мастика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 13:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мастика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СТОМАТОЛОГ ОБЈАСНИ КОЛКУ ДОЛГО СМЕЕТЕ ДА ЏВАКАТЕ ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ: На оваа група на луѓе им е дури и ЗАБРАНЕТА https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolog-objasni-kolku-dolgo-smeete-da-dhvakate-guma-za-dhvakane-na-ovaa-grupa-na-luge-im-e-duri-i-zabraneta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolog-objasni-kolku-dolgo-smeete-da-dhvakate-guma-za-dhvakane-na-ovaa-grupa-na-luge-im-e-duri-i-zabraneta/#respond Thu, 06 Jul 2023 13:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853615

Многумина не би претпоставиле дека „премногу долго“ се однесува на време кое надминува 15 минути Гумите за џвакање се џвакаат веќе илјадници години, иако порано биле многу различни од она што се денес. Гумата за џвакање без шеќер може да го намали ризикот од расипување на забите и да помогне во зајакнувањето на мускулите на лицето, но предолгото џвакање може да биде штетно. Сепак, многумина не би претпоставиле дека „премногу долго“ се однесува на време кое надминува 15 минути. Според стоматологот д-р Калед Касем, смеете да џвакате една гума за џвакање најмногу 15 минути. „Џвакањето предизвикува чистење на преостанатите парчиња храна и елиминирање на киселоста“. Ова ја намалува можноста за расипување на забите. Меѓутоа, ако долго џвакаме гума за џвакање, минералите почнуваат да се трошат. Ова се нарекува деминерализација. Забите се подложни на кариес“, објасни д-р Касем. Според стоматолозите, гумата за џвакање може да ја влоши состојбата што ги зафаќа темпоромандибуларните или виличните зглобови, кои ја поврзуваат долната вилица со черепот. Тие го контролираат џвакањето, зборувањето, зевањето и голтањето. „Гумата за џвакање не може да предизвика проблем со темпоромандибуларните зглобови, но може да ги влоши постоечките проблеми со нив. Затоа не се препорачува за луѓе кои имаат вакви проблеми“, предупреди стоматологот. Симптомите на нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб вклучуваат болка во лицето, болка во вилицата или увото, главоболки, болка и притисок зад очите, пуцкање при отворање или затворање на устата, повремено испаѓање на долната вилица од лежиштето, болна осетливост на мускулите на вилицата, проблеми со џвакање или гризење, оток на лицето, ненадејна промена на загризот. Стоматологот ги советува луѓето да избираат гуми за џвакање без шеќер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolog-objasni-kolku-dolgo-smeete-da-dhvakate-guma-za-dhvakane-na-ovaa-grupa-na-luge-im-e-duri-i-zabraneta/feed/ 0
Мастиките без шеќер спречуваат предвремено породување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mastikite-bez-shekjer-sprechuvaat-predvremeno-poroduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mastikite-bez-shekjer-sprechuvaat-predvremeno-poroduvanje/#respond Thu, 17 Feb 2022 08:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=632499

Гумите за џвакање без шеќер ја намалуваат опасноста од предвременото породување. Истражувањата се спроведени меѓу бремени жени во африканската држава Малави, пренесува БГНЕС. Инспирирани е од претходни научни трудови кои покажаа врска меѓу лошото орално здравје и предвременото породување, испитувањата потврдија дека состојката ксилитол – хемикалија којашто е корисна замена за шеќер – благопријатно влјае на усната шуплина,. Кај трудниците кои џвакале гуми за џвакање имало помала веројатност од пародонтални заболувања – состојба во која ткивото околу забите се инфицира и воспалува, отколку оние кои не џвакале мастики. Наодите се прилично охрабрувачки, според Ким Богес, специјалист по мајчина и фетална медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил, САД. – Истражувачите пристапуваат кон многу сложен проблем во област со поретки ресурси обидувајќи се да користат нискотехнолошка, лесно применлива интервенција. Ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се увиди дали ова може да се примени и во други услови, рече д-р Богес. Испитувањата кои ја проучуваат пародонталната болест со предвременото раѓање датираат од пред неколку десетлетија. Кај пародонталните заболувања доаѓа до промена на составот на бактериите во усната шуплина и се верува дека тоа предизвикува воспаление и го оштетува ткивото на непцата. Оттука, бактериите одат во крвотокот, па до други органи, на пр. плацентата, што доведува до предвремено раѓање. Гумите за џвакање кај трудниците и влијанијата врз фетусот сè уште се предмет на истражувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mastikite-bez-shekjer-sprechuvaat-predvremeno-poroduvanje/feed/ 0