масовни собири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Nov 2020 10:26:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png масовни собири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО: Предлог казни од по две и пет илјади евра за организација на прослави во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/#respond Tue, 24 Nov 2020 10:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=433617

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против три физички и од 5 000 евра против едно правно лице за организација на масовни собири во Скопје. Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – веридба, на која присуствувале 30 гости. – Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, согласно кои се забранува одржување на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, се вели во соопштението од ОЈО. Третиот обвинет, како основач и управител на обвинетото правно лице – угостителски објект, на 3 октомври, постапил спротивно на забраната за организирање прослави – свадби во отворениот и затворениот дел од објектот и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана. – Тој во објектот дозволил да се организира настан – свадба на која биле присутни околу 90 лица, со што го довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, информираат од ОЈО. Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.​​ Казнениет налози се за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/feed/ 0
Владата одлучи: Одбележувањето на 2 Август без масовни собири на граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-odbelezuvanjeto-na-2-avgust-bez-masovni-sobiri-na-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-odbelezuvanjeto-na-2-avgust-bez-masovni-sobiri-na-gragjani/#respond Fri, 24 Jul 2020 10:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=380771

Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата во координација со претседателот на државата и законодавниот дом за сите настани коишто традиционално се организираат по повод големиот празник, подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести. Тие услови оваа година, заради пандемијата со Ковид-19, ги опфаќаат бројот на учесниците, здравствено-безбедносната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита. За исполнување на препораките од протоколот оваа година содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања, но без традиционалната културно-уметничка програма и без масовни народни собири на граѓани на отворено и во угостителските објекти. Во овие услови, оваа година, свеченостите по повод 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) 2020 со кои ќе бидат одбележани 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, ќе бидат со следниот распоред: - Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце; - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги предводи настаните во Крушево, на Мечкин Kамен; - Претседателот на Владата Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста во Скопје. И оваа година, како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) од Пелинце, Крушево и Скопје ќе ја пренесува во живо Националната радио-телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-odbelezuvanjeto-na-2-avgust-bez-masovni-sobiri-na-gragjani/feed/ 0
Шведска: Со пилешки измет против масовни собири https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-pileshki-izmet-protiv-masovni-sobiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-pileshki-izmet-protiv-masovni-sobiri/#respond Thu, 30 Apr 2020 08:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=339760

Шведскиот град Лунд одлучи да распореди пилешко ѓубриво во Централниот парк во тој град за да спречи собири на луѓе за време на традиционалната Валпуршка ноќ, прослава што се одбележува низ цела Скандинавија. На овие прослави обично се собираат многу луѓе, но оваа година властите сакаат да го спречат тоа поради епидемијата на вирусот Ковид-19. – Лунд може да стане жариште на коронавирусот во последната вечер во април… Затоа ставивме тони ѓубрива во паркот. Со тоа ќе се наѓубрат тревниците, а миризбата ќе ги спречи масовните собири, рече Густав Лундблад – претседател на околниот Одбор за заштита на животната средина. Прославата Валпуршка ноќ потекнува од паганските празници во минатото. Популарното, иако – неофицијално, славење може да привлече 30.000 луѓе од цела Шведска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-pileshki-izmet-protiv-masovni-sobiri/feed/ 0