Математичко-информатичка гимназија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Jun 2020 05:26:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Математичко-информатичка гимназија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приемен испит за новата Математичко-информатичка гимназија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priemen-ispit-za-novata-matematichko-informatichka-gimnazija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priemen-ispit-za-novata-matematichko-informatichka-gimnazija/#respond Tue, 02 Jun 2020 05:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=352562

Приемен испит за ученици кои се заинтересирани да се запишат во новото училиште – Математичко-информатичка гимназија ќе се организира денеска и во четврток, со писмено проверување на нивното знаење по предметите математика (2 јуни) и физика (4 јуни). Испитите ќе траат по 120 минути и ќе се одржат во просториите на средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје. Од учебната 2020/2021 таму ќе бидат сместени двете паралелки (по 34 ученици на македонски и на албански наставен јазик) на новата гимназија за средношколци кои се талентирани по овие предмети и која беше најавувана неколку години. Бројот на заинтересирани не е голем, така што и нема одложување на приемниот испит со тестирањата по двата предмета на 2 и 4 јуни. Но по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата и за овој испит усвои протокол како да се спроведе, исто како што се усвоени и протоколи за запишувањето на првачињата, за уписот на средношколците во јунскиот рок во втората половина на месецов и за полагањето испити на факултетите во јунската сесија. Според протоколот, во средното училиште „Здравко Цветковски” треба да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови и задолжително да се дезинфицираат клупите во просториите каде што учениците ќе полагаат. Задолжително е носење заштитна маска и да има физичко растојание меѓу учениците од најмалку два метра. Во една училница може да присуствуваат најмногу 10 ученици, а на нивните родители не им е дозволен влез во училиштето. Приемниот испит се состои од полагање тестови согласно со наставните програми по математика од VI до IX одделение и наставните програми по физика за VIII и IX одделение. Потврдата со бројот на освоени бодови од приемниот испит учениците ќе ја достават при запишување во Математичко-информатичка гимназија во јунскиот уписен рок, во термините за пријавувања содржани во Конкурсот за прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година. Учениците кои сакаат да се запишат во оваа гимназија треба да имаат и општ успех од најмалку 4.5 од шесто до деветто одделение и оценка 5 по наставните предмети математика (од шесто до деветто одделение) и физика (од осмо и деветто одделение). Информации за начинот на пријавување и роковите, како и за тестирањето по предметите се содржани во јавниот повик што го објави Министерството за образование и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priemen-ispit-za-novata-matematichko-informatichka-gimnazija/feed/ 0