiec-od-nov-zeland-prestojuval-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovniot-ubiec-od-nov-zeland-prestojuval-na-balkanot/#respond Sat, 16 Mar 2019 09:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=175261

Осомничениот напаѓач, Австралјанецот Брентон Тарант (28) кој што го изврши нападот во две џамии во Нов Зеланд за време на петочната молитва од 9 до 15 нември престојувал во Бугарија, истакна бугарскиот обвинител Сотир Цацаров. Отворена е истрага за да се утврди неговиот престој, дали сакал да посети некои историски места и да ја проучи балканската историја или пак имал друга цел, истакна на пресконференција бугарскиот обвинител. Бугарскиот министер за внатрешни работи Младен маринов додаде дека цел на истрагата е да се утврдат мотивите за престојот и можните контакти со други лица. Според првичните елементи од истрагата, нема информации за терористички активности или контакти со лица од Бугарија, рече обвинителот. Истражителите веќе имаат прецизни информации за неговиот престој во Бугарија. Тој во софија пристигнал од Дубаи на 9 ноември, на 10 ноември изнајмил автомобил и посетил 10 историски локации во земјата. Од Бугарија си заминал на 15 ноември со лет за Букурешт, каде што исто така изнајмил автомобил за да оди во Унхарија, додаде обвинителот. Тоа не му пило прв пат Австралјанцот да престојува во југоисточна Европа. Според истите извори, тој кратко престојувал на Балканот од 28 до 30 декември 2016 година, кога со автобус патувал преку Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ. Бугарските власти за оваа истрага се во контакт со властите од САД, Нов Зеланд, Австралија, Соединетите Арапски Емирати, Србија и Црна Гора. Осомничениот за нападот во Нов Зеланд, во кој беа убиени 49 лица објави документи преку кои како мотив за своето делување го наведе фактот против емиграцијата која ја поплавува културата на белите народи во Европа. Некои елементи од грозоморниот чин се поврзуваат со балканската историја и борбата против Османлиската империја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovniot-ubiec-od-nov-zeland-prestojuval-na-balkanot/feed/ 0
Најмасовниот убиец во Русија повторно на суд, го признал убиството на 81 жена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmasovniot-ubiec-vo-rusija-povtorno-na-sud-go-priznal-ubistvoto-na-81-zena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmasovniot-ubiec-vo-rusija-povtorno-na-sud-go-priznal-ubistvoto-na-81-zena/#respond Wed, 10 Jan 2018 17:05:10 +0000 http://kurir.mk/?p=9109

Поранешниот руски полицаец Михаил Попков (53), кој веќе издржува затворска казна за убиство на 22 жени, денеска се појави на суд поради обвинение за уште 59 убиства. Попков е осуден на доживотна затворска казна, а доколу се утврди дека ги извршил и останатите убиства, со што нивниот број ќе се искачи на 81, тој ќе биде најмасовен убиец во историјата на Русија. Светските медиуми пишуваат дека тој признал дека убил 81 жена во период од 18 години. Тој жртвите ги намамувал во неговиот автомобил во градот Ангарск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmasovniot-ubiec-vo-rusija-povtorno-na-sud-go-priznal-ubistvoto-na-81-zena/feed/ 0