масовно убиство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 07:40:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png масовно убиство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осомничените за масовното убиство во американската држава Мејн во бегство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-za-masovnoto-ubistvo-vo-amerikanskata-drzhava-mejn-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-za-masovnoto-ubistvo-vo-amerikanskata-drzhava-mejn-vo-begstvo/#respond Thu, 26 Oct 2023 07:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=893242

отици полицајци денеска го пребаруваат градот Левистон и околните области во американската сојузна држава Мејн, во потрага по маж осомничен дека убил меѓу 16 и 22 лица и ранил десетици од нив на две локации во средата, јавија американските медиуми. Властите објавија дека има повеќе жртви, но засега не даваат конкретни бројки. Полицијата го идентификуваше осомничениот за пукањето како Роберт Р. Кард (40), откако претходно објави фотографии на Фејсбук од човекот кој држи нешто што изгледаше како полуавтоматска пушка. На прес-конференција синоќа, комесарот за јавна безбедност на Мејн рече дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, но полициски извор за Фокс њуз изјави дека 22 лица загинале. Во средата вечерта, полицијата во Лустон го идентификуваше Роберт Р. Кард од Боудоин, Мејн, како „лице од безбедносен интерес“. Според полицијата, Кард е инструктор за стрелање. Дел од американските медиуми објавија дека тој е и припадник на резервниот состав на американската армија. Тој исто така се заканувал дека ќе пука во база на Националната гарда. Надлежните соопштија дека се работи за лице за кое има сомневање дека е „вооружено и опасно“. Полициската управа во Левистон претходно објави три фотографии од осомничениот на кои се гледа нешто што изгледа како полуавтоматска пушка, заедно со фотографија од бел теренец и побара помош од јавноста за идентификување на осомничениот. Кард, наводно, неодамна имал психички проблеми поради што бил во болница ова лето. Од полицијата потврдија дека инцидентите се случиле на две локации, во ресторан и во куглана. Тие два објекти се оддалечени околу 6,5 километри. Во 20 часот, полицијата на Мејн на Фејсбук објави дека имало пукање во Левистон, град со 36.000 жители, околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во американската сојузна држава. Од локалната болница соопштија дека во тек е интервенција поради „голем број жртви во масовен напад“ и дека не можат да дадат информации за бројот на жртвите. Гувернерката на Мејн, Џенет Милс на платформата Твитер објави дека била известена за инцидентот и ги повика жителите да ги следат полициските упатства. Јавните училишта во Левистон објавија дека наставата денеска е откажана поради инцидентот. Американскиот претседател Џо Бајден е информиран за инцидентот и ќе продолжи да биде информиран, изјави официјален Вашингтон. „Бајден телефонски разговараше со гувернерката Милс, сенаторите Ангус Кинг и Сузан Колинс и конгресменот Џаред Голден за пукањето во Левистон и понуди целосна федерална поддршка по нападот“, соопшти Белата куќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-za-masovnoto-ubistvo-vo-amerikanskata-drzhava-mejn-vo-begstvo/feed/ 0
Родители и две деца пронајдени мртви во куќа во Тексас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roditeli-i-dve-detsa-pronajdeni-mrtvi-vo-kuka-vo-teksas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roditeli-i-dve-detsa-pronajdeni-mrtvi-vo-kuka-vo-teksas/#respond Wed, 30 Aug 2023 06:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=872265

Локалната полиција пронашла четири тела во дом во Ален, Северен Тексас, а според извештајот на истражителот, се работи за очигледен случај на убиство и самоубиство. Полицијата пристигнала на адресата околу 08:45 часот по локално време за да провери, откако еден од соседите повикал полиција бидејќи членовите на семејството не ја отворале вратата. Полицајците влегле во куќата и пронашле четири тела, нагласувајќи дека причина за смртта очигледно било убиство и самоубиство. Некои американски медиуми јавија дека полицијата пронашла тела на цело семејство – мајка татко и две деца на возраст од две и 12 години. Исламската асоцијација на Ален, која првично ги идентификуваше четворицата членови на семејството, исто така соопшти дека четиригодишната ќерка на семејството се удавила пред три недели во базен. Полицискиот наредник на Ален, Џонатан Менес потврдил за некои медиуми дека давењето на девојчето „се смета за фактор“ за смртта на семејството. Градот Ален, со население од над 111.000 луѓе, се наоѓа на околу 40 километри северно од Далас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/roditeli-i-dve-detsa-pronajdeni-mrtvi-vo-kuka-vo-teksas/feed/ 0
Борел испрати порака за солидарност со Србија по уште едно масовно убиство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-isprati-poraka-za-solidarnost-so-srbija-po-ushte-edno-masovno-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-isprati-poraka-za-solidarnost-so-srbija-po-ushte-edno-masovno-ubistvo/#respond Fri, 05 May 2023 08:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=830844

