масовни гробници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Apr 2022 09:37:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png масовни гробници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинските власти тврдат дека масовните гробници кај Мариупол се доказ за геноцид (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vlasti-tvrdat-deka-masovnite-grobnici-kaj-mariupol-se-dokaz-za-genocid-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vlasti-tvrdat-deka-masovnite-grobnici-kaj-mariupol-se-dokaz-za-genocid-foto/#respond Fri, 22 Apr 2022 09:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=666843

Украинските власти тврдат дека идентификувале масовни гробници надвор од градот Мариупол, што според нив е дополнителен доказ за руските воени злосторства врз украинските цивили. Тврдењето го поткрепуваат фотографиите собрани и анализирани од американската компанија за сателитски снимки Maxar Technologies, кои покажуваат повеќе од 200 нови гробници на локација на северозападниот раб на Манчус, град на околу 19 километри западно од Мариупол. Официјални лица проценуваат дека околу 100.000 луѓе остануваат заробени во Мариупол, кој е под постојано бомбардирање откако беше опколен од руските сили на 1-ви март. Украинските власти тврдат и дека повеќе од 20.000 луѓе во градот биле убиени за време на нападот. Во изјавата во четвртокот во апликацијата за пораки Телеграм, Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, рече дека руски камиони собрале тела од пристанишниот град пред да ги „фрлат“ во Манхуш. - Ова е директен доказ за воени злосторства и обиди за нивно прикривање, рече Андруишченко. Сателитска снимка од 3 април покажува како изгледа ново ископана масовна гробница, веднаш до гробиштата. Прегледот на сателитски снимки од средината на март до средината на април покажа дека проширувањето на гробницата започна меѓу 23 и 26 март и продолжи до април. Според анализата на Максар, на локалитетот на северозападниот раб на Манџус има повеќе од 200 новооткопани гробови. – Според неодамнешните извештаи на медиумите, руски војници на оваа локација ги пренеле телата на загинатите во Мариупол – наведува Максар во својата анализа. Си-Ен-Ен предупредува дека не може самостојно да ги потврди тврдењата дека Русите ги фрлиле телата во масовни гробници на таа локација, а точниот број на загинати по неколкунеделното силно бомбардирање на Мариупол не е достапен. Сепак, новинарите во Мариупол го документираа избрзаното погребување на цивилите во опколениот град, а на социјалните мрежи се појавија слики на кои се гледаат телата кои очигледно биле оставени за собирање во градот. Вадим Бојченко, градоначалникот на Мариупол, во четвртокот изјави дека на улиците на градот загинале жени, деца и постари лица. – За жал, видовме дека телата на загинатите жители на Мариупол почнаа да исчезнуваат од улиците на нашиот град – рече тој. Според Бојченко, масовните гробници се надвор од обиколницата, во близина на гробиштата. Тој рече дека во близина на гробиштата има поле со кози долги 30 метри: „И таму ги закопуваат, ги носат телата на загинатите со камиони и ги фрлаат во овие ровови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vlasti-tvrdat-deka-masovnite-grobnici-kaj-mariupol-se-dokaz-za-genocid-foto/feed/ 0
ОН: Масовните гробници во Мариупол може да имаат и до 200 тела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-masovnite-grobnici-vo-mariupol-moze-da-imaat-i-do-200-tela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-masovnite-grobnici-vo-mariupol-moze-da-imaat-i-do-200-tela/#respond Fri, 25 Mar 2022 13:48:37 +0000 https://kurir.mk/?p=653324

Гранатирањата врз Мариупол се толку тешки што локалните власти проценуваат дека околи 80 проценти од градбите се уништени или тешко оштетени. Масовните гробници во украинскиот јужен град Мариупол, кој е под опсада, може да имаат и до 200 тела, предупредува шефица на мисијата на ОН за набљудување на човековите права во Украина, Матилда Богнер. Богнер, рече дека нејзиниот тим се обидува да го процени обемот на цивилните жртви. „Успеавме да добиеме сателитски информации за една од масовните гробници, и нашите проценки се дека во една од тие масовни гробници може да има и до 200 лица“, изјави таа. Но, „тоа не значи дека сите се цивилни жртви“, додаде таа, бидејќи бројките на ОН не ги вклучуваат воените жртви и тие кои умреле од други причини за време на војна. Канцеларијата на ОН за заштита на човековите права, која има 50 лица во Украина, регистрираше 1.035 цивили убиени од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Сепак, бројот на жртвите може да е поголем од официјалните бројки, поради тешкотијата да се проверат извештаите и да се добијат информации од областите погодени од војна. Овој тим ги истражува наводите за кршење на човековите права, како што е пукањето во цивилни возила кои бегаат од воените зони, исчезнувањето на украинските функционери и новинари и принудното преместување на цивилите на територијата што ја контролира Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-masovnite-grobnici-vo-mariupol-moze-da-imaat-i-do-200-tela/feed/ 0
Пронајдени масовни гробници со тела на 5.400 жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-masovni-grobnici-so-tela-na-5-400-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-masovni-grobnici-so-tela-na-5-400-zrtvi/#respond Fri, 21 Sep 2018 08:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=103996

Властите на Руанда пронајдоа масови гробници со тела на 5.400 жертви од геноцидот во 1994 година. Пронајдени се 26 гробници во два региони во близина на главниот град на Руанда, Кигали. Жител на еден од регионите им ја покажал на властите местоположбата на претходно непознатите гробови. В областа продолжува пребарувањето на уште гробови. Околу 18.000 тела беа откриени во април годинава. Повеќе од 800.000 луѓе од племето Тутси и умерени претставници на племето Хуту беа убиени само за 100 дена во 1994 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-masovni-grobnici-so-tela-na-5-400-zrtvi/feed/ 0
ФОТО: Откриени пет масовни гробници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkrieni-pet-masovni-grobnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkrieni-pet-masovni-grobnici/#respond Thu, 01 Feb 2018 08:31:02 +0000 http://kurir.mk/?p=16875

Во Мјанмар се откриени пет досега непознати масовни гробници. Постоењето на гробниците е потврдено по разговори со десетици бегалци во кампови во Бангладеш. Еден од бегалците, кој нашол свои пријатели во две од гробниците, изјавил дека во нив има остатоци од луѓе од неговото село Гу Дар Пијн, кои загинале во напад на армијата. Владата на Мјанмар демантира дека се извршени слични напади и призна дека постои само една масовна гробница со тела на десет лица за кои тврди дека се терористи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-otkrieni-pet-masovni-grobnici/feed/ 0