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска по повод „уште едно масовно убиство во Србија каде беа убиени невини луѓе“ изјави дека „ЕУ е со Србија во овие тешки моменти“. „Уште едно масовно убиство во Србија каде беа убиени невини луѓе. Ова е шокантна и страшна трагедија - ја чувствуваме болката и стоиме со народот на Србија во овие тешки моменти. ЕУ е со Србија“, напиша Борел во пораката на Твитер. На крајот од пораката на англиски јазик, на српски пишува „ЕУ е со Србија“, како и во пораката со сочувство на шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре, испратена претходно денеска по повод оваа нова трагедија. Синоќа, недалеку од Младеновац, 21-годишен маж со автоматска пушка уби осум, а повреди 14 лица и утринава е уапсен по повеќечасовна потера. Во Србија денеска почна тридневна жалост по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога 13-годишен ученик во средата наутро уби осум ученици и еден обезбедувач, а повреди уште шест ученици и една наставничка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-isprati-poraka-za-solidarnost-so-srbija-po-ushte-edno-masovno-ubistvo/feed/ 0
Српската Влада донесе десет заклучоци по вчерашното масовно убиство во училиштето во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-deset-zakluchotsi-po-vcherashnoto-masovno-ubistvo-vo-uchilishteto-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-deset-zakluchotsi-po-vcherashnoto-masovno-ubistvo-vo-uchilishteto-vo-belgrad/#respond Thu, 04 May 2023 14:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=830592

Српската Влада донесе десет заклучоци по вчерашното масовно убиство во училиштето во Белград, кои вчера ги изнесе претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Првиот заклучок претставува двегодишен мораториум за издавање дозволи за чување и носење мало огнено оружје (овластувања за набавка на оружје, сертификати за оружје и сл.). Во рок од три месеци МВР ќе изврши ревизија на сите издадени дозволи за оружје. Министерството за внатрешни работи во рок од шест месеци ќе ги контролира лицата кои имаат дозволи за чување оружје, особено исполнувањето на законските услови за безбедно чување на оружјето и посебно на чување муниција. Во истиот период, МВР ќе прегледа и дали е соодветно спречен пристапот до оружје и муниција на малолетни и други неовластени лица, се наведува во соопштенеито на Владата. -Работата на сите стрелишта ќе биде предмет на контрола на МВР во следните три месеци. Потоа, во соработка со Министерството за правда, во рок од еден месец ќе се изготват прописи за условите и начинот на користење на стрелиштата, вклучително и забраната за пристап на малолетници, се наведува во соопштението. Министерството за правда, во рамките на постојната Работна група за измена на Кривичниот законик, ќе подготви измени на законот со кои ќе се пропише кривична одговорност за лицата кои овозможуваат малолетници и други неовластени лица да поседуваат огнено оружје и кои обучуваат малолетници и други неовластени лица да ракуваат со огнено оружје . -Министерството за правда, исто така, во рамките на постоечката Работна група за изменување и дополнување на Кривичниот законик, ќе ја разгледа можноста за измена на Кривичниот законик со цел намалување на старосната граница за кривична одговорност на малолетниците од 14 на 12 години, притоа почитувајќи ги меѓународните и европските стандарди, се наведува во соопштението. Министерството за правда и Министерството за информации и телекомуникации во рок од еден месец ќе ја разгледаат можноста за заострување на санкциите за непочитување на пропишаните обврски на давателите на медиумски услуги, вклучително и интернетот и другите електронски платформи, како и социјалните мрежи, во однос на забраната за програмски содржини кои нагласуваат и поддржуваат насилство, криминално и друго незаконско однесување, емитување сцени на брутално насилство и други содржини кои можат сериозно да му наштетат на физичкиот, менталниот или моралниот развој на малолетниците. Во рок од еден месец Министерството за образование и Министерството за здравство ќе подготват прописи со кои ќе се овозможи воведување задолжителни тестови за дрога во средните и во основните училишта за учениците од седмо и осмо одделение. Владата во рок од десет дена ќе формира Совет за спречување врсничко насилство, кој меѓу другото ќе обезбеди организирање на мобилни тимови за врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби (образовни и здравствени установи, полиција), кој итно би реагирал на случаите на врсничко насилство и во консултација со синдикатите на воспитно-образовните работници и здруженијата на родители на ученици, ќе ја разгледа целесообразноста да се донесе мерка за забрана за употреба на мобилни телефони во училиштата. Владата, исто така, во рок од десет дена ќе формира работна група за безбедност на децата на Интернет, која ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана на пристап до веб-страниците (DarkNet и слично), кои содржат совети како да се изврши убиство, стекнување дрога или огнено оружје. Членовите на Владата донесоа одлука да се прогласи ден на жалост на територијата на Република Србија, со што за денови на жалост се прогласени 5, 6 и 7 мај 2023 година, се наведува во денешнотот соопштение на српската Влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-donese-deset-zakluchotsi-po-vcherashnoto-masovno-ubistvo-vo-uchilishteto-vo-belgrad/feed/ 0
Бројот на убиени во нападот во Керч порасна на 20, од кои 11 се малолетни – прогласена 3 дневна жалост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-ubieni-vo-napadot-vo-kerch-porasna-na-20-od-koi-11-se-maloletni-proglasena-3-dnevna-zalost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-ubieni-vo-napadot-vo-kerch-porasna-na-20-od-koi-11-se-maloletni-proglasena-3-dnevna-zalost/#respond Thu, 18 Oct 2018 06:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=116537

Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова. – Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа. Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен степен на повреди“. Како извршител на нападот е идентификуван Владислав Росљаков(18). Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не тероризам како првично што се сомневаа. На Крим е прогласена тридневна жалост. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-ubieni-vo-napadot-vo-kerch-porasna-na-20-od-koi-11-se-maloletni-proglasena-3-dnevna-zalost/feed/ 